Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ако Љушев зема плата од над 700 илјади денари, колку земал Ковачевски како десетгодишен директор во Телеком?
Ако директорот на Телеком Љушев зема плата од над 700 илјади денари месечно, колку земал Ковачевски како десетгодишен директор во Телеком?Функционерите на власта, па и Ковачевски се паразити кои ги цицаат парите на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Додека граѓаните и со две минимални плати не можат да го прехранат своето семејство, луѓето на Ковачевски земаат енормни плати без притоа никој да не знае и што работат.
Еден од паразитите на власта е и Фестим Халили, пак, од позиција директор на ФИТР зема 1.000 евра месечно и скоро 50 илјади за мандат, за нешто за кое граѓаните немаат апсолутно никаква корист. Уште еден пример за неразумна плата е и Миѓен Селмани член на Управен одбор и директор во М-НАВ кој зема 3000 евра месечно или 144 илјади за мандат.
Тука е и Кире Наумов од СДС, директор на Македонска банка за обнова и развој, е уште еден во низата функционери дел од аферата Паразити. Наумов, кој беше допопнителен заменик министер за финансии на СДС, денес месечно зема над 2.500 евра плата, за една година тој наплаќа над 30.000 евра, а за еден мандат дури 120.000 евра. Значи додека владата им зема оброк на студентите, Наумов заработува на грбот на државата 2.500 евра секој месец. Додека пак директорот на АЕК, Јетон Акику, зема плата од 132.000 денари, поточно над 2.000 евра месечно или за една година околу 30.000 евра.
Уште еден во низата функционери со високи плати, е и Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком, каде сопственост има и државата, е со плата од над 6.000 евра месечно. Тој, за една година зема 72.000 евра, а за еден мандат од 4 години дури 288.000 евра. Тоа е исто, како директорот на Телеком Љушев, кој за само еден месец зема 11.500 евра, тоа за една година се над 138.000 евра, додека за еден четири годишен мандат над 552.000 евра. Но исто така и Ковачевски го граба народот. Имено, соларниот картел почнува со доаѓањето на СДС на власт, од тогаш до денес бизнисот е тежок 26 милиони евра. Дезертерот Ковачевски ја основа „Пиксел Груп“ 5 месеци по доаѓањето на СДС на власт.
„Пиксел Груп“ е централната фирма во аферата „Броило“, и таа сега е содружник со бугарска фирма, со која заедно градат фабрика во Тетово од 54 милиони евра. „Пиксел Груп“, основана од Ковачевски добивала и државна помош, и тоа во време кога тој е и заменик министер, но и мандатар за состав на влада.
Функционерите на СДС наместо да работат за граѓаните, тие се грижат колку повеќе да грабнат пари и да склучат договори во четири очи“ се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија
Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен кривичен суд Скопје, изразува длабоко жалење за загубениот млад живот при сообраќајната несреќа која ја потресе јавноста, се наведува во пишаниот допис до медиумите.
„Како судии ги подржуваме граѓаните во нивните барања за Системските промени, што впрочем е и заложба на Премиерот, а се однесува за зголемување на безбедноста во сообраќајот, што во извесна мера значи и промена на одредбите во Кривичниот законик за овој тип на кривични дела, кои очигледно често се повторуваат, а кои одредби неретко и ги „ограничуваат“ судиите во нивното постапување.
Поттикнати од бурните реакции во јавноста по повод донесената неправосилна пресуда за сосема друг случај, како судии цениме дека е потребно да се обратиме до јавноста со цел заштита на угледот на
судиската функција, но и демантирање на сите шпекулации и лажни вести. Најпрвин во однос на Кривичната пресуда за предметот К.бр. 1439/24 против В.Ј. , ја информираме јавноста дека истата се однесува на кривичното дело за наркотици и истата сеуште не е правосилна односно е во фаза на одлучување во Апелациониот суд Скопје. Судијата Даниела Алексовска-Стојановска при одлучувањето за санкцијата се водела исклучиво согласно Законските одредби, слободното судиско убедување и
воспоставената судска пракса, како и наводите на јавниот обвинител кој во Завршните зборови навел: обвинетиот е многу млад и до сега не бил во судир со законот, па во овој комплексен предмет најмногу заради возраста на обвинетиот и фактот што потекнува од современо функционално семејство, на судот му останува задачата да определи најдобра санкција, со која ќе му се влијае на обвинетиот да сфати дека преземал противправни дејствија.
Неточни се шпекулациите дека обвинетиот бил претходно осудуван и се воделе други кривични постапки против него, што е евидентно и од наводите на Јавниот обвинител и Казнената евиденција, а кои се тие фамозни 10 пријави по кои постапувал истиот судија за истиот обвинет се прашуваме и ние, зошто такви пријави не се процесуирани до судот.
Изречената кривична санкција била согласно Законските одредби од КЗ, но и како што е предложено од обвинителот во Завршните зборови – најдобра санкција, со која ќе му се влијае на обвинетиот да сфати дека преземал противправни дејствија.
