Македонија
Започнува лотаријата за американска зелена карта 2018
Лотаријата за зелена карта за 2018-та година започнува на 4-ти октомври 2016-та, вторник, во 18 часот часот, а завршува на 7-ми ноември 2016-та, понеделник, во 18 часот. Кандидатите ќе можат да се пријават на официјалната веб страна www.dvlottery.state.gov, каде има целосни инструкции, соопштуваат од Амбасадата на САД.
Од американската амбасада порачуваат дека сите оние кои сакаат да се пријават треба да обрнат внимание на следниве насоки:
За пријавување во програмата не се плаќа административна такса.
Чувајте ја вашата потврдна страница откако ќе завршите со пријавувањето, за да може да го проверите вашиот статус.
Зачувајте го вашиот единствен број од потврдата најмалку до 30-ти септември 2018-та година. Овој број е единствениот начин преку кој ќе можете да проверите дали сте избрани.
Мора да се пријавите со нова фотографија, направена во последните шест месеци. Доколку користите стара фитиграфија, ќе бидете дисквалификувани.
Може да се пријавите само еднаш.
Треба да проверите дали сте избрани на 2-ри мај 2017-та година.
Стејт Департментот нема да ве контактира преку електронска пошта.
Доколку добиете електронска пошта која ви кажува дека сте биле избрани, тоа е измама./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец и Кисела Вода
Без струја денеска ќе останат делови од Петровец и Кисела Вода.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 01.12.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Димитар Мирасчиев. ( општина Кисела Вода ), во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од главната улица во село Дивље. ( општина Петровец ) и во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев – крак 15 – Припор. ( општина Кисела Вода )“, информира РЦУК.
Македонија
Приведени седум лица по натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи
Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи.
Според информациите на МВР, синоќа по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ „Петар Милошевски”, се приведени седум лица.
Тие се приведени поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба на полициски службеници на две одделни локации на подрачје на град Скопје.
Македонија
Сончево време со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Од утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

