Македонија
Заев: Граѓаните плачат, леб не можат да обезбедат

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред граѓаните на Штип во четврток вечерта, порача дека граѓаните немаат пари за леб, а функционерите од власта се лечат во приватни клиники.
„Дали денеска има живот за сите, дали институциите работат во служба на граѓаните, зошто кога бев тука пред неколку недели ме пресретна во центарот на градот Тетка Зоре, оттука од Штип, ваша сограѓанка, и плачеше на глас – дека со парите што ги имаат дома, леб едвај обезбедуваат, не може да си ги обезбеди лековите, а болна е од рак, треба да е во болница, но седи дома затоа што немаат пари да го платат болничкото лекување. Ред ли е функционери од власта да се лечат по приватни клиники во луксузни услови, а тетка Зоре дома само со молитва да се бори за својот живот. Уште колку луѓе има во Македонија како тетка Зоре?“, праша Заев.
Порача дека мора да го кренеме нашиот глас и со „пенкалото на животот“ во наши раце, на 11 декември позади пултот сосема сами, да избереме „Живот во Македонија“.
„Од вашите плати, колкави и да се, од сметките што ги плаќате, преку даноците, државата зема пари за да работат институциите. Институциите мора да работат и ќе работат за вас! Клучно за секој човек е неговото здравје и здравјето на неговото семејство. Затоа, се обврзуваме на квалитетно јавно здравство достапно за сите граѓани. Ќе обезбедиме амбуланти и болници според потребите на сите граѓани, во сите делови на Македонија. Во јавното здравство ќе работат стручни и квалитетни лекари кои ќе се грижат за вашето здравје“, вети Заев.
Кажа дека планирано е двојно покачување на платите на здравствените работници до крајот на мандатот. „Специјалистите ќе примаат 100.000 денари плата, со 100.000 денари плата, лекарите ќе ни останат овде во јавното здравство и ќе се грижат за здравјето на нашиот народ“, рече Заев.
Вети дека ќе има во јавното здравство и квалитетни и стручни лекари, но ќе има и лекови и медициснки материјал, за набавката на лековите нема да биде пресудна само најниска цена.
„Таму каде што е потребно, ако треба најдобриот, најквалитетниот лек ќе го обебзедиме, нека е и најскапиот, ако од него зависи животот на пациентот. Ви реков, болничкото лекување ќе биде бесплатно за сите, за секој да може да биде болнички згрижен ако има потреба од тоа, никој да не страда како што страда вашата сограѓанка тетка Зоре, а и уште многумина како неа низ Македонија“, додаде Заев./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.