Македонија
Забранета емисијата на Миленко Неделковски, „Вистината за Макпетрол“
Во текот на вчерашниот ден, Миленко Неделковски, на својата фан страна на социјалната мрежа Фејсбук, објави пост, со видео од нова емисија во склоп на своето шоу, насловена како „Вистината за Макпетрол, Оилко и Андреја Јосифовски“.
Премиерата на оваа емисија не беше емитувана на ТВ. Дали поради некоја причина на некого не му одговарало оваа емисија да биде емитувана пред македонската јавност? Утрово, Неделковски преку својата фан страна, повторно се обрати кон своите фанови со информација дека во текот на ноќта се случил обид видеото да биде отстрането, со цел спречување на негово ширење и прегледување на YouTube. Тој во својот нов пост напишал: Бидејки во последните 12 саати имаше десетици обиди да биде симната емисијата од мојот Јутјуб канал, бидејки имаше обиди за бришење и уништување на материјалот, соопштувам дека на крајот НЕ УСПЕАЈА.За сите илјадници луѓе што не ме оставија да спијам синојка и да бидам раат утрово, ова е инфото.Еве ја целата емисија:https://youtu.be/cOIHEA2OpzQ
Фамата околу Макпетрол не стивнува Преземањето на најголемата компанија за нафта во Македонија, Макпетрол, од страна на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, за кое што инвеститорите се во исчекување на одговор од КХВ за издавањето на дозволата, е сè поактуелна тема, која најмногу ги интересира акционерите и вработените во оваа компанија. Откако беше јавно објавена намерата на БПХЛ да ја преземе компанијата, македонската јавност е преплавена со безброј информации и напади упатени кон БПХЛ, со седиште во Лондон, со обвинувања дека истата е оф-шор компанија, со бизнисмени кои биле поврзани со сомнителни зделки и слично. Дополнително се појавија и нови информации кои го поврзуваат првиот човек на Макпетрол со компанијата Petroimpex (Overseas) Limited, која според добиени информации била формирана пред повеќе од 20 години во период кога Кипар сè уште била оф-шор дестинација, со бизнис партнерот, Милан Сотивовски, кои делеле по 25% учество заедно со Макпетрол со 50% учество, нешто за кое според информациите акционерите воопшто не биле запознаети. Оваа компанија била затворена во 2013, три години откако во Кипар се носи нов закон и правила дека земјата повеќе не претставува оф-шор дестинација и е во рамките на ЕУ./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

