Македонија
Митева: Ковачевски да не ги држи во тајност одговорите за пакетот 5+1 кои се доставени до Бугарија
Кариеристот Димитров конечно призна дека Македонија преку него и Заев премногу ѝ ветила на Бугарија со надеж дека ќе го реши спорот. Иако на излезот од неговата кариера реши да замине со обвинувања кон неговите довчерашни соработници тој по ништо не се разликува од Заев и Османи. Димитров заедно со Османи ќе останат запаметени како најнеспособните шефови на македонската дипломатија. Тие се пријатели по функција, непријатели кога таа не ги спојува, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Додека Димитров обвинува за предавство, Ковачевски мудро молчи за тоа кои одговори Македонија ги дала на пакетот 5+1 кој е испратен од Софија како предуслов за поддршка за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција. Патем оваа делегитимирана влада на СДСМ чека став од страна на Бугарија по однос на овие одговори. Иако, никој не е запознаен за што преговарале Заев, Димитров и Османи. Дали македонската јавност повторно ќе биде изманипулирана и зад декларативна заложба дека ќе се почитува Резолуцијата, Ковачевски по стапките на својот ментор Заев ќе ги подрива македонските позиции?
Додека СДСМ звучи какофонично и дава различни изјави во однос на спорот со Бугарија, Османи континуирано се раководи од предлозите на другите земји членки и секој добиен предлог нему му се чини како нова шанса за брзо решение без притоа да се заземе јасен став околу најкомплексното прашање за македонскиот идентитет“, рече Митева.
Таа додаде дека на состанокот во Бугарија, на советот за национална безбедност за прашањето кон Македонија се донесе јасен и конкретен став, додека во Македонија се држат во тајност одговорите за пакетот 5 + 1 кои се доставени до Бугарија на самитот на НАТО во Рига уште пред два месеца.
Ковачевски е должен да ѝ одговори на јавноста кои одговори се дадени и истите детално да ги образложи пред целата македонска јавност, порача Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрото ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност
Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.
Македонија
Без вода делови од скопски Карпош и Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (среда), поради изведување на водоводен приклучок од Ф-300 мм на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.106, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (општина Карпош)
-поради санирање на дефект на два затварачи од Ф-125 мм и Ф-100 мм на ул.Васил Чакаларов бб (Митрополит Теодосиј Гологанов), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (општина Карпош)
– поради водоводен приклучок од ф 200мм на ул Иван Козаров бр 51 без вода ке останат корисниците од следните улици Иван Козаров, Боте Ботевски, Дичо Петров, Божидар Аџија, дел од ул Георги Димитров и дел од ул Вера Јоциќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата (општина Кисела Вода).
Македонија
Без струја делови од скопски општини
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром (општина Ѓорче Перов);
-Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
-Од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од викендиците на Побожје(општина Чучер Сандево).