Македонија
Зголемена фреквенцијата на возила надвор од градските средини

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива по наместа влажни коловози.
Од АМСМ со препорака за внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во пожарот во Чучер Сандево изгоре магацинот на „Фриком“ – вработените се безбедни

Пожарот во општина Чучер-Сандево вчера ги зафати и просториите на „Фриком“.
Од компанијата информираа дека благодарение на нивната брза реакција и онаа на службите нема настрадани, сите вработени се на безбедно.
„Најважно за нас е што ниту еден од вработените и луѓето што учествуваа во гаснењето на пожарот не е повреден. Нашите тимови веќе работат на проценка на состојбата и реорганизирање на деловните планови, за да можеме што поскоро да обезбедиме непречена дистрибуција и да се вратиме на секојдневните работни рутини. Неизмерно сме благодарени на сите вработени кои веднаш покажаа неверојатна подготвеност да се прилагодат на ситуацијата.“ изјавија од „Фриком“.
„Во овие тешки моменти, не смееме да заборавиме дека не сме единствените. Стотици семејства, претпријатија и заедници низ државата се соочуваат со последици од огнените стихии. Нашите мисли се со сите погодени и наша обврската како компанија, и пред сè како луѓе, е да покажеме солидарност и разбирање.“, додаваат од компанијата.
„Фриком“ веќе формираше кризен тим кој утрово ја направи првата проценка на штетата. Во меѓувреме, испораките и активностите се привремено прекинати, а клиентите ќе бидат навремено информирани за следните чекори. Се работи на брзо воспоставување непречена дистрибуција.
Македонија
ДУИ: Албанците нема да молчат, интеграцијата на Албанците на секое институционално ниво не е привилегија

Демократската унија за интеграција загрижена за систематското исклучување на Албанците од државните институции, при што, како што велта, најновиот случај е Агенцијата за национална безбедност, каде од вкупно 41 вработени, само еден е Албанец.
Оваа отворена дискриминација, според нив, веќе не е само политичка загриженост, туку како што додаваат, тоа е удар врз еднаквоста и мултиетничкиот карактер на државата.
„Сите податоци што изминативе денови беа јавно објавени во врска со вработувањата и унапредувањата во институциите се вистинити и официјално потврдени од самите државни институции. Затоа, ниту клеветите, ниту обидите за дефокусирање не можат да ја покријат вистината што е јасна за сите: Албанците се исклучуваат.
Наспроти оваа болна реалност, субјектите кои ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ молчат или живеат во паралелна реалност, одбивајќи да се соочат со вистината. Овој наивен и авантуристички пристап, покрај тоа што не носи ништо за Албанците, јасно покажува дека тие се заробени и во целост согласни со исклучувачката логика на нивните политички ментори“.
ДУИ потсетува дека интеграцијата на Албанците на секое институционално ниво не е привилегија, туку уставно загарантирано право, кое не може да се преговара ниту да се игнорира.
„Албанците нема да молчат, ниту ќе се предадат“, додават од оваа партија.
Македонија
Пренасочен сообраќајот за тешки возила до излезот на граничниот премин Блаце

Од 12:00 часот ќе биде пренасочен сообраќајот за тешки моторни возила на магистралниот пат од БП Дизел до ГП-Блаце излез, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.