Македонија
Вработените во кривичниот суд со допис се жалат на однесувањето на Владимир Панчевски
Со писмен допис испратен до Судскиот совет, Советот за утрвдување на факти и покренување на постапка за утврдуваење на одговорност на судии, како и до Врховнот суд, вработени во Основниот суд Скопје 1-Скопје рерагираат на однесувањето на претседателот на судот Владимир Панчевски.
Нарекувајќи го однесувањето на Панчевски монструрозно, вработените бараат повеќе да не се „маша“ претседателот на судот кој „го узурпира судот за лични цели и пресметки“.
Тие потенцираат дека Владимир Панчевски, непосредно пред изборот на судски администратор, на безмалку 150 вработени им изрекол дисциплински мерки за непочитување на работното време, односно за доцнење од една до две минути.
Вработените се жалат дека Панчевски им врши класичен мобинг, односно дека им се забранува комуникација и движење низ судот. Тие бараат од Судскиот совет, од Советот за утврдување на факти и од Врховниот суд да извршат увид во нивните досиеа, на Панчевски да му биде изречена санкција и да биде преиспитана постапката за избор на судски администратор./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

