Македонија
Вранишковски ќе оди на лекување во Русија
Расчинетиот владика на МПЦ-ОА и владика на самопрогласената Православна охридска архиепископија (ПОА) како дел Српската православна цврка, Зоран Вранишковски (владика Јован), по ослободувањето, се очекува наредните неколку денови да стигне на лекување во Русија.
Во соопштението на Српската православна црква во кое се вели дека и Српската и Руската православна црква го поздравуваат ослободувањето на Вранишковски се вели дека расчинетиот владика ќе оди во Русија на повика на рускиот патријарх Кирил и со благослов на српскиот патријарх Иринеј. „Прашањето за неговата здравствена состојба беше разгледување на братската средба на неговата светост рускиот патријарх Кирил и неговата светост српскиот патријарх Иринеј во Белград на 15-ти ноември 2014 година“, се вели во соопштението на СПЦ во кое пишува и за средбите на рускиот митрополит волоколамски Иларион.„Митрополитот Иларион се сретна и со архиепископот Стефан, поглаварот на Македонската православна црква којашто не комуницира со останатиот дел од Православието“, се вели во соопштението на СПЦ.Од Црквата на расчинетиот македонски владика соопштија дека Вранишковски им се заблагодарува на сите што придонеле за неговото предвремено ослободување и дека нема да дави изјави поради влошената здравствена состојба.„Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован се заблагодарува не сите што на кој и да е начин придонеле за неговото предвремено ослободување од затворот. Воедно, ја известуваме јавноста дека Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован нема да дава изјави за јавноста заради влошената здравствена состојба“ се вели во соопштението на ПОА.Вранишковски беше ослободен од затворот Идризово во вторникот попладне откако Апелациониот суд ја одби жалбата што ја поднесе обвинителството на решението Кривичниот суд за условниот отпуст на Вранишковски. Расчинетиот владика не треба да стори кривично дело до 23 март 2017 година./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.