Македонија
Врховниот суд на јубилејот ќе го одбележи Денот на правосудството

Врховниот суд на Македонија на 31 март по повод седумдесетгодишниот јубилеј од неговото конституирање ќе го одбележи Денот на правосудството.
На настанот се очекува Претседателот на Врховниот суд, Лидија Неделкова да го промовира издавањето на Збирката на судски одлуки 2004-2014 на Врховниот суд на Република Македонија, додека Здружението на судиите на Република Македонија ќе го промовира Кодексот за судиска етика на судиите во Република Македонија донесен од Собранието на Здружението на 20 јуни минатата година.Настанот е најавен за на 31 март, во вторник во 11.30 часот во големата сала на Врховниот суд на Република Македонија./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Рекордна потрошувачка на вода во Скопје, неконтролирано се вадат бавчи и перат автомобили, велат од Водовод

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатира енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови.
Конкретно на ден 23 јуни, дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител.
Потрошувачката е предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени. Воедно апелираат до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата.
„Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk“, велат од Водовод.
Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.
Македонија
Костадиновски на средба со Мартин Памер за предизвиците со кои се соочува Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија.
Костадиновски го информираше амбасадорот Памер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд и го запозна со приоритетите во неговиот мандат.
На средбата беше изразено заедничко задоволство од унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови за што претседателот Костадиновски предаде покана за претседателот на Уставниот суд на Австрија, Кристоф Грабенвартер.
Амбасадорот Памер истакна дека ќе се заложи за воспоставување на билатерална соработка меѓу двата суда, нагласувајќи дека високо ја цени посветеноста на Уставниот суд на Република Северна Македонија кој има круцијална улога во обезбедување на владеењето на правото и правната држава.
Македонија
„Рекордни 20 милиони евра директна поддршка за македонскиот спорт, 500 стипендии за млади талентирани спортисти, развој на спортската инфраструктура“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„По седум години целосно запоставен, спортот се враќа во приоритетите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Не беше лесно да се санира целата штета и пустош кој СДС го оставија во македонскиот спорт, но со многу труд и посветена работа, за една година се поставија и почнаа да се градат темелите и во спортот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За подобрување на условите за развој на спортот, Министерството за спорт отпочна и реализираше многу проекти, меѓу кои:
– Комплетно реконструирана спортска сала во Радовиш;
– Изградена нова атлетска патека во Гевгелија;
– Реконструирана спортска сала во Ново Село;
– Изградба на нова спортска сала во склоп на Воената Академија во општина Аеродром во Скопје;
– Реконструирани 15 мултифункционални игралишта во повеќе градови во државата.
– Отпочната комплетна реконструкција на спортската сала „Расадник“ во Скопје (реконструкцијата е во тек и треба да биде комплетно завршена во октомври годинава).
Со цел подигнување на македонскиот спорт на повисоко ниво и создавање услови секое дете да може да спортува и да има пристап до спортски содржини, фокусот се стави во изградба и реконструкција на спортската инфраструктура.
Токму затоа, за една година изградени се 15 спортски центри низ цела Македонија, како во Кавадарци, спортски центар во Средното техничко училиште, во Неготино и Прилеп фудбалски терен и голема трибина.
Во Тетово се изгради спортски центар во Медицинското училиште „Никола Стеин“, две монтажни трибини со сертификат за меѓународни натпревари на игралиштето на ФК Тетекс, како и мултифункционално игралиште Ајдучко Маало.
Се градеше и во Брвеница, спортски центар со фудбалски терен, голема трибина и кошаркарско игралиште, во Кочани фудбалски терен и голема трибина, во Кратово фудбалски терен, голема трибина, одбојкарско игралиште и фитнес зона.
Спортски центар во склоп на поранешниот Дом на АРМ се изгради во Кичево, спортски центар со фудбалско, кошаркарско игралиште и фитнес зона во Свети Николе и во Пониква се реконструираше спортскиот комплекс во полициското одморалиште.
Додека во Скопје во Општина Гази Баба се изгради монтажна трибина со сертификат за меѓународни натпревари во склоп на Академијата Вардар, во Општина Центар фудбалски терен со трибина, кошаркарско игралиште, детско игралиште и фитнес зона, а во Општина Кисела Вода, повеќенаменски спортски терен со голема трибина.
Се откочи проектот за изградба на пет базени, од кои два во Скопје, во Кисела Вода и Ѓорче Петров, и по еден во Кичево, Битола и Штип кои во рок од 11 месеци ќе бидат завршени и до крајот на летото пуштени во употреба.
Директно од Владата беше поддржан македонскиот спорт со рекордни 20 милиони евра, средства кои беа исплатени директно на спортистите и на спортските субјекти.
Се доделија национални признанија на 22 врвни македонски спортисти од екипните спортови и 500 стипендии „Спортска надеж“ наменети за млади талентирани спортисти“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.