Македонија
(Видео) Николова: ВМРО-ДПМНЕ во ек на најголема светска економска криза дејствува на штета на граѓаните
„Со месеци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски го блокираа законското решение со кое од Европската банка за обнова и развој требаше да се обезбедат 100 милиони евра за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза. По неколкумесечни блокади ЕБОР ги повлече средствата бидејќи тие веќе не можеле да бидат замрзнати и ги пренаменила за други држави“ рече на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Николова.
Таа посочи дека „заради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата, граѓаните останаа без 100 милиони евра помош и тоа во време на криза, кога тешко во светот тешко се доаѓа до заеми и друг вид на финансиска помош“.
„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бесрамно лажеа дека услов за овој заем било затворањето на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Не е првпат државата финансиски да биде оштетена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, слично беше и со заемот од Светска банка за време на кризата со коронавирусот, кога тогашаната заменик министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска со месеци не го потпишуваше заемот. Како ниту една опозиција во светот, ВМРО-ДПМНЕ во ек на најголема светска економска и енергетска криза дејствува на штета на граѓаните и државата“ рече Николова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратениците на Влен би ги гласале уставните измени и денес, но потребен е политички договор и предвидливост во процесот, вели Гаши
Уставните измени за внесување на Бугарите ќе се случат тогаш кога владејачката коалиција ќе биде сигурна дека ќе има парламентарно мнозинство и кога ќе има предвидливост во процесот која нема да значи нова блокада на земјава за членство во Европската Унија. Ова е ставот на претседателот на Собранието Африм Гаши на само неколку дена до Нова година, рок која многупати беше посочен како период во кој би се случиле уставните измени пред доаѓањето на власт на новата коалиција.
„Коалицијата Влен, сите пратеници, стојат зад тоа и ние ако би дошле на дневен ред уставните измени би ги гласале и денеска, но мислиме дека треба заеднички да се договориме кога тоа е најдобро за државата, за сите граѓани и затоа правиме максимални напори како парламентарно мнозинство да ги донесеме уставните измени кога ќе биде најдобро за нашата држава, кога ќе има политички договор околу тоа и кога ќе бидеме убедени дека имаме предвидливост во процесот. Тоа значи дека нема да имаме повторно вето за три месеци, за шест месеци и така натаму“, рече претседателот на Собранието, Гаши.
Тој е подготвен уставните измени да ги стави на дневен ред веднаш штом некој тоа го побара иако ставот на владејачкото мнозинство е дека треба да се чека предвидливост на процесот.
„Процедурата за уставни измени е пропишана во Уставот и во Деловникот. Секој кој ги исполнува условите може да покрене иницијатива, но ние како парламентарно мнозинство мислиме дека треба да има политичка волја и политички договор за кога ќе почне процедурата, да биде спроведена. Знаете дека уставни измени се случуваат кога за тоа гласаат две третитни од нашето Собрание и ние кога ќе сме сигурни дека тоа ќе биде прифатено од мнозинството пратеници во нашето Собрание, тогаш ќе ја почнеме процедурата. Во другиот случај, никому не можеме да забраниме, но мислиме дека не е добро да се експериментира со такви постапки“, објасни Гаши.
Претседателот на Собранието нагласи дека уставните измени се комплексно прашање кое не зависи од еден политички сегмент и елемент.
Скопје
(Фото) Герасимовски: Џез, вино и костени, предновогодишна вечер за скопјани
Градоначалникот Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на настанот „Џез под ламба“ кадешто беа изведени македонските евергрини во џез верзија на Искра Србиновска квартет.
„Синоќа, Скопје беше обвиено во звуците на македонските евергрини, мајсторски преработени во џез верзии од Искра Србиновска квартет. Во предновогодишна атмосфера, со убави разговори и многу позитивна енергија, заедно го одбележавме културниот настан Џез под ламба. Подиумот беше отворен за сите – од најмладите до највозрасните! Сите во еден глас и ритам се потсетивме на безвременските евергрини, песни што ги обележале животите на многу генерации, а и понатаму ги инспирираат новите“, истакна Герасимовски.
Општина Центар продолжува да ги поддржува македонските уметници со организирање на вакви слични културни настани во кои се оддава признание на македонската музика.
Македонија
Претседателката Сиљановска – Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија.
За претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, Дејан Георгиевски, Евгенија Теодосиевска, Жарко Башески, Оливера Наковска Бикова и Весна Петрушевска.
Комисијата за одликувања и признанија ја сочинуваат поединци кои во текот на својата професионална кариера имаат остварено значајни постигнувања и стекнато висока репутација во македонското општество. Тие се признати експерти, кои со своите трудови и постигнувања се истакнале во различни области на општествениот живот како што се науката, културата, уметноста, образованието, здравството, спортот, се наведува во соопштението.