Македонија
Во текот на ноќта немаше земјотреси, само едно училиште делумно затворено
Во текот на ноќта, од понеделник кон вторник и утрово, не се регистрирани земјотреси, кои би ги вознемириле скопјани, како последниве два дена.
Сепак, повеќе граѓани одлучија ноќта да ја минат под отворено небо, стравувајќи од нови потреси.Последниот посилен потрес, кој ги вознемири граѓаните беше оној што се случи во 19.53 часот во понеделник, со јачина од четири Рихтерови степени и со епицентар на пет километри од Радишани.Тоа беше втор по јачина земјотрес по неделниот, кој беше со јачина од 5,3 рихтерови а по кој имаше серија од десетина земјотреси.Сеизмолозите велат дека станува збор за афтершокови и оти никој не може да предвиди дали и кога ќе се случи друг земјотрес.Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија Скопје по препорака на Управувачкиот комитет за справување со кризи, ги посети училиштата за да ја провери состојбата во нив, по земјотресите кои ги потресоа скопјани.Досега само за основното училиште „11 Октомври“ има забрана за користење на две училници, поради опасност за изведување настава.Состојбата на училиштата воедно ќе биде главна тема на вечерашниот состанок на Управувачкиот комитет.Од неделата, до сега во Македонија се почувствувани 16 земјотреси, според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.Првиот од низата беше регистриран во неделата во 7 часот со јачина од 4,4 степени според Рихтер. Најсилниот пак е регистриран истиот ден во 15.10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.Вчеравечер во Скопје и околината беа почувствувани два последователни земјотреса во 19.53 часот – првиот со магнитуда од 2,4, а вториот од 4 степени според Рихтеровата скала.Претходно во текот на денот, два потреси беа регистрирани во 11.50 и 14.19 часот со магнитуди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала.Сите потреси се во скопското епицентрално подрачје.Потресите предизвикаа помали материјални штети, имаше паднати оџаци и малтер, помали пукнатини. Градскиот штаб за заштита и спасување до вчера регистрирал оштетувања на 40 објекти. Претходно од ЦУК соопштија дека до вчера се пристигнати 300 пријави за штети од земјотресите.Лекарска помош за помали повреди и скршеници побарале стотина граѓани, кои според здравствените работници се настанати поради паничното бегање, а не во самиот потрес./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

