Македонија
Бектеши: Поддршка и солидарност во обнова на погодените подрачја од земјотресот во Албанија
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Тирана се обрати на регионалниот самит за туризам „Туризам за солидарност и одржливост“, кој е во организација на Министерството за туризам и животна средина на Албанија и на Светската туристичка организација на Обединетите нации.
Главна тема на овој регионален самит е да се даде поддршка за обновата на подрачјата погодени од минатогодишниот земјотрес што ја зафати Албанија, а исто така да се даде и поддршка на туризмот во оваа земја.
„На 26 ноември и Албанија се соочи со голем разорен земјотрес којшто направи не само голема материјална штета, туку и загуба на човечки животи. Нашата држава е држава на солидарност. Скопјани уште живо се сеќаваат на катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Тогаш клучна беше помошта што стигна од сите страни од светот и од сите нации од светот и го изградивме повторно главниот град“, потенцираше Бектеши во своето обраќање.
Тој потсети дека веднаш по катастрофалниот земјотрес во Албанија, Владата на Северна Македонија веднаш донесе одлука и упати финансиска помош и тимови од 50 луѓе за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја кои беа меѓу првите кои пружија помош на настраданите подрачја.
„Но, овие природни катастрофи остануваат врежани и оставаат голем печат не само кај жителите, туку и на цели градови, подрачја и региони. Природните катастрофи, кои сега ги има многу повеќе од порано, сериозно му штетат на развојот на туризмот во светски рамки. Според Светскиот економски форум, туристичката индустрија учествува со 9,8% од глобалниот БДП, поддржува 277 милиони работни места ширум светот и претставува 6% од глобалниот извоз. Покрај тоа, индустријата има потенцијал за понатамошен раст, oд сегашните 1,1 милијарди меѓународни туристички посети да достигнат 1,8 милијарди до 2030 година. Но, во изминатите неколку години, влијанието на природните непогоди врз туризмот, а со тоа и врз светската економија е сè поголемо.Природните непогоди не можат да се спречат, освен ако не ги решиме нашите еколошки проблеми“, образложи Бектеши и потенцираше дека е многу важно за туристичката индустрија во светот секогаш да има предвид дека опасноста може да се случи природна непогода и на тој начин да обезбеди одржливост на бизнисот.
Министерот подвлече дека сега следува период на обнова во Албанија за која допрва ќе биде потребна голема помош и поддршка не само од регинот, туку и од целиот свет.
„Сакам да го искористам овој самит и овој денешен настан да ги повикам сите земји во светот да помогнат во обнова на подрачјата што беа погодени од разорниот земјотрес во Албанија. Исто како што пред пред речиси 60 години помогнаа да се изгради повторно Скопје. Северна Македонија ќе продолжи со сите можни средства да ѝ стои на располагање на Република Албанија со цел да ја преброди катастрофата што ѝ се случи, потенцираше Бектеши.
Министерот за туризам и екологија на Албанија во своето обраќање им се заблагодари на сите за поддршката која ѝ ја дале на земјата во земјотресите коишто се случија на 26 ноември минатата година.
„Опстојувањето во вакви природни непогоди и солидарноста е пракса која би сакале да ја споделиме со вас на овој самит и да укажеме дека туризмот како индустрија е главниот столб на економијата, и не само тоа туку и на хуманоста и менаџирањето со кризи, а тоа го покажува присуството на 12 делегации кои денеска се тука, како никогаш порано за една заедничка цел“, кажа Клоси.
Првиот човек на Светската туристичка организација, Зураб Пололикашвили, во своето видеообраќање пред присутните гости порача дека политичката поддршка ее клучна за успех во туризмот.
„Денешниот самит е клуч во закрепнувањето на албанскиот туристизам и верувам дека туристичкиот сектор во Албанија е подготвен за тоа“, истакна Пололикашвили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.