Македонија
МЕР: Копањето на Водно е почнато од понеделник, со согласност од активистите
Од АД Македонски енергетски ресурси (МЕР), по денешните реакции во јавноста дека на Водно одново е почнато со градежни активности, кои претходно беа запрени, велат дека новата фаза е стартувана од понеделникот (8. октомври).
Од МЕР објаснуваат дека ова се случува по постигнување на согласност со граѓанските активисти кои ќе бидат дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.
Сепак, активистката Мира Беќар од иницијативата „Го сакам Водно“ за „Макфакс“ претходно рече дека во понеделникот била на Водно и одговорно тврди дека таму немало отпочнати градежни работи.
Активностите се во рамки на продолжувањето на изградбата на магистралниот гасовод делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Во живо) Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.
Македонија
Меџити гласаше и упати порака до граѓаните: Не заборавајте дека секој глас е важен
Претседателот на Демократското движење и носител на листата на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.
„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.
Македонија
Силјановска-Давкова: Како одговорна граѓанка со својот глас ги удостоив и парламентарните и претседателските избори
Како одговорна граѓанка, со својот глас ги удостоив парламентарните и претседателските избори, информира Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за претседател на државата, по гласањето за парламентарни и претседателски избори.
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места беа отворени во седум часот, а беа затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните одлучуваа меѓу Гордана Силјановска-Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните избираат помеѓу 17-те изборни листи.