Македонија
Значителна промена на времето, обилни врнежи од дожд и заладување
Во понеделникот времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, но веќе од вторник до крајот на работната седмица ќе има драстична промена на временските прилики со обилни врнежи и пад на температурите за десетина степени.
Кон крајот на денот во понеделникот облачноста ќе се зголеми и во северните делови ќе има локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец со УВ=7
Максималните температури ќе се движат од 22 на западот, до 34 степени Целзиусови во регионот на Повардарјето. Во Скопје и околината максималната дневна температура ќе достигне 31 степен.
Од вторник подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на серија од влажни бранови од Медитеранот, поради што ќе настапи значителна промена на времето.
Во вторник и среда ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Температурата на воздухот значително ќе опадне во споредба со денешната и ќе се движи од 18 до 25 степени.
Во четврток и петок ќе има и услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во постепен благ пораст. Поголеми количества воден талог се очекуваат во западните и јужните делови од земјата.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто таа, се препорачува да се преземат соодветни активности за заштита од поплави./крај/ухмр/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

