Македонија
За загадување на Маркова Река, ЈП „Дрисла“ се соочува со глоба од 120 илјади евра
ЈП „Дрисла“ – Скопје се соочува со глоба од 110 илјади до 120 илјади евра, а управителот со глоба до 6 илјади евра, соопштија владините служби.
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице ЈПДКО „Дрисла“ – Скопје и против управителот пред Основниот кривичен суд во Скопје поради одбивање потпишување на записникот за спогодба од страна на директорот на Јавно претпријатие за депонирање комунален отпад „Дрисла“ – Скопје по извршениот вонреден надзор.
Изречената казна следува по вонредниот надзор на Инспекторатот на 4.9.2023 година по дојава на граѓани од селото Батинци за загадување на Маркова Река во претпладневните часови.
При вонредниот надзор визуелно е утврдено дека има загадување на Маркова Река со темнокафеава течност, но при надзорот не е почувствуван некаков мирис.
Според ДИЖС, истиот ден од страна на акредитираната лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“ – Скопје земени се мостри од три места за анализа на водите од Маркова Река, како и една дополнителна мостра доставена од граѓани од Батинци.
Наодите од визуелниот надзор и резултатите од акредитираната лабораторија која анализира земени мостри утврдија концентрации на загадувачки супстанции над дозволените гранични вредности и тие потекнуваат од исцедокот од депонијата.
Заштитата на животната средина е еден од врвните приоритети на Владата на Република Северна Македонија и ја поддржуваме секоја акција во насока на заштита на природата и животите на нашите граѓани. Наша цврста определба е примена на европските стандарди во сите сфери на општеството, вклучувајќи ја и животната средина, за што сведочи и нашето дејствување со конкретни активности во правец на овозможување чиста животна средина и зачувување на природниот екосистем, велат од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, ќе има и други случаи
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека последниот случај во АД ЕСМ „Адитив“ не е единствен и нема да се заврши тука, ќе има и други случаи, јавноста ќе дознае кој е одговорен и кој ги крадел македонските граѓани и свесно уништувал, и одговорност мора да има.
„Тоа што се отпочна случај за адитивите кои се користени во АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ во производниот процес можам да кажам како инженер, професор и човек кој одреден период поминал во таа институција за менаџирање на истата, не само што немало потреба толкава количина за набавка на истите, туку и цените се надвор како што велат правниците правило на испружена рака, нивната рака долго се испружувала и завршувала во џебови кај поединци“, изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски истакна дека е убеден и за осомничениот кој не е достапен на органите на истрагата дека еден ден ќе биде достапен и ќе одговара, бидејќи како што посочи по седум години долгот е околу 5 милијарди денари, а нанесена е штета врз производниот енергетски систем со неспроведување на вистински ремонти туку со шпекулативни во смисла на нестручно и ненавремено.
„Би сакал да напоменам дека на тој начин што се несовесно се управувале производните комбинати во АД ЕСМ се нанесе и удар на суверенитетот на државата бидејќи ние не сме земја која има наоѓалишта на нафта или гас, со што директно се загрозија работни места на илјадници граѓани, и индиректни десетици илјади кои работат во компании кои соработуваат со АД ЕСМ“, рече премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски додаде дека изминатите 7 години воедно се намалил производниот капацитет од 209 мегавати електрична енергија на мрежа до 145-150, а нови проекти и немало.
„На владина седница одглавивме два проекти, сакам да ја истакнам втората фаза од ветерниот парк во Богданци, нешто што претставува квалитетен проект, вториот е сончевата централа во Битола. Овие два проекти се обезбедени од европски банки, вредноста е стотина милиони евра што ќе додаде вредност во производното портфолио. Најголем дел злоупотреби се правени во надворешна механизација за ископ на јаглен ако направите математика ќе дојдете до заклучок дека денот нема 24 часа, туку 36, а годината нема 365 дека туку 450 или 500 дена, се побивани законите на физиката и би сакал во доказна постапка ако се отвори случај да ги слушнам кои им се објаснувањата“, рече премиерот Мицкоски.
Македонија
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
Има активна забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија не е прооден од снежни наноси и навеви од снег.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Николовски: Растат цените и трошоците за живот, зошто минималната плата не мрда?
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во рамките на денешната собраниска седница упати прашање до заменик министерот за економија Марјан Ристески дали Владата планира Владата да го прифати предлог законот за зголемување на минималната плата, поднесен од СДСМ.
Во услови на растечка инфлација и трошоци за живот, сметаме дека фокусот треба да биде на зголемување на платите и растот на стандардот на граѓаните, што беше клучна политика во изминатиот период, истакна Николовски.
Николовски нагласи дека минималната плата не мрдна во изминатите 6 месеци, додека владата предводена од СДСМ ја покачи од 8 на 22.567 денари.
Заводот за статистика евидентираше раст на инфлацијата од 4,3%, синдикалната кошничка во декември е повисока за 840 денари, изнесува близу 63.000 денари, потребни се три минимални плати за нејзино покривање. Секаде во регионот се зголемува минималната плата само кај нас не мрда. Зошто не прифатите да се покачи минималната плата за работниците?, нагласи Николовски.