Македонија
Во вторникот издадени потврди на 2.283 мигранти

Во вторникот од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 2.283 странски државјани, од кои 969 се од машки пол, 477 се од женски, 827 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патува без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 980, Авганистан – 827 и Ирак – 476.
Во периодот од 19-ти јуни до 22-ри декември, издадени се потврди на вкупно 359.996 странски државјани, од кои, 197.430 се од машки пол, 59.924 се од женски, 84.614 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.028 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-203.225 потоа Авганистан-88.575, Ирак-46.755, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22-ри декември, до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 22-ри декември евидентирани се вкупно 43 баратели на азил од кои 27 мажи, три жени, единаесет деца со придружба на старател и двајца малолетници без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил (три мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и две малолетни лица со придружба на старател) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 23 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Вренето во наредните денови
Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Македонија
Делови од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Божидар Рајковиќ. (Општина Аеродром)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Крчин. (Општина Карпош)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 4. (Општина Карпош)
Македонија
Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

Изборот кој не враќа назад е веќе виден на централно ниво. Имаа седум години можност да покажат и докажат дека навистина се борат за нивниот дом, т.е нашиот заеднички дом, нашата татковина Македонија. Но видовме дека тие се борат само за нивните хациенди на Халкидики, во Дубаи и скапите јахти коишто ги возат за време на летото по Егејското крајбрежје. Тоа е за нив поимањето на терминот „се бориме за нашиот дом“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Лозово во рамките на кампањата под слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори закажани за во недела на 19 октомври.
Мицкоски порача дека токму затоа е убеден дека нема друга алтернатива ниту за Македонија, ниту пак за Лозово, како составен дел од државата, а тоа сегашниот и идниот градоначалник, Бошко Цветковски и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Мицкоски се осврна на трите суштински ветувања во измината изборна кампања ан ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори кои се исполнија до сега во овие 15 месеци власт, како линеарното покачување на пензиите не само за 5000 денари, туку до март истите ќе се покачат за вкупно 7000 денари за сите пензионери, како 500 милиони денари од владата за општини за реализација на капитални проекти кои го подобруваат животот на граѓаните.
„Третото суштинско ветување беше дека онаа политичка партија, нереформирана, партија којашто во своето раководство има луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал, а тоа е партијата која ја предводи Али Ахмети, ДУИ дека нема да биде дел од владата и дека ќе биде опозиција. Како што може да видите тие веќе 15 месеци се во опозиција и вака нереформирани, како што се денес, мислам дека уште долго време ќе бидат во опозиција“, истакна Мицкоски.
Додаде дека и покрај сите предизвици коишто ВМРО-ДПМНЕ ги имаше при преземањето на власта од првиот ден па се до денес, при што беа затечени проблеми за коишто се знаеше дека најголем дел од нив постојат, но со влезот во институциите следеше непријатно изненадување дека државата е речиси пред банкрот, а институциите и темелите на државата беа комплетно разрушени.
„Но, не очајуваме, туку ги засукаме ракавите и почнавме да работиме. А тоа е впрочем она коешто ние го ветувавме за време на кампањата во 2024 година, каде што ветивме многу работа, чесна и напорна“, рече Мицкоски.
Затоа Мицкоски повика масовно да се излезе на гласање и да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на бројот 9, за да продолжи работата и напредокот на државата.