Контакт

Македонија

Презентирани мерките за помош: Се намалува ДДВ-то и акцизата за горивата, ваучери за загрозени граѓани и пензионери

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски презентираше два пакета за помош на граѓаните. Тој кажа дека има 26 мерки, поделени во две категории. Се намалува ДДВ-то, се воведува маржа, се намалува акциза за поевтини горива. Владата предвидува и субвенции за струја, како и ваучери за загрозени категории граѓани и пензионери. Има и кредити за инвестирање на компаниите во проекти кои се за енергетска ефикасност, за кои нема да се плаќа камата.

dobivaj vesti na viber

„ Усвоиме пакет од 26 мерки поделени во две категории и тоа за заштита на граѓаните и ликвидност на компаниите: Од 5 на 0 проценти се намалува ДДВ-то на леб, шеќер, ориз, јајца, свежо месо… Се замрзнуваат маржи на основните производи за исхрана. Предвидуваме субвенции за најранливите категории граѓани со вредност од 1.000 денари месечно за три месеци за купување  основни производи. Ги укинуваме царинските давачки за увоз на основни производи од сите земји. Се ублажува и ценовниот шок за струјата, повластената даночна ставка која ја воведуваме ќе важи до декември. Со нова методологија ќе има помала цена за мали потрошувачи и домаќинства во однос на струјата. Се субвенционираат пензионерите со 1.000 денари за три месеци, односно 3.000 денари. Ќе се субвенционира и натаму струјата, мерката ќе е активна до јуни 2022 година. Се субвенционира цената на топлинска енергија. Финансирање на проектите за енергетска ефикасност на општините, со што ќе се намали потрошувачката во јавниот сектор. Даваме препорака за промена на методологијата за нафтените деривати. Препораката е да се менуваат цените на дневна основа. Го пролонгираме давање на зелените давачки за деривати, со оглед на големиот пораст на цените. Ја намалува стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти за дел од горивата. Со ова се намалува цената на енергенсите на граѓаните. Ја намалува акцизата врз основа на берзанските цени, што ќе се ублажи цената на енергенсите до 4,3 денари. Дизелот би бил за 10,7 денари помалку, бензин би се точел за 11,5 денари помала цена. Препорака на општините за реорганизација на јавниот превоз за да биде достапен за сите“, објасни Ковачевски.

Тој додаде дека има низа на кредити за финансирање на енергетска ефикасност, зелени кредити, како и кредити за обновливи извори на енергија за компаниите.

„Апелираме до сите институции, стопанство, домаќинства, да водат сметка за трошењето на струјата. Се наоѓаме во сериозна глобална криза, влијанието врз стандардот и економијата се големи. Заеднички ќе ги пребродиме. Стратегијата која ја имаме во овие 26 мерки и препораки, покажува дека сите ресурси се насочени кон граѓаните. Спречуваме ценовен шок врз основните прехранбени продукти и нафтени деривати“, додаде Ковачевски.

Според него, буџетот на Македонија е стабилен и ликвиден.

Македонија

Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)

– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)

– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)

– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)

– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)

– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)

– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)

– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)

– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)

– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)

– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)

Прикажи повеќе...

Македонија

Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):

dobivaj vesti na viber

· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно време, попладне дожд

Објавено пред

Од

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 минути

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет48 минути

Џеј Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет1 час

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „Рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ2 часа

Пукање во Штип, едно лице е повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет11 часа

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија14 часа

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија14 часа

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија16 часа

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ18 часа

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...

Македонија18 часа

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија18 часа

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите по укинувањето на...

Македонија18 часа

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција. „Од моментот на влез во политиката до...

Македонија19 часа

Апасиев од Москва: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз“

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, претседателот на Левицата, Димитар Апасиев, заедно со...

Македонија20 часа

Филипче за можната коалиција со ДУИ и со Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со...

Македонија21 час

30-годишник призна вина за ширење омраза: коментирал објави за Парадата на гордоста во Скопје и повикувал на насилство

Постапувајќи по поднесен обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно...

Топ21 час

Изгоре стан во Кичево, загина жена

Жена загина синоќа во пожар во својот стан. Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна...

Македонија22 часа

„Влен“: Таравари украде пратенички мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој...

Македонија23 часа

ДУИ разочарана: Преку самопонижување албанските партнери од коалицијата „Влен“ ги понижија сите Албанци

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ЛЕН во власта. На јавна сцена...

Свет24 часа

(Видео) Речиси 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот...

Регион24 часа

Вучиќ објасни по кој пат стигнал во Русија: Наместо да ја разберат позицијата на Србија, некои западни претставници испраќаат закани

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера пристигна во Москва. Вучиќ утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската...