Македонија
Започната вежбата „Македонски Блесок-12“
Во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ и Армискиот полигон „Криволак“, во неделата започна теренската вежба „Македонски Блесок-12“, која ќе се реализира во периодот до 7-ми октомври, соопштуваат од АРМ.
За време на вежбата на терените на Армискиот Полигон „Криволак“ и ЦПО „Пепелиште“ ќе се изврши НАТО оценување НИВО-1, согласно концептот за оперативни способности на декларираната ренџерска чета од составот на Полкот за Специјални Операции (ПСО).
„Македонски Блесок-12“ е вежба која се изведува со единици на терен со употреба на артифиции и боева муниција, базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот и операции за одговор на кризи предводени од НАТО и ЕУ, а под мандат на ООН. Со оваа вежба треба да се демонстрира интероператибилноста на декларираната единица од ПСО за употреба во НАТО/ЕУ предводени операции.
Директорот на вежбата, потполковник Бесник Емини на денешното отворање, во неговото обраќање пред учесниците нагласи дека професионализмот, исклучителната посветеност и врвната обученост се одлики на припадниците на АРМ. Беспрекорното извршување на поставените задачи во различни напорни и сложени ситуации, на кои ќе бидат подложени учесниците за време на оценувањето, ќе претставува доказ за врвна подготвеност и оспособеност.
На вежбата ќе учествуваат 250 припадници на АРМ и претставници на Армии од 21 држави членки на НАТО и Партнерство за Мир. Самата вежба воедно ќе биде и дел од триесет и вториот „Курс за обучување на оценувачи во НАТО, според концептот за оперативни способности“.
На вежбата и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки, со цел да се изврши обука и извежбување во разни ситуации, согласно листата на задачи на НАТО при изведување на операциите за подршка на мирот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

