Македонија
Затворениците во четврток ќе протестираат

Затворениците од сите затвори во Македонија во четврток на пладне ќе започнат протест револтирани од тоа што Претседателот, Ѓорге Иванов се уште нема одговорено на нивното барање за помилување.
Нивните семејства и пријатели пак ќе протестираат пред затворите. Петицијата за помилување од вкупно 3.152 затвореници ја потпишаа над 2.200 лица. Тие не бараат да бидат целосно ослободени туку да им се намали казната за 30 отсто.Нивното барање следува откако Иванов помилува 56 лица, политичари и нивни соработници./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДОМ: Кривична одговорност за еколошката хаварија на Крива Река

Политичката парија ДОМ го повикува Обвинителството да покрене кривична пријава за денешното загадување на Крива Река поради испуштање на енормно количество јаловина со тешки метали и хемикалии од рудникот Тораница и помор на рибниот фонд долж сливот кон Пчиња и Вардар.
Согласно кривичниот закон ваквото загадување на животната средина претставува тешко кривично дело против природата и животната средина каде се предвидени затворски казни над 10 години за одговорните лица во правното лице, оценуваат од партијата.
Министерството за животна средина и Обвинителството, како што велат, треба да ги превземат сите дејствија во нивна надлежност, а не се исклучува можноста согласно Законот за животна средина за одземање на А интегрирана еколошка дозвола на рудникот Тораница поради тоа што ова е трета еколошка хаварија во последните 5-6 години.
Македонија
Ова е победа на правдата: ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката за притвор на Јахоски

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Кривичниот суд за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол. Ова е победа на правдата, се вели во соопштението од оваа партија.
„Само со одлуката за ставање во притвор на Јахоски е единствено исправна и очекувана за криминалот од 160 милиони евра, криминална шема во која еден од обвинетите е во бегство.
Само со исправни одлуки ќе го победиме системот кој мора да го смениме“.
Оваа одлука, според владејачката партија немало да се случи без народот жеден за правда.
„П.С Порака до целата политичко бизнис бандитска исповрзана мрежа:
Заедно со народот жеден за правда ќе ве победиме сите вас кои ја злоупотребувавте државата, сите вас кои ја доведовте Македонија до ова дереџе. Правда ќе има. Ред ќе има“, порачуваат од партијата на Мицкоски.
Македонија
Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј., а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, по одржана јавна седница како и ценење на наводите во жалбата и одговорот на жалба донесе решение, со кое:
„Мерката куќен притвор, определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци.
Донесеното решение е доставно до странките во постапката и добиено е известие од надлежната полициска станица дека лицето е обезбедено и спроведено во Истражниот затвор Скопје. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“ се вели во соопштението на Кривичниот суд.