Македонија
Започна седницата на ДИК на која треба да се разгледа последниот приговор од СДСМ

Државната изборна комисија во саботата по неколкучасовно задоцнување ја започна седнициата на која се разгледува последниот приговор на СДСМ за изборите, а кој се однесува на гласачко место во шестата изборна единица.
Досега ДИК одби пет од осумте приговори на СДСМ, чии претставници претходно во петокот самите повлекоа два од приговорите за неправилности во текот на гласањето. Претходните денови беа разгледувани и исто така одбиени седум од осумте приговори на Движењето БЕСА.
На седницата во петокот ДИК го одби приговорот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 1978 во Тетово. Потоа следуваше подолга расправа и за гласањето во избирачкото место 2016 во Теарце. По првичната расправа мнозинството членови на ДИК одлучија да се пристапи кон увид во целокупниот избирачки материјал за ова избирачко место. При разгледувањето на овој приговор по барање на ДИК на седницата присуствуваа сите членови на Избирачкиот одбор од избирачкото место 2016 со цел да го потврдат избирачкиот записник.
Во сабота ДИК треба да соопшти и дали ќе се повтори гласањето на избирачкото место 0396/1 во Гостивар во Изборната единица 6 и донесоа одлука да се поништи гласањето на тоа избирачко место. Доколку се покаже дека гласовите на ова избирачко место може да влијаат врз вкупниот изборен резултат во изборната единици, може да биде донесена одлука за прегласување.
Опозицијата смета дека со прегласувањето на ова избирачко место може да се влијае врз изборниот резултат односно да ѝ одземе на ВМРО-ДПМНЕ еден пратенички мандат, за колку што е предноста во оваа изборна единица на владејачката партија пред СДСМ.
Во Изборната единица 6, победи ДУИ со 40.599 гласови кои му обезбедија 6 пратеници, а втора беше ВМРО-ДПМНЕ со 26.135 гласови кои носат 4 пратеници од оваа изборна единица, додека СДСМ доби 25.828 гласови и 3 пратеника. Но БЕСА, која е блиска опозициска партија со социјалдемократите освои 25.054 гласови, и исто така, 3 пратеника. По два мандата од „шестката“ освоија Алијансата за Албанците и ДПА.
Според прелиминарните конечни резултати кои ги соопшти ДИК, владејачката ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 мандат, СДСМ – 49, ДУИ – 10, БЕСА – 5, Алијансата за Албанците – 3 а ДПА два пратенички мандати.
Пред седиштето на ДИК во саботата, како и претходните денови, се собра мноштво членови на ВМРО-ДПМНЕ и поддржувачи на Коалицијата за подобра Македонија, кои протестираат и бараат од ДИК, како што велат, „да не биде соучесник на СДСМ и да овозможи изборна кражба на регуларната победа на ВМРО-ДПМНЕ“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи.
Во објава на својот Фејсбук профил, Арсовска напиша дека по нејзино прашање дали се работи за закана или ѝ се причинило, Алили го избришал коментарот.
„Синан Алили кога го прашав дали ми се заканува или така ми се чини инстант го избриша коментарот. Сигурно од Министерство за внатрешни работи и Панче Тошковски се исклучително горди на овој свој полицаец.
И сега да прашам, ми препорачува Синан да бидам добра и глас да не ми се слуша. А ако според него не сум и не молчам тогаш што“, прашува Арсовска во напишаното.
Дополнително упатува и прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Овие кадри треба да ни ја гарантираат безбедноста Панче? До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега полиција се заканува, што е следно?
Да, жена сум и не ви се плашам, ама дека не постапувате и штитите криминалци кои со фалсификат документи имаат стекнато над 150 згради вредни милиони, гледа народ, пишува Арсовска.
Македонија
„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичката власт во врска со пописот на населението.
Причина за пријавата, како што појаснуваат е сериозниот сомнеж за политичко договарање и следствено на тоа, фалсификување на резултатите од Пописот во 2021 година. Од „Вреди“ се сомневаат дека е извршено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување (чл. 353 од Кривичен Законик).
„Последиците од овој чин се далекусежни: драстично и свесно е намален бројот на прикажаните Албанци во многу села, населени места и градови низ државата. Со тоа Албанците лично и поединечно губат многу права (гарантирани со Уставот) како вработувања, политичка застапеност и јазична еднаквост. Но и институциите се доведени во ситуација да олучуваат за намена на средства и фондови по погрешни и намалени бројки, со што повторно се оштетени граѓаните во многу општини“.
Бараат Јавното Обвинителство да ги испита овие наводи.
„Дополнително, овие денови високи функционери на ДУИ јавно признаа дека „пописот бил во рамки на договореното“, што уште повеќе го поткрепува сомнежот за политичка режија на целата операција“.
Од „Вреди“ велат дека ја преземаат ваквата иницијатива во одбрана на законитоста, еднаквоста и реалната статистичка слика на државата. Очекуваат ОЈО итно да отвори предмет, да ги обезбеди сите материјални докази и да спроведе темелна истрага.
„Нема компромис кога се повредува достоинството и бројноста на нашата заедница. Борбата за вистината започнува сега и ќе ја истуркаме до крај, во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија“.
Македонија
Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот кај село Луково

Од 12:42 часот, сообраќајот на патниот правец Струга – Дебар кај с.Луково е во прекин во двата правца, поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.