Македонија
Законот за плати на јавните обвинители не е во согласност со Законот за СЈО
Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка, смета дека Законот за плати на јавните обвинители не е во согласност со Законот за специјално јавно обвинителство.
Според неа, со него се нарушува автономијата на обвинителството, затоа што му овозможува на државниот обвинител Марко Зврлевски да биде контролор на додатоците на специјалните обвинители што е во спротивност со Законот за Специјално обвинителство.
„Со преложените измени во Законот за плати на јавните обвинители, во делот на регулирање на додатоците за јавните обвинители се засега во автономијата и финансиската независност на ова Јавно обвинителство, кое не е врзано со мислењето на Министерството за финансии во делот на финансиското работење. Укажуваме и дека автономно, независно и професионално функционирање на ова Јавно обвинителство, кое е во интерес на сите граѓани на Република Македонија, може да се обезбеди исклучиво со доследно почитување на веќе воспоставените принципи за негова работа и со исполнување на законските обврски и носење на Законот за јавнообвинителска служба“, велат од СЈО.
Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и овозможуваат на Катица Јанева самостојно да раководи со обвинителството, а средствата за негово функционирање мора да бидат обезбедени при што финансискиот план за работа не може да го менува Министерството за финасии или пак Парламентот.
Со Предлог-законот за дополнување на Законот за платите на судиите и на јавните обвинители, надоместоците за прекувремена работа на судиите и обвинителите, како и работата на празници ќе се зголемат за 35, односно за 50 отсто.
Истите измени се предлагаат и за обвинителите. За спроведување на овој закон за платите на обвинителите ќе бидат потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот во износ од 20.000.000 денари на годишно ниво.
„Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители се очекува да се зајакне самостојноста на јавното обвинителство и да се отстранат недостатоците во постојниот закон“, се вели во Предлог-законот.
Се предлага измените да се донесат по скратена постапка./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

