Македонија
Вранишковски на Водици би можел да биде пуштен на слобода

Управата на скопскиот затвор Идризово побарала ослободување на Зоран Вранишковски, со образложение дека се ресоцијализирал и одлежал половина од затворската казна.
Решение за ослободување издал скопскиот Кривичен суд, кое, доколку ниту една страна не упати жалба, би станало правосилно на 19 јануари.
Ослободувањето на Вранишковски се случува во време кога сè позачестени се информациите за обновување на дијалогот меѓу Македонската православна црква-Охридска архиепископија(МПЦ-ОА) и Српската православна црква(СПЦ), околу статусот на МПЦ-ОА.
Неодамна во Македонија во посета беше и владиката на Руската православна црква Иларион, кој имаше средби со македонскиот политички, но и црковен врв, како и со Вранишковски.
Подоцна МПЦ-ОА побара милост за Вранишковски, но неговото име не се најде на списокот на помилувани лица од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, во сабота одговарајќи на новинарско прашање, рече дека одлуката за ослободување на Вранишковски е на судот, а не на Владата и дека тие ќе ја почитуваат судската одлука. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја утре дел од општината Студеничани

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектите лоцирани на депонијата Дрисла, како и корисниците лоцирани од влезот на село Батинци кон депонијата Дрисла, општина Студеничани.
Македонија
„Имаме најскапи патарини во регионот, а ужасни патишта: пратениците да гласаат за нашиот предлог за 50 % поевтини патарини“, бара партијата Левица

„На 19 март, во Собранието ќе се гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, кој предвидува намалување на патарините за 50% и нивно законско регулирање, со што Владата повеќе нема да може произволно да ги зголемува цените и бројот на патарините“, велат од партијата Левица.
„Македонија има највисоки цени за патарини во регионот, а квалитетот на патиштата останува на незавидно ниво. Наместо модерна и безбедна патна инфраструктура, граѓаните секојдневно се соочуваат со неодржувани и неосветлени патишта полни со кратери, несоодветна сигнализација и небезбедни услови за возење. Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) на годишно ниво генерира огромни приходи кои треба да се користат за подобрување на инфраструктурата, но реалноста покажува дека тие средства не се трошат соодветно, па имаме опасни патишта кои убиваат.
Особено во време на висока инфлација и драстично намален животен стандард, дополнителниот товар од високите патарини претставува неправеден финансиски притисок врз граѓаните. Овој предлог-закон е разумно решение кое ги штити интересите на народот и овозможува транспарентност во начинот на определување на цените за користење на јавните патишта.
Инаку, ваков предлог-закон Левица предложи и во минатиот мандат, во 2022 година. Тогаш пратениците од ДПМНЕ го поддржаа предлогот, а владејачкото мнозинство составено од СДСМ и ДУИ го одбија.
Ги повикуваме пратениците во среда, 19 март, да покажат демократска одговорност и да го поддржат ова законско решение. Пратениците од ДПМНЕ мораат да се вразумат и да престанат со нивната заслепеност од ароганција. Предлогот е поднесен од пратеничката група на Левица која зад себе има легитимитет од околу 70.000 граѓани, а барањето за поевтини патарини и крај на ваквиот грабеж е оправдано барање на народот“, соопштуваат од партијата Левица.
Македонија
СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта, до кога ќе молчи Јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ?
„Случаите со милионските зделки на општините и институциите под нивна контрола, како и договорите склучени само со едни исти омилени форми, кои најчесто ги добиваат тендерите и се јавуваат како единствени понудувачи е основен сомнеж за корупција. СДСМ објави документи и факти дека една фирма, преку неколку општини и институции во последните 3 години има добиено тендери вредни над 4,5 милиони евра“, велат од партијата и додаваат:
„Претходно објавивме документи и факти за друга фирма омилена на власта, која во четири години добила 50 тина тендери вредни 10 милиони евра, речиси сите од општини под контрола на ДПМНЕ. Како е можно едни исти фирми да бидат победнци на толку многу тендери во општини и институции кои ги води ДПМНЕ?“
СДСМ бара итна реакција од надлежните органи.
„ЈО мора да постапи, а јавноста заслужува одговори – кој профитира од овие сомнителни тендери?“, завршуваат од СДСМ.