Македонија
(Видео) Костовски: Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски, процесите против ЕУ се осудени на неуспех
Иницијативата за референдум е единствено за личен спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец, еден ретрограден процес кој има цел да го попречи интегрирањето на земјата во ЕУ и враќање во едни минати времиња на изолации, рече денеска пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, по официјалното доставување на иницијативата за референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието.
Улогата на Собранието е само во оценување на уредноста на иницијативата. Откога ќе пристигне и ќе ја помине собраниската процедура, ние ќе се изјасниме како пратеничка група, како партија и парламентарно мнозинство, додаде Костовски.
„СДСМ е на страната на граѓаните, на страната на државата. Од независноста во 1991 година па наваму Собранието и пратеничката група на СДСМ е на линија на државниот интерес и сите донесени одлуки се во оваа насока, во интерес на граѓаните. Така ќе биде и овој пат. Како владејачко мнозинство соопштивме дека оваа иницијатива е едно ретерирање, еден ретрограден процес, кој има цел да ја одведе Република Северна Македонија во изолации, во минати времиња. Како парламентрано мнозинство ние сме на иста линија во намерата и целта да се изоди европскиот пат на државата. Процесите против ЕУ се осудени на неуспех. СДСМ е на страната на граѓаните, на страната на државата и се надевам дека ќе преовлада разумот и кај опозицјата“, рече Мартин Костовски.
„Активните и пасивни блокади на ВМРО-ДПМНЕ се одлика на плашливото кукавичко однесување на Христијан Мицкоски. И оваа иницијатива за референдум е токму тоа, еден вид кучавичино јајце во јавноста сѐ со цел да се сочуваат фотелјата на Христијан Мицкоски во белата палата и малата група послушници што се околу него. Сведоци бевме на многу изјави на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои не се сложуваат со ваквото однесување на лидерот на опозицијата, особено во вакви важни, круцијални моменти за државата. Единствено за зачувување на позицијата на Мицкоски и неколку негови верни поддржувачи“, изјави денеска Мартин Костовски, пратеник од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: За делницата Градско – Дреново ги поздравуваме работниците, тие го направија ова да изгледа импозантно
„Експресен пат за Прилеп, делница Градско-Дреново. Инвестиција вредна 37.500.000 евра. Три клучки, четири вијадукти, четири надвозници, три подвозници. Ги поздравуваме и им се заблагодаруваме на работниците затоа што тие го направија ова да изгледа импозантно. Заедно да продолжиме да ја градиме Македонија!“ напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
Експресниот пат Градско – Дреново во должина од 15,5 километри вчера беше пуштен во употреба.
Делницата почнува кај клучката Градско, а завршува кај клучката Дреново. Проектот е проценет на вкупна вредност од 37 милиони евра, од кои над 70 отсто се финансирани од фондовите на Европската Унија.
Македонија
Ги повикуваме на разговор доколку вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно УПОЗ е синдикална организација што обработува за нечии партиски интереси, велат од Владата
Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог, велат од Владата за протестите на дел од јавната администрација и за барањето поголеми примања.
„Жалиме што УПОЗ и покрај Економско-социјалниот совет како тело во кое учествуваат и на кое секогаш сме дискутирале за сите предизвици, избра да протестираат. Владата докажа и покажа дека е партнер на работниците, затоа потенцираме дека како Влада сме спремни да седнеме на маса и да ги разгледаме сите предлози од страна на синдикатите. Штрајкот како прво решение не е легитимен чекор и покажува политичка инструираност“, наведуваат од Владата.
Од таму посочуваат дека протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани.
„Доколку УПОЗ вистински се грижи за платите на работниците, ги повикуваме на разговор сѐ со цел вистинско изнаоѓање решенија. Во спротивно останува сомнежот дека УПОЗ е синдикална организација што обработува за нечии партиски интереси, кои не мислат ништо друго, освен собирање ситни политички поени на грбот на граѓаните“, соопштија од Владата.
Државната администрација од неколку министерства и денес излезе на получасовен протест со барање за 30 отсто поголема плата и потпишување на колективниот договор. Претседателот на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, денес, пред Министерството за култура, ја замоли опозицијата да не се лепи на протестот, а на Владата ѝ порача да не го меша УПОЗ со некој друг синдикат.
Македонија
Мисајловски на средба со семејствата на загинатите бранители: Она што македонските херои го оставиле за Македонија секогаш треба да остане во срцата на сите нас
Денеска во Домот на Армијата во Скопје, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со семејствата на загинатите бранители и со претставници од Здружението на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Македонија „Херои на Македонија 2001-2015“.
За време на средбата, на која што се разговараше за прашања кои се од особена важност за семејствата на загинатите бранители, министерот Мисајловски истакна дека грижата за семејствата на бранителите ќе продолжи и дека со заедничка соработка со Здружението „Херои на Македонија 2001-2015“ достојно ќе се негува и чува споменот на македонските херои.
„ Знајте дека со цело срце ве почитувам сите вас, она што македонските херои го оставиле за Македонија секогаш треба да остане во срцата на сите нас “ рече Мисајловски и додаде дека во рамки на законските можности лично ќе се заложи за поддршка и помош на секое семејство.
Претседателот на здружението „Херои на Македонија“, Владо Стојановски, се заблагодари за организацијата на настанот на кој отворено се дискутираше за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат семејствата, а со тоа се оддава почит на бранителите.