Македонија
Заев на средби со дијаспората во Швајцарија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придруван од членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Тања Ковачев, е во дводневна работна посета на Швајцарија.
Целта на посетата на претседателот Заев на Швајцарија е средби со граѓаните од дијаспората од Македонија, во Швајцарија.
Во сабота вечер, во Ешалон, во близина на швајцарскиот град Лозана, претседателот Заев има средба со градоначалникот на Ешалон, по што ќе се сретне и со високи претставници и пратеници од Социјалистичката партија на Швајцарија.
Во 20.30 часот, Заев ќе има трибина со граѓаните од Македонија кои живеат и работат во Швајцарија.
Во недела, Заев ја продолжува посетата на Швајцарија со средби со дијаспората во Берн, како и во Локарно, каде што СДСМ веќе има форморано своја партиска организација./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Викендов дожд, локално ќе има невреме

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи, а во петок ќе дува засилен југоисточен ветер, информира УХРМ.
Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер.
Дневните температури ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Дали Филипче заедно со Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50 катница во Дубаи

Според Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува молкот на Филипче во делот на одговор на нашите прашања за потеклото на златната виза и пресудата на модуларната болница.
Филипче и СДС, вели тој, секојдневно се повеќе тонат во скандали, кои се поврзуваат со криминал и корупција.
„Филипче не одговори за потеклото на златната виза, ниту одговори дали е задоволен од пресудата за модуларната болница?
Филипче најверојатно и на денешното поставено прашање ќе продолжи да молчи и да не одговара, но сепак јавноста заслужува одговори.
Дали Филипче заедно со Заев, поседувал акции во индиска авиокомпанија, а придобивките од истите ги вложиле во градење на висококатница во Дубаи?
Дали Филипче од овие акции кои ги поседувал, каде што се поставува и прашањето од каде му нему пари за купување на толку скапи акции, има добиено милионски суми во евра“, прашува Манасиевски.
Филипче, да престане да молчи и да излезе во јавноста и да даде одговори, порача Манасиевски.
Македонија
(Вознемирувачко) Анима Мунди: Свирепо мачење штрк во Гевгелија, бараме итна реакција од надлежните институции

Анима Мунди извести за случај на страшно малтретирање и повредување штрк од страна на група деца.
„Според сведочења на очевидци, кои велат дека постојат и видео-снимки од безбедносни камери, се потврдува дека се работи за свесен и суров чин на насилство врз диво и кревко младо животно, што завршило со сериозни повреди.
Овој настан не смее да помине незабележано, ниту неказнето. Насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација. Децата кои извршиле ваков чин се жртви на општествената незаинтересираност и игноранција, но и потенцијален ризик за себеси и околината доколку не бидат веднаш опфатени со психолошка и воспитна интервенција“, велат од Анима Мунди.
Од таму бараат итна реакција од надлежните институции.
„Детална истрага и одговорност од родителите и/или старателите; Психолошка проценка и работа со децата кои учествувале во чинот; Активирање на сите законските механизми за заштита на животните; Јавна осуда на настанот од образовните институции и локалната самоуправа.
Нема оправдување за насилство, ниту пак изговор за молк. Секоја форма на насилство мора да се превенира, осуди и санкционира.
Затоа што оној кој денес малтретира животно – утре ќе повреди човек“, додаваат од Анима Мунди.