Македонија
ЗНМ бара нова истрага за смртта на Никола Младенов
Слободата на медиумите во Македонија е сериозно загрозена, наместо слободни имаме контролирани медиуми,предупредува претседателот на Здружението на новинарите во Македонија на 3 мај, Меѓународниот ден на слободата на медиумите.
Селмани на Меѓународниот ден испорача неколку барања до Владата и побара радикална реформа во медиумскиот простор.
„Македонските институции треба да формираат мешовита независна комисијата, која ќе води нова истрага со цел да ги отфрли или потврди сомневањата во јавноста дека новинарот Никола Младенов не загинал во сообраќајна несреќа, туку дека врз него бил извршен атентат.Врховниот суд да ја укине пресудата на Апелациониот суд за новинарот Томислав Кежаровски осуден со две и пол години завор за наводно откривање на заштитен сведок. Освен тоа, Врховниот суд треба да ја укине и пресудата на Апелација, со која новинарите на Фокус, Јадарнка Костова и Владо Апосотолов им е наложено да исплатат околу 9 илјади евра како наматеријална штета и судски и други трошоци, за ваводна клевета на директорот на УБК, Сашо Мијалков. Со укинувањето на овие апсурдни пресуди ќе се задоволи правдата и ќе се поврати изгубената доверба на граѓаните во македонското судство. Ако Врховниот суд не ги укине овие пресуди тие ќе паднат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.Јавното обвинителство треба да го повлече обвинението против новинарот Зоран Божиновски за наводна шпиунажа, која за нас е неоснована.Освен тоа, владата треба да престане со јавни пари да ги корумпира македонските медиуми. Сите владини кампањи да бидат стопирани на неодредено време се додека не се најде решешение за трошењето на јавни пари во медиуми. Исто така, владата не треба со јавни пари да ја финансира домашната продукција на национаните приватни телевизии“, рече Селмани.
Побара Македонската радио телевизија да се ослободи од стегите на партиската контрола.
„Владата да обезбеди одржлив извор на финансирање на МРТ и да ги департизира и деполитизира управните органи. Уредниците и новинарите на МРТ да работата во интерес на јавноста и да не потклекнат на било какви притисоци.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, да се департизира и деполитизира. Треба да се обезбеди независноста на медиумскиот регулатор, кој ќе биде во можност да креираат политики и амбиент за слободни и независни медиуми. Регулаторот, место да ги плаши медиумите со високи казни, да излезе со јасна визија како ќе го извлече од криза медиумскиот систем.И на крај, власта мора да се престане со орекстрирана хајка против новинари кои ја критикуваат нејзината политика. Говорот на омраза мора да престане во сите медиуми оти ваквиот говор не е одлика на професионални новинари. Институциите треба да го санкционираат говорот на омраза во медиуми согласно домашното и меѓунардоното право“, побара Селмани.
Одлуката за одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите ја донесе Генералното собрание на Обединетите нации за да се подигне свеста за значењето на слободата на медиумите и да се потсетат владите во државите дека нивна должност е да го почитуваат и поддржуваат правото на слобода на изразување загарантирано со член 19 од Универзалната декларација за човекови права.
На овој ден се одбележува годишнина од Декларацијата во Виндхук, изјава за принципите за слободата на медиумите којашто ја составија група афрички новинари во 19991 година./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

