Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа
Коносителката на ИЕ5 и министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го Светскиот ден на слободата на медиумите потсети дека СДСМ во целиот свој мандат поттикнува демократска и слобода атмосфера во општеството.
„Направивме законски измени со кои нападот врз новинар се квалификува како напад на службено лице, заради поголема заштита на луѓето кои ја вршат оваа значајна општествена професија“, вели Костадиновска-Стојчевска.
Таа додава дека наспроти децениската репресија и прогон кон медиумите и новинарите, насилното затворање медиуми и користење на институциите за пресметка со новинарите, СДСМ значително го подобри медиумскиот амбиент и критичкото новинарство.
„Не приведуваме новинари за искажан збор, не тужиме редакции за објавени текстови, не затвораме медиуми кои не критикуваат“, вели Костадиновска-Стојчевска на Светскиот ден на слобода на медиумите кога „Репортери без граници“, во својот извештај забележа прогрес за Северна Македонија.
Според овој извештај, државата годинава има напредок и е рангирана на 36 место на Индексот за слобода на медиумите, што е за две места подобор од 38 место лани. Во 2016 бевме на 118 место.
„СДСМ е демократска партија која на дело покажува како се почитува слободата на медиумите и новинарската мисла. Остануваме лидери во регионот по слободата на новинарското изразување“, вели Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека актуелните времиња носат и нови предизвици за медиумите и медиумските работници, а технолошкиот развој носи и бројни ризици за самата професија.
Според Костадиновска-Стојчевска, слободата на новинарската мисла и подобрување на условите за медиумските работници остануваат приоритет на социјалдемократите кои остануваат силни поддржувачи на професионалното и непречено изразување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.