Контакт

Македонија

Заев излезе со ветувања пред граѓаните, вети дека ќе им ги врати и ‘украдените пари’

Објавено пред

Слободни и еднакви граѓани, плати кои ќе обезбедуваат пристоен живот, ефикасно јавно здравство и образование, преиспитување на спорните судски пресуди и враќање на украдените пари на државата и граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Ова се дел од ветувањата на коишто се обврза и ги најави лидерот на опозицискиот  СДСМ, Зоран Заев, пред граѓаните на граѓанскиот протест пред Владата. Во дел од своето обраќање Заев излезе со конкретни предлози и ветувања до граѓаните коишто се, како што рече, начела по кои се води опозицијата.Вети дека  Македонија ќе биде заедничка држава на сите граѓани стабилно, правично и грижливо мултиетничко општество. Тој најави фер распределба на народните добра по сите основи и општество на слободни и еднакви граѓани во коешто платите ќе обезбедуваат пристоен живот, а пензиите достоинствена старост.„Македонија ќе биде пример на социјална држава којашто ќе се грижи за сите категории граѓани. Социјалната заштита ќе овозможи излегување на корисниците од сиромаштијата, даноците ќе бидат прилагодени според примањата на граѓаните“, вети Заев.Друга цел на СДСМ ќе биде ефикасно јавно здравство со лесно достапни услуги за сите, ослободени од дополнителни административни сопки во коишто се заглавени лекарите и медицинскиот персонал.„Ќе воведеме национална здравствена сметка што ќе овозможи во секој момент да се следат трошењата во здравството. Случаи како болната смрт на малата Тамара никогаш повеќе да не се повторат“, рече Заев. Во образованието најави укинување на екстерното тестирање и враќање на приемниот испит на факултетите и квалитетен систем кој ќе се договара со студентите, учениците, професорите и наставниците. „Главен приоритет ќе биде квалитетот, а не начинот на испитување ќе го намалиме бројот на предмети во основно и средно образование. Ќе создадеме успешен европски систем  по примерот на Финска и Словенија. Ќе го укинеме екстерното тестирање и казните, ќе го вратиме приемниот испит на факултетите наместо сегашната матура, а математика ќе полага секој кој ќе запишува факултет на природните науки, не може да не се полага математика. Ќе ја вратиме автономијата на универзитетите. Во Скопје ќе изградиме студентски универзитетски центар“, рече Заев .

Тој вети повисоки субвенции за земјоделците од сегашните и најави дека ќе се фокусираат на привлекување странски инвестиции во земјава. „Но домашните компании ќе го имаат приматот во државната помош. Тоа ќе го раздвижи стопанството и ќе создаде услови за отворање на нови работни места со достоинствени плати“, рече Заев.Судиите и обвинителите ќе бидат независни, а сите судски пресуди кои се спорни за јавноста ќе бидат преиспитани, најави Заев. Тој вети дека нема да отпуштаат луѓе од администрацијата, туку дека ќе ја реорганизираат.

Владата и јавните институции нема да трошат буџетски средства, а македонската телевизија ќе биде медиум со целосна финансиска и политичка независност, најави Заев.

„Општествената поддршка на седмата сила, медиумите, ќе биде определена преку политички независен фонд за чијашто распределба ќе одлучуваат новинарите според критериумите на гледаност и читаност со можност за поддршка на помалку гледаните и читани медиуми“, рече Заев.

