Контакт

Македонија

(Видео) Ковачевски: Денес е голем ден, кога се работи за детските права – сите сме еден тим

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати и учествуваше на настан по повод Светскиот ден на детето со мотото: „Кога се работи за детските права, сите сме еден тим“ во организација на Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фудбалската федерација на Македонија.

dobivaj vesti na viber

На настанот обраќања имаа и Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ, и Дени Масев, директор на ФФМ, по што ќе се одржи пријателски натпревар. Премиерот Ковачевски во своето обраќање истакна дека на овој ден се потсетуваме кои ни се приоритетите, каде треба да ни е насочен погледот, што сакаме да постигнеме за да обезбедиме безгрижно детство, а секако и подобра иднина и можности за развој.

„Децата и младите беа, според мене, најпогодени од ковид-кризата, навистина целосно им се изменија и учењето и другарувањето, им се измени животот. Воопшто не беше лесно да си дете тогаш, но ние и тогаш и денес избираме да излеземе како победници од сите тешкотии низ кои минуваме.

Јас силно верувам дека предизвиците нѐ прават посилни и дека кога пловиме по немирни води, само со храбар и проактивен однос кон животот постигнуваме успеси. Ваквиот приод сакаме да им го пренесеме и на најмладите и на овој ден гласно да им порачаме и самите да бидат гласноговорници и застапници на своите права.

Светскиот ден на детето е нашиот потсетник за обврските што како општество ги имаме кон нашите деца, особено оние чија положба е многу чувствителна.

Јас не сакам да должам многу со мојот говор. Гледам дека сите сме спремни за навивање, кога стигнав, добив аплаузи и затоа решив да се повлечам, да се пресоблечам и да играм фудбал“, рече Ковачевски.

Македонија

Во математика од 58 држави, нашите ученици се на 44 место, во природни науки сме три места подолу, велат од МОН

Објавено пред

Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно на 47 место. Ова се резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање што беше спроведено во 2023 година, по петти пат во нашата држава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и за прв пат електронски, извести МОН.

dobivaj vesti na viber

И оваа меѓународна компаративна студија покажа дека на нашиот воспитно-образовен систем му се потребни крупни промени, за да можат нашите ученици да ги подобрат знаењата. Затоа, делуваме во сите сегменти на образованието, почнувајќи од основното, постепено и со консултација со сите засегнати чинители.

Најавивме и во се поголем број училишта реализираме продолжен престој во училиште, како можност за повеќе наставни и воннаставни активности, подобро совладување на материјалот, стекнување на нови вештини, развивање на интереси. Преку процесот на оптимизација, градиме ефикасна училишна мрежа која ќе доведе до најдобар успех на учениците со рационално користење на ресурсите. Го реформираме гимназиското образование, го прошируваме концептот на дуално образование и развиваме нови регионални центри за стручно образование и обука. Наставниците продолжуваат со сериозни обуки, затоа што тие се темелот на целиот воспитно-образовен систем, велат од МОН.

Подобрување на резултатите на државата на меѓународните тестирања ќе дојде само како резултат на реално подобрување на квалитетот на целиот воспитно-образовен систем и на тоа континуирано работиме.

TIMSS (Trends International Mathematics and Science Study) е интернационална студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија), како и факторите кои влијаат на тие постигања.

Во меѓународни рамки, Сингапур го држи првото место и по математичка писменост и по наука, се додава во соопштението на МОН.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче треба да знае дека ниту Заев, ниту лидерска средба нема да го направи лидер на опозиција, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„СДС по изборите на 8 мај кога граѓаните им дадоа црвен картон, наместо да наоѓа начин за консолидирање, бара начин за факторизирање на општествената и политичката сцена, без работа на терен“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„СДС комплетно се лаже дека барањето за лидерска средба, ќе го направи Филипче лидер.

Филипче треба да знае дека ниту Заев, ниту лидерска средба нема да го направи лидер на опозиција.

Филипче најдобро да си излезе на терен и да се соочи со реалната ситуација, а тоа е негативното мислењето на народот за нив.

СДС ако толку многу сакаат да зборуваат за некоја тема, слободно можат тоа да го направат во парламентот, ама со оглед на тоа што немаат што да кажат апсурдно повикуваат на лидерска средба преку медиумите, се со цел да се факторизираат.

На сите им е јасно дека СДС е на колена, дека е партија без кредибилитет, која се занимава само со криминални политики, и која направи грабеж и банкротирање на државата“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заглавено лице во сопствената викендица во селото Цветово: поради наноси од снег над 60 сантиметри

Објавено пред

РЦУК Скопје, известува дека утрово во 09.18 часот, добиле пријава од заглавено лице во месноста „Празни торба“ – Црни врв, с.Цветово (Општина Студеничани), коешто се наоѓало во сопствена викендица.

dobivaj vesti na viber

Според известувањето од пријавителот, на местото каде се наоѓал имало наноси од снег кои биле повисоки од 60 сантиметри и лицето не било во можност да го користи сопственото моторно возило иако поседувало зимска опрема.

Од страна на РЦУК Скопје известен бил градоначалникот на Општина Студеничани, кој информирал дека имаат договор со фирма за чистење на снегот, но само до населените места.

Во 15.30 часот, вчера, од градоначалникот била добиена информација дека не успеале да обезбедат багер за чистење на снегот, но на пријавителот му било понудено да биде евакуиран со возило-мотор со гасеници, но истиот го одбил тоа, бидејќи не сакал да го остави возилото.

