Македонија
Во угостителски објект откриен алкохол со сомнително потекло

Инспекциските служби на Управата за јавни приходи открија алкохол со сомнително потекло, без бандероли, којшто се служел на гостите.
Од Управата не соопштуваат за кој угостителски објект се работи и во кој град. Повикани се мобилните царински служби за понатамошно постапување и преземање на мерки.
Во рамките на засилените контроли на даночниците кои се спроведуваат редовно во екот на летната сезона, во два малопродажни објекти во Битола откриени се неправилности во финансиското работење, односно неевидентирање на прометот во готово и не неиздавање на фискални сметки, поради што изречена им е парична глоба и мерка времена забрана за вршење на дејност од 15 дена.
„Во наредниот период, УЈП особено ќе се фокусира на проверка на работењето на деловни објекти во туристичките центри, со цел превенција од појава на финансиски малверзации и од потенцијален даночен ризик кај определени дејности кои се особено активни во овој период од годината“, соопштуваат од УЈП./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајка го затвори патниот правец Дебар-Струга

Сообраќајот на патниот правец Дебар – Струга е во прекин во двата правци поради сообраќајна несреќа.
Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот е во прекин од 14.30 часот.
Македонија
Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе во црквата „Св. Спас“ по повод 122-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, но и на својот фејсбук профил искажа почит кон македонскиот револуционер.
Како што наведува Сиљановска Давкова, Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина.
-Со длабока почит, по повод 122-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, положив свежо цвеќе на неговиот вечен дом во дворот на црквата „Св. Спас“.
Денот на смртта на најмаркантната и најсветлата фигура на македонското револуционерно национално дело, втемелувачот на македонскиот републиканизам, апостолот на ВМРО, учителот Гоце Делчев, нè потсетува на жртвата којашто нашите предци ја дале за македонскиот народ да живее во сопствена држава за да може културно да се натпреварува со другите народи. Тој не случајно почива тука, во дворот на прекрасната црква „Св. Спас“, на македонска почва и под македонското небо, туку по сопствен аманет да биде закопан во независната македонска држава. Гоце Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина, пишува претседателката.
Македонија
Инвестиција од неколку десетици милиони евра и над 200 вработени најави Мицкоски

Нова инвестиција од неколку десетици милиони евра и над 200 вработени, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави, стартот на инвестиција се очекува за една до две недели.
Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев, Мицкоски повтори дека една од примарните цели на Владата е номиналниот БДП да биде над 20 милијарди долари или 10.500 долари по глава на жител, како и намалување на јавниот и државниот долг под 50, односно 40 проценти.
-Минатата година ја завршивме со историски рекорд кога станува збор за странските инвестиции, една милијарда и 255 милиони евра. Само во последниот квартал е повеќе од 400 милиони евра. Како ќе биде годинава, ги чекаме податоците од првиот квартал. Се надевам дека ќе биде подеднакво успешна. Можам да најавам дека за недела – две од денеска почнуваме со нова инвестиција од неколку десетици милиони евра и повеќе од 200 вработени, која ќе учествува значително во БДП, рече премиерот.