Тој се осврна на евроатланската иднина на Македонија и рече дека максимално ќе се посветат на стратешката цел на Македонија, ЕУ и НАТО. Името, рече, ќе се решава сепак на референдум.„За решавањето на проблемот со името ќе изградиме политички и државен консензус заедно ќе ги поставиме црвените линии во функција да го решиме проблемот. Ќе го заштитиме нашиот национален и државен идентитет и нашата национална и државна посебност. За сето тоа ќе бидете консултирани вие, граѓаните“, вети, меѓу другото, лидерот на СДСМ.Пред зградата на Владата веќе се поставени шатори каде што ќе кампуваат граѓаните, се додека премиерот Никола Груевски не даде оставка како што побара и Заев. „Остануваме овде пред владата. Оставка мора да има. Додека не замине Груевски не заминуваме и ние“, порача Заев.Побара оставка од Груевски, јавниот обвинител Марко Зврлевски и обвинителот за организирал криминал Јован Илиевски, раководните структури на МРТВ.„Неопходно е да се постигне договор за техничка влада којашто ќе може да организира фер избори, потоа да се прочисти избирачкиот список, да се создадат услови за независно медиумско известување, да се вратат сите механизми на современа македонска државата. Дојдовме и не заминуваме додека не го вратиме мирот и спокојот на граѓаните на Република Македонија. Очекувам оваа најсилна порака којашто денеска ја испраќа Македонија, вака мултиетнички обединета, вака масовно заедно, жедна за слобода и демократија, очекувам од меѓународната заедница којашто е сведок на сето зло што им е нанесено на граѓаните на Македонија да помогне со директно учество а не само со набљудување за мирна разврска на политичката криза, без насилство. Предупредувам дека можното инатење на Никола Груевски со волјата  на народот може да има последици што никој не ги посакува. Од тие причини порачувам сите граѓаните кои што се тука, на еден разумен и мирен процес да ја помогнат посакуваната разврска на кризата“, порача Заев.На граѓанскиот протест што го организираше најголемата опозициска партија учествуваше и поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски./крај/мф/ффс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра

Објавено пред

Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.

Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.

80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.

Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.

Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.

„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.

Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.

Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.

Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.

СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.

„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Падна една недопирлива, победи јавниот притисок“ – Левица за оставката на антикорупционерка Цвета Ристовска

Објавено пред

Од партијата Левица денеска реагираа на оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), оценувајќи ја како директна победа на јавниот притисок, вистината и истрајноста на нивната партија во разобличување на, како што велат, клиентелистичките структури.

dobivaj vesti na viber

„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните врски што ја компромитираа Комисијата. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже,“ се наведува во соопштението од партијата.

Од Левица потсетуваат дека тие јавно ги обелодениле фактите поврзани со, како што велат, непријавени интереси и компании на синовите на Ристовска, кои добивале милионски средства од партиски каси, како и наводното системско прикривање во рамки на ДКСК.

„Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода“, додаваат.

Покрај тоа, од партијата бараат да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со: директорот на АНБ, Бојан Христовски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, компанијата „Сити Аутсорсинг“, во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добиените 161 јавна набавка.

„Ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ, без исклучок. Секој функционер кој мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов“, се вели во партиското соопштение.

Од Левица упатуваат повик до сите службеници, институционални вработени и граѓани кои располагаат со информации за корупција и клиентелизам да продолжат да ги доставуваат до партијата.

„Левица ќе ги штити изворите и бескомпромисно ќе ја изнесува вистината во јавноста.“, уверуваат.

Соопштението завршува со зборовите: „Денес падна една ‘недопирлива’. Утре ќе паднат и други. Борбата продолжува.“

Прикажи повеќе...

Македонија

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Објавено пред

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до претседателот на Собранието, Африм Гаши.

dobivaj vesti na viber

Во писмото, Ристовска наведува дека одлуката ја донела по „неделни јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со нејзината работа“ во Комисијата. Таа вели дека целата своја професионална кариера, вклучително и работењето во ДКСК, ја извршувала „законито, совесно и со најдобра намера“.

„Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста“, наведува Ристовска во оставката.

Таа потенцира дека во секоја ситуација во која постоела можност за судир на интереси, побарала изземање согласно законот, и отфрла дека имала намера да прикрие информации.

„Напротив, ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет“, додава таа.

Претходно, ДКСК отвори два предмети за Ристовска, за проверка на судир на интереси и непријавување имот.

Ова е нов случај на оставка во Антикорупциската комисија за помалку од една година. Во 2025 година, оставка поднесе и тогашната претседателка Татјана Димитровска, откако против неа беше поднесен обвинителен предлог за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, поврзани со случајот „Адитив“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ2 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија2 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија3 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија4 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија4 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион4 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија5 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија6 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет6 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет6 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа7 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет7 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет7 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа7 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион17 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија17 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет20 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија23 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...