Македонија
Облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд и снег
Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје облачно и студено со слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.
До петок ќе се задржи значително облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, долж Повардарието со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните, северните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од сабота следува период на стабилно, суво и студено време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Седумте лица заглавени во Лазарополе денеска беа извлечени
Седумте лица заглавени во Лазарополе од вчера, денеска во 13:15 часот, беа извлечени и истите се упатени кон своите домови.
Со силни напори вработените од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од вчера работеа за отворање на патот со тешка механизација со два багери (снегофрлачи) и камион, а двајца вработени на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се здобиле со повреди, известуваат од ЦУК.
Од таму апелираат до сите граѓани да не патуваат во тој дел бидејќи ситуацијата е критична и денеска се уште врне обилен снег.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Фактите и бројките говорат спротивно од СДС, за 6 месеци досега се исплатени над 4,3 милијарди денари кон земјоделците
Фактите и бројките говорат спротивно од празното соопштение на СДС. Во време на СДС доцнеа субвенциите, а родот завршуваше на буниште. Празните џебови не ги забораваат земјоделците, затоа и ги казнија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, затоа откако Владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ за период од овие 6 месеци се исплатија сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари. За изминатите два дена се исплатени над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година. Вкупно за 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци“, потенцираат од партијата и додаваат:
„Политичките флоскули на СДС земјоделците ги прочитаа многу одамна. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за земјоделците, се што се вети веќе се исполнува“.
Македонија
На Стража укината забраната за камиони
Денеска во 15.05 часот на планинскиот премин Стража е укината забраната за ТТВ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.