Македонија
(Видео) Кирков: Данела Арсовска да ги прекине скапите прошетки и да одговори за поморот на животни во Зоолошката градина
Скопје не се развива по програмата „За модерно Скопје“ туку Скопје е темен град, град заробен од неспособноста на Данела Арсовска која со нејзиното водење на градот го уназади истиот во секое сегменти, вели Стефан Кирков, член на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, покрај колапсот на секое поле и низ сите јавни претпријатија која ги води Арсовска и нејзините кадри, за жал на ред дојде и скопската Зоолошка градина и животните во неа.
„Сведоци сме на последните немили случувања во скопската Зоолошка каде истава установа која беше радост за сите генерации, место кое го посетуваа и туристи, установа која беше една од најпосетуваните установи во Македонија по само 2 години владеење на Арсовска оваа установа се претвори во место во кое слободно ќе кажеме е куќата на стравот, установа која е пишувана низ светските медиуми како место кое е логор за животните и установа која не ги задоволува основните карактеристики за да биде дел од Европската асоцијација за зоолошки и аквариуми и токму затоа го загуби и статусот на потенцијална членка“, истакнува Кирков.
Додава дека во последните месеци има голем помор на животни и сето тоа пред целокупната јавност умешно низ ПР пропаганда се сокриваат причините за истото.
„И додека Арсовска која зема плата 2.000 евра и во моментов повторно е на посета по скапите метрополи и после 24 часа, немаме никакво известување од ПР службите на оваа установа, ниту од Град Скопје, умешно се молчи со цел да се сокријат причините за смртта на коњите и целокупниот помор кој што се случува во моментов во скопската Зоолошка градина. Од тука јавно сакаме да ја прашаме установата Скопје ЗОО и Данела Арсовска како одговорна, ако на секои 3 месеци се распишува тендер за набавка на свежа храна во износ од 10-тици илјади евра, како истото е можно и зашто животните се хранат со донирана непроверена храна за која не постои технолог вработен во оваа установа за проценка на квалитетот на храната и дали треба да се хранат животните со истата, каде завршува храната која редовно се дистрибутира од постапките кои што се со завршен тендер и потпис“, прашува Кирков.
Дполнително прашува дали поморот на животни се должи од нездравата исхрана со која се прехрануваат животните? Дали паталошкиот наод од смртта на жирафата покажа бактерија салмонела која исто е создадена од неправилна расипана исхрана?
Побара итна истрага.
„Ги повикуваме државните институции веднаш и детално да ги испитаат овие наоди како и јавно да се произнесат за епилогот од истото.
Ја повикуваме Данела Арсовска да се врати веднаш од скапите патувања низ европските метрополи и за сето ова кое се случува во скопската Зоолошка градина целиот тим кој таа го постави со менаџерски скапи договори за плата, веднаш да си поднесат одговорност и неотповикливи оставки“, дециден е Кирков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, ќе има и други случаи
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека последниот случај во АД ЕСМ „Адитив“ не е единствен и нема да се заврши тука, ќе има и други случаи, јавноста ќе дознае кој е одговорен и кој ги крадел македонските граѓани и свесно уништувал, и одговорност мора да има.
„Тоа што се отпочна случај за адитивите кои се користени во АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ во производниот процес можам да кажам како инженер, професор и човек кој одреден период поминал во таа институција за менаџирање на истата, не само што немало потреба толкава количина за набавка на истите, туку и цените се надвор како што велат правниците правило на испружена рака, нивната рака долго се испружувала и завршувала во џебови кај поединци“, изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски истакна дека е убеден и за осомничениот кој не е достапен на органите на истрагата дека еден ден ќе биде достапен и ќе одговара, бидејќи како што посочи по седум години долгот е околу 5 милијарди денари, а нанесена е штета врз производниот енергетски систем со неспроведување на вистински ремонти туку со шпекулативни во смисла на нестручно и ненавремено.
„Би сакал да напоменам дека на тој начин што се несовесно се управувале производните комбинати во АД ЕСМ се нанесе и удар на суверенитетот на државата бидејќи ние не сме земја која има наоѓалишта на нафта или гас, со што директно се загрозија работни места на илјадници граѓани, и индиректни десетици илјади кои работат во компании кои соработуваат со АД ЕСМ“, рече премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски додаде дека изминатите 7 години воедно се намалил производниот капацитет од 209 мегавати електрична енергија на мрежа до 145-150, а нови проекти и немало.
„На владина седница одглавивме два проекти, сакам да ја истакнам втората фаза од ветерниот парк во Богданци, нешто што претставува квалитетен проект, вториот е сончевата централа во Битола. Овие два проекти се обезбедени од европски банки, вредноста е стотина милиони евра што ќе додаде вредност во производното портфолио. Најголем дел злоупотреби се правени во надворешна механизација за ископ на јаглен ако направите математика ќе дојдете до заклучок дека денот нема 24 часа, туку 36, а годината нема 365 дека туку 450 или 500 дена, се побивани законите на физиката и би сакал во доказна постапка ако се отвори случај да ги слушнам кои им се објаснувањата“, рече премиерот Мицкоски.
Македонија
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
Има активна забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија не е прооден од снежни наноси и навеви од снег.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Николовски: Растат цените и трошоците за живот, зошто минималната плата не мрда?
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во рамките на денешната собраниска седница упати прашање до заменик министерот за економија Марјан Ристески дали Владата планира Владата да го прифати предлог законот за зголемување на минималната плата, поднесен од СДСМ.
Во услови на растечка инфлација и трошоци за живот, сметаме дека фокусот треба да биде на зголемување на платите и растот на стандардот на граѓаните, што беше клучна политика во изминатиот период, истакна Николовски.
Николовски нагласи дека минималната плата не мрдна во изминатите 6 месеци, додека владата предводена од СДСМ ја покачи од 8 на 22.567 денари.
Заводот за статистика евидентираше раст на инфлацијата од 4,3%, синдикалната кошничка во декември е повисока за 840 денари, изнесува близу 63.000 денари, потребни се три минимални плати за нејзино покривање. Секаде во регионот се зголемува минималната плата само кај нас не мрда. Зошто не прифатите да се покачи минималната плата за работниците?, нагласи Николовски.