Македонија
Вработени вкупно 323 волонтери во Градската болница „8-ми Септември“

Вкупно 323 волонтери од Градската општа болница „8 Септември“ во недела добија решенија за редовно вработување. Освен на лекари и медицински сестри, статусот им е решен и на лаборанти, физиотерапевти, болничари и хигиеничари.
Решенијата опфаќаат три групи волонтери – во првата се вкупно 113 и ним редовниот работен однос ќе им почне од идниот понеделник, 20 јуни, во втората се уште толку, но тие стартуваат со договорите на 1 декември годинава, додека во третата се 97 и тие како редовно вработени почнуваат од 1 септември 2016 година, пренесува МИА.
„Изминатите години дадовте голем придонес во работата на Болницата. Како волонтери, со минимален финансиски надомест, а некои и со догови на дело, во состојба на финансиската несигурност и неизвесна иднина во кариерата, работевте вредно, истрајно и со голем ентузијазам. Сосема заслужено денеска добивате значајно признание за вашата посветеност“, истакна министерот за здравство Никола Тодоров./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.