Контакт

Македонија

Рашковски: Софтверот е набавен за анализи на сообраќајните прекршоци, не за казнување

Објавено пред

Сведочењето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за обвинетиот ексгенерален секретар на Владата, Драги Рашковски, оди во негова корист и ги поткрепува тезите дека тој е невин. Тој е дециден дека софтверот е набавен за правење анализи како да се намали бројот на прекршоци во сообраќајот, но не и за Генералниот секретаријат да казнува преку него. Прашан дали се планирало софтверското решение понатаму да се имплементира за да преку него се изрекуваат санкции, Рашковски рече дека тоа е одлука на Владата и не била донесена.

dobivaj vesti na viber

„Владата не може, ниту треба да казнува. Казнувањето е во рамките на надлежностите на МВР. И тука нема никаква дилема. Набавката е анализата, која треба да покаже каде се слабите точки и кои се најчестите причини за предизвикување на сообраќајните несреќи. Кога ќе дојде нашиот ред за презентирање, ќе видите кои сè анализи ги прави софтверот и ќе видите кои сè анализи ќе придонесат, придонеле и ќе дадат импут за да се развива безбедноста во државата“, рече Рашковски.

Ексгенералниот секретар објаснуваше и зошто ако софтверот е за анализи го носи називот „софтвер за определување просечна брзина во сообраќајот и одредување казни“ ако со него Генералниот секретаријат не може да казнува.

„Насловот е определување просечна брзина, но софтверот има и 13 други функционалности. Дали е тоа носење појас, преминување на црвено светло, престигнување на полна линија. Во насловот не можете да ги ставите сите функционалности. Дел од насловот, ако веќе тоа предизвикува внимание, е казнувањето. Меѓутоа, софтверот мора да даде аутпут кој прекршок е. Прекршувањето го прави на тој начин што кажува овој човек и ова возило треба да се казни, а не дека тие казни се изречени или им стигнале на домашна адреса на затечените во казнувањето. Целиот процес на анализа е заштитен, па во извештаите никаде не стои конкретна регистарска табличка, туку статистички. На ‘Партизански одреди