Македонија
Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-174, Куманово-17, Штип-19, Прилеп-12, Тетово-26, Велес-12, Битола-20, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-56, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-3, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Делчево-7, Свети Николе-7, Кичево-3, Неготино-4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти од: Скопје-210, Куманово-35, Дебар-8, Штип-25, Прилеп-53, Тетово-38, Велес-26, Битола-3, Кавадарци-14, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-19, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-8, Кратово-6, Свети Николе-18, Неготино-6.
Починати се 35 лица, десет пациенти од Скопје (46, 68, 79, 76, 76, 73, 48, 66, 71 и 66г ), тројца од Куманово (67, 82 и 79г), еден од Штип (79г), двајца од Прилеп (68 и 69г), еден од Тетово (84г), еден од Велес (73г), двајца од Битола (88 и 77г), еден пациент од Охрид (82г), еден од Кавадарци (73г), четири пациенти од Гостивар (75, 73, 50 и 43г), еден од Дојран – ПЕ Гевгелија (65г), двајца од Струмица (48 и 75г), еден од Радовиш (76г), еден од Кочани (67г), двајца од Берово (70 и 53г) и двајца пациенти од Кичево (54 и 70г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546, а бројот на активни случаи изнесува 20687.
Од вчера се евидентираат три контрони теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 24109, активни 9837
• Куманово 3444, активни 940
• Дебар 430, активни 87
• Штип 2439, активни 531
• Прилеп 2608, активни 965
• Тетово 3550, активни 989
• Струга 1283, активни 419
• Велес 1752, активни 770
• Битола 1722, активни 863
• Охрид 1399, активни 590
• Кавадарци 1059, активни 440
• Гостивар 2163, активни 793
• Гевгелија 658, активни 226 (49 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 118 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1556, активни 598
• Крива Паланка 393, активни 126
• Радовиш 388, активни 124
• Крушево 113, активни 71
• Кочани 1159, активни 324
• Пробиштип 322, активни 76
• Демир Хисар 173, активни 75
• Македонски Брод 145, активни 31
• Пехчево 95, активни 24
• Берово 335, активни 96
• Валандово 191, активни 72
• Виница 345, активни 182
• Делчево 400, активни 176 (108 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 144, активни 70
• Свети Николе 748, активни 222
• Кичево 1129, активни 518
• Ресен 402, активни 165
• Неготино 473, активни 287 (46 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1176 теста се преку: ИЈЗ-595, ЦЈЗ Скопје-31, Авицена-0, Биотек-32, МАНУ -91, Жан Митрев (Филип Втори)-156, Систина со PCR метода -222, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-27, Инфективна клиника-3, ГАК-1, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -18, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 313.519 тестирања на Ковид -19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 610
• Гази Баба – 1474
• Аеродром -1407
• Карпош – 1188
• Центар – 1180
• Кисела Вода – 1196
• Ѓорче Петров – 823
• Бутел – 552
• Шуто Оризари – 184
• Студеничани – 52
• Сарај – 151
• Арачиново -32
• Илинден – 244
• Сопиште – 66
• Чучер Сандево – 103
• Петровец –126
• Зелениково -73
• Странец – 173
• Нераспределен- 203
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации
„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.
Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.
„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.
Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.
„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО – ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Македонија
Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај
Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста, рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
– Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово. Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија, рече тој.
На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија, додаде Проданоски.