Македонија
Во вторникот во Македонија влегле 2.455 мигранти

Во вторникот во Македонија издадени се потврди на вкупно 2.455 странски државјани, од кои 918 од машки и 554 од женски пол, како и на 981 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 939 државјани на Сирија, потоа на 827 државјани на Авганистан и на 689 државјани на Ирак.Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 72.873 странски државјани, од кои 29.478 се од машки пол, 15.787 се од женски и 27.464 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 144 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба Сугарески-Бочварски

На денешната работна средба меѓу директорот на царинската управа Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и државниот секретар Митко Трајчулески се разговарало за активности кои се однесуваат на градежни проекти на царинската управа за изградба или реконструкција на граничните премини и градежни интервенции, информираат од кабинетот на Сугарески.
„Реализацијата на предвидените активности за осовременување на граничните премини ќе придонесат кон поголема функционалност, забрзан проток на сообраќајот и зголемен квалитет на услугите за вработените и патниците, како корисници на граничните премини“, истакна Сугарески.
Се разговарало и за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир и за набавка на нов национален едношалтерски систем, кои се дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот за Западен Балкан, финансиран со заем од Светска Банка, а се реализира преку проектната единица во рамките на Министерството за транспорт и врски, информираат надлежните.
Соговорниците на денешната средба утврдиле дека активно се работи на реализација на проектите, a динамиката при изведување на истите е задржана согласно предвидувањата.
„Царинската управа ќе продолжи интензивно да соработува со сите владини и државни институции кои се надлежни за протокот на стоки, добра и патници со цел олеснување на царинските процедури“, известуваат од оваа институција.
Македонија
Дел од Шар Планина ќе биде прогласен за национален парк

Триесет села на 62.705 хектари ќе влегуваат во заштитената зона на Шар Планина, која е на чекор да биде прогласена за национален парк. Владата на вчерашната седница го утврдила текстот на предлог-законот подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што Шара би станала заштитено подрачје од втора категорија.
Кога Собранието ќе го усвои законот, Владата ќе треба да оформи јавна установа, национален парк, во рок од 3 месеци, за што веќе се обезбедени средства од буџетот.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, информира дека додека трае постапката за донесување на законот, Владата донела одлука Шар Планина да биде под привремена заштита со цел да се спречи донесување нови концесии на територијата на подрачјето. Ова решение треба да биде изготвено во рок од 2 недели.
„Во однос на одлуките за градење мали хидроцентрали, кои се веќе поминати, дадовме рок од една година надлежните министри да преговараат со инвеститорите со цел тие да се повлечат од градење, но истовремено да не биде финансиски оштетена државата. Нови концесии нема да има, тоа е впрочем и идејата, да се спречи давањето нови концесии“, изјави Нуредини.
Иницијативата Шар Планина да биде прогласена за национален парк датира од 1994 година.
„Во текот на годините беа направени многу напори, но имаше и многу неуспешни обиди за да дојдеме до денешниот ден. Зацврстувањето на брендот на Шара ќе има национално, регионално и меѓународно значење, а ќе ги поттикне социо-економскиот развој, туризмот и органското производство“, рече Нуредини.
Македонија
Електронска адреса за пријавување на прекршување на правата на граѓаните за време на пописот

Народниот правобранител ги информира граѓаните дека активно ќе го следи процесот на спроведување на пописот, за целиот период на неговото времетраење од 1 март до 21 април.
За таа цел секој граѓанин кој смета дека му е прекршено некое право може да поднесе претставка по електронски пат на адресата [email protected]
Народниот правобранител по поднесената претставка ќе ја спроведе потребната постапка и за исходот ќе го информира подносителот.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер