Македонија
Заев: Да не им падне на памет да ми го плашат народот
„Барам поддршка да му покажеме на светот дека оваа земја може да оди рамо до рамо со целиот развиен западен свет, затоа што можеме да работиме достоинствено и достоинствено да сработиме, се работи за нашата Македонија“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Куманово.
Повторно вети просечна плата од 30.000 денари, поврат на ДДВ од 15%, вети горди работници со работнички права, со силни синдикати, вети достоинствени пензионери коишто никогаш повеќе никој нема да ги лаже. Вети поддршка на лицата со попреченост, на самохраните мајки. Ветувам поддршка на социјално загрозените и угнетените. Вети поддршка на враќање на парите назад кон граѓаните.
„До сите тие коишто сеуште се неопределени, до сите тие што молчат, а слушнале, а виделе, а разбрале, а разбраа сите во Македонија. До јавната администрација која што зема плата од државата, платата не ја дава Груевски од мајка му Нада, платата ја дава од граѓаните што плаќаат даноци. Тие што чекаат субвенции, социјална помош, што имаат дуќанче и се плашат од казни, имаат погонче и се плашат од инспекции, сакам да ги повикам јавно. Тие не се само државна администрација, приматели на субвенции, социјална помош, или незнам мали бизнисмени. Тие се и чеда на оваа земја, тие се и нечии родители, тие се и нечии браќа и сестри, тие имаат исто обврска како нас да се борат за нашата земја, за нивната земја, за нашата заедничка Македонија“, рече Заев.
Рече дека се борат за демократски, фер, кредибилни и регуларни избори. „Знаат дека губат, можно е да се обидат со заплашување, уценување, закани, или потплатување на гласачите. Не се борев две години џабе, нашиот народ има да има, слободно, најслободно гласање досега. Мора да има слободно изразена волја. Секој кој се заканува, што го уплашува, што го уценува, што го поткупува народот заради глас одговара по закон од 3 до 5 години затвор. Затоа јавно им порачувам, да не им падне на памет, да ми го плашат народот, да ми го поткупуваат народот, да му се закануваат на нашиот народ.“, додаде Заев./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