Прашање е дали доколку била изречена и казна затвор, мерката притвор ќе можела да опстои пред повисоките судски инстанци имајќи ја предвид досегашната судска пракса, препораките од Судот за човекови права во Стразбур и постојани критики на Меѓународната заедница дека мерката притвор не смее да се користи како казна. Дотолку повеќе што и при укинување на мерката притвор, Јавниот обвинител не вложил жалба на притворот туку вложил само на кривичната санкција.
Иако не е суштина на проблемот истакнуваме дека судот преку медиумите за прв пат дозна дека, истото лице претходно бил сторител на сообраќајна незгода, но наместо истата да се процесуира во судот, завршила во Јавното обвинителство каде во согласност со обвинителот, платил парична казна од 18.000 денари.
Надлежните органи можат да утврдат дали и во тој случај имало умисла кај лицето.
Како судии ги повикуваме надлежните судски институции да ги искористат механизмите за проверка на првостепната пресуда и да утврдат дали постојат евентуални пропусти во постапката и дали воопшто имало услови за изземање на судијата во контекст на сите шпекулации за нејзина поврзаност со семејството на обвинетиот.
Нејасна е конекцијата на овој предмет со кривично дело, кое било сторено 7 месеци по донесување на првостепена пресуда, или пак со било кој друг предмет кој се водел кај истиот судија.
Неказнивоста во нашето општество не е генерирана само од Судската власт, туку е проблем на сите три власти а тоа може да се утврди доколку се имаат предвид сите Закони за амнестија, помилувања и измени на Кривичниот законик со кои целосно или делумно се ослободени голем број осуденици лица.
Судиите постапуваат исклучиво врз основа на Уставот, Законите и Меѓународно ратификуваните договори, раководејќи се по начелата за независност, непристрасност и правичност, но и начелото на јавност и праксата од јавно достапните правосилни пресуди.
Ја повикуваме јавноста да не подлегнува на провокации, лажни вести и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија, заради постигнување на други цели.
Се додека разумно не се согледаат причините за ваквите пропусти, можноста за нивно повторување се зголемува. Затоа во име, не само на последната жртва, туку во име на сите претходни жртви во сообраќајот, изразуваме сочувство и бараме со рационален и објективен пристап да се утврдат причините за овие немили настани со цел да изградиме побезбедно општество за граѓаните, во чие име ги носиме пресудите, се нагласува во соопштението од судиите и подружницата на здружение на судии на Основен кривичен суд Скопје.
Македонија
Цуцковски: Значајна финансиска поддршка од Министерството за култура за реализација на врвна програма
Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милиони денари.
Директорот на „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски вели дека со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници.
„Годинава се издвоени финансиски средства кои се достојни за една вака голема музичко-сценска манифестација. Ова е значајна финансиска поддршка која ја добиваме од Министерството за култура и туризам за реализација на 40. фестивалски денови кои ќе донесат врвна програма достојна за одбележување на 65. успешни години“, вели Цуцковски.
Според него со реализацијата на програмата на 65. издание ќе се оправда во целост довербата која ја добива Фестивалот од Министерството за култура и туризам. Цуцковски кажа дека имињата на уметниците и деталите за самата програма по традиција ќе бидат објавени на официјална прес-конференција.
Од Фестивалот велат дека програма на „Охридско лето 2025″ е веќе при крај, а во тек се активностите за средување, опремување и адаптација на сцените и сценските простори за реализација на годинешното издание на Фестивалот.
„Огромна благодарност до министерот Зоран Љутков за одобрените 31 милиони денари со што потврдува дека ги препознава вистинските културни вредности. Ќе понудиме програма која ќе го надополни квалитетот на најголемиот културен настан како кај нас, така и на светската уметничка сцена“, вели Цуцковски.
Македонија
Герасимовски: Почна расчистување на дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец
Службите на Општина Центар започнаа акција за чистење на голема дива депонија во Буњаковец, на локацијата позади катната гаража. Станува збор за јавен простор, нелегално заграден и узурпиран, кој од несовесни лица бил користен за одложување смет и мешан комунален отпад. Инспекциските служби на самото место затекнаа огромна количина отпад кој бил собиран, претставувајќи потенцијално жариште на зарази и закана за здравјето на жителите, особено поради тоа што се работи за локација во близина на трговскиот центар, станбени згради и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци”, информираат од Општина Центар.
Градоначалникот Герасимовски потенцира дека изминатиов период се расчистени повеќе депонии, како онаа кај Ист Гејт, а Општината поттикната од непостапувањето на Град Скопје, започна и голема акција во соработка со граѓаните, под мотото „Центар не чека, Центар чисти.“
,,Во рамки на оваа акција, исчистивме повеќе населби, особено просторот околу контејнерите и кантите кои се под надлежност на Град Скопје, но не се одржуваат редовно и претставуваат жаришта на зарази. Граѓаните на Центар заслужуваат чисти улици и места каде што ќе можат безбедно да го поминуваат своето слободно време во здрава животна средина”, истакна Герасимовски.
Тој посочува дека чистењето на дивите депонии останува приоритет, со цел да се спречи загадувањето и да се заштити здравјето на граѓаните.
,,Ги повикувам сите жители да се приклучат кон акцијата и да пријавуваат диви депонии, но пред сè да покажат еколошка одговорност и грижа за својата населба и околина”, апелира градоначалникот на Општина Центар.