Дел од регионалните центри за управување со кризи според ЦУЈК известиле и за населенте места каде електричната енергија се уште е во прекин после врнежите од дожд и од снег на повисоките места.

„Регионалниот ЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ЕВН Македонија дека поради дефекти настанати од врнежи од снег без електрична енергија од 07:00 часот се селата Рожден, Мајдан и Моклиште (Општина Кавадарци).
РЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од ЕВН Македонија дека по последните обилни врнежи од снег во мавровскиот регион без напојување со електрична енергија се селата: Сретково, Железна Река, Страјане , Богдево, Ничпур и караулата „Стрезимир“. Екипите на ЕВН не можеле до сега да интервенираат поради висината на снежната покривка и недостапните патишта. Се очекува интервенција на екипите во текот на денешниот ден“, објави ЦУК.

Од центарот потсетуваат дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Во математика од 58 држави, нашите ученици се на 44 место, во природни науки сме три места подолу, велат од МОН

Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно...

Македонија37 минути

Заглавено лице во сопствената викендица во селото Цветово: поради наноси од снег над 60 сантиметри

РЦУК Скопје, известува дека утрово во 09.18 часот, добиле пријава од заглавено лице во месноста „Празни торба“ – Црни врв,...

Топ2 часа

Две лица паднаа од зграда во Кисела Вода: жената починала на местото на несреќата, 9-годишно дете пренесено во болница

Вчера во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда....

Скопје2 часа

1735 пензионери ќе добијат по 2.500 денари пред празниците, кажа Герасимовски

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека е завршен јавниот повик за доделување еднократна парична помош во висина од...

Македонија3 часа

На земјиштето позади поликлиниката Бит пазар, поставил рампа и наплаќал паркинг: Обвинителството поднесе обвинение

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно...

Свет3 часа

(Видео) Мајката на единствената Британка заложник на Хамас: Се плашам од најлошото, но Трамп ми дава надеж

Мајката на единствениот британско-израелски заложник што го држи Хамас, ги опиша за Би-би-си нејзините растечки стравови за животот на нејзината...

Македонија3 часа

ДУИ до Филипче: Kопирањето на ВМРО- ДПМНЕ во користењето на албанофобијата преку анти-ДУИ наратив за политички поени не е здраво за државата

„Последните изјави на Венко Филипче, каде што тој се обидува да го искористи анти-ДУИ наративот за да ги прикрие неуспесите...

Свет5 часа

Израел го предупреди Либан: Ако не се погрижите Хезболах да го почитува мирот, ќе ве нападнеме

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, вчера предупреди дека ако пропадне неодамна постигнатото примирје со Хезболах, државата Либан ќе...

Свет5 часа

Парламентот на Јужна Кореја бара импичмент на претседателот

Јужнокорејските парламентарци денеска ќе побараат импичмент на претседателот на земјата, кој прво прогласи, а потоа ја укина воената состојба, што...

Свет5 часа

Русин и Американец се расправаа во Советот за безбедност за Сирија: Немате храброст да го осудите очигледниот тероризам

Русија и САД се судрија вчера на состанокот на Советот за безбедност на ОН, свикан поради ненадејната ескалација на конфликтот...

Свет14 часа

Претседателот на Јужна Кореја најави дека ќе ја укине вонредната состојба

Јун Сук Јеол, претседателот на Јужна Кореја, најави дека ќе ја укине вонредната состојба. Тој рече дека тоа ќе се...

Топ20 часа

Трагедија во Гевгелија: младо момче падна од зграда и загина

Дваесет и едногодишно момче (Б.Б.) од селото Орашац, кумановско, паднало од зграда, а подоцна и починало. Несреќата се случила додека младиот...

Македонија21 час

Владата не гледа објективна причина за лидерска, СДСМ смета дека е неопходен дијалог поради меѓуетничките односи

Влада не ја гледа објективноста на барањето за лидерска средба. Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање за барањето...

Македонија21 час

Еден од девет смртни случаи кај децата до една година е поврзан со загаденоста – ќе се протестира на 10 декември

Во вторник, 10 декември, во 16 часот, ќе биде одржан протест поради загадениот воздух. Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, која...

Македонија22 часа

Наставници кои воопшто не го знаат знаковниот јазик им предаваат на учениците со оштетен слух во средното „Партенија Зографски“, утврди омбудсманот

Канцеларијата на народниот правобранител утврди дека во единственото државно средно училиште за ученици со оштетен слух во земјата, „Партенија Зографски“...

Македонија22 часа

Герасимовски: Проблематичниот ученик не смее да биде лишен од образование, но процедурите за преместување морало да се запазат

Општина Центар целосно ги поддржува учениците, родителите и раководството на ООУ „11 Октомври“ за соодветно и институционално решавање на случајот...

Македонија23 часа

Истекува рокот за возачките дозволи, граѓаните да ги обноват за да не се создаде метеж, апелира МВР

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, во согласност со промената...

Регион1 ден

Болтон: Нестабилен Балкан не е во ничиј интерес

Нестабилен Балкан не е во ничиј интерес и сега Балканот треба да има поголем приоритет отколку што беше случај за...

Македонија1 ден

(Фото) Спречено шверцување масло од црно семе, фиберскопи, делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење, при што е запленета разна стока, меѓу коишто...

Македонија1 ден

Скопјанец осомничен за пожарoт во Адвокатската комора: со секира ја скршил влезната врата и потпалил керозин и плински боци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе nаредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил...