Македонија
Зголемен интерес за роботиката во Македонија
Во Република Македонија, во изминативе години, се забележува појава на зголемен интерес за роботиката. Роботизацијата е растечки тренд ширум Европа и светот и може да кажеме дека ние го следиме трендот. Забележлив е зголемениот интерес кај студентите на електротехничките и информатичките факултети, учениците од средните технички училишта и воопшто, младите, изјави националниот кординатор на Европската недела на роботиката, Васко Саздовски.
Во среда, 26-ти ноември, на Факултетот за електротехника и информациски технологии беа изложени роботи изработени од студенти на Факултетот, роботи кои ги поседуваат други високо-образовни институции, приватни компании и организации во Република Македонија.
Со оваа активност „Сретни ги роботите“, ФЕИТ се вклучи во одбележувањето на Европската недела на роботиката, 24-ти до 30-ти ноември.
„ФЕИТ како македонски лидер во развојот на роботиката се вклучи во европската недела на роботиката со цел да ги прикаже сопствените, но и достигнувањата, на Република Македонија во оваа сфера. Овој настан покажа дека сме во право, односно дека имаме што да покажеме и има интерес тоа да се види. Затоа сме охрабрени и понатаму да продолжиме со нашата работа“, вели деканот на ФЕИТ, професор Миле Станковски.
Според Саздовски, вклучувањето на ФЕИТ и другите високо-образовни институции, приватни компании и организации во настани како што е „Сретни ги роботите“ ја доближува роботиката и до сите други граѓани, хобисти и ентузијасти.
Тој потенцира дека ваквите настани ги мотивираат луѓето од сите возрасти да се запознаат со природните науки, технологијата, инженерството и математиката и притоа, да развијат одговорен пристап кон употребата на роботите во нашето општество.
Настанот е организиран од Институтот за автоматика и системско инженерство при ФЕИТ, Центарот за нови студенти и студентите од Робомак во координација со националниот координатор на Европската недела на роботика, Васко Саздовски.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

