Македонија
Вработена во Министерството за култура ветувала дека ќе вработи човек во МВР и зела 3.000 евра мито
Вработена во министерството за култура, лажно претставувајќи се дека е портпарол, и дека има врски со влијателни луѓе, зела 3.000 евра мито о дтаткото и сестрата на тој што наводно требала да го вработи во Министерството за внатрешни работи.
Основното јавно обвинителство во Велес спроведе истрага и до Основен суд – Велес поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Измама против Д.Н.К., вработена во Министерството за култура која во текот на постапката пред обвинителот себе си се претставувала како портпарол во Кабинетот на заменикот министер за култура.
Обвинетата се товари дека, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од 07.08.2016 до 03.09.2016 година во повеќе наврати ги довела во заблуда оштетените (татко и ќерка) лажно прикажувајќи им го фактот дека може да го вработи нивниот син, односно брат во МВР на огласот за прием на полицајци, кој бил во тек.
Притоа, таа се повикувала на блиски пријателски односи со влијателни луѓе од актуелната власт и МВР со што ги навела оштетените да и исплатат вкупен паричен износ од 183.500 денари и тоа етапно, како што течеле активностите околу конкурсот за вработување.
Три дена по последната уплата, оштетените добиле известување од обвинетата по телефон и пристапиле во Центарот за обука во Идризово заради потпишување на договорот за вработување, но им било кажано дека не е организирано потпишување на договори и дека нивниот син, односно брат воопшто не е примен на огласот за обука на полицајци.
Во текот на истрагата беа испитани оштетените лица и сведоци, а беа прибрани и повеќе материјални докази во поткрепа на Обвинителниот предлог.
Министерството за култура, попладнево достави писмено известување до Основното јавно обвинителство – Велес, со кое информираше дека обвинетата Д.Н.К. е вработена во Министерството за култура, но не е ниту портпарол, ниту воопшто е распределена на работно место во Кабинетот на заменикот министер за култура. Обвинетата во текот на целата постапка пред надлежен јавен обвинител се претставува како вработена на работно место портпарол во Кабинетот на заменикот министер за култура./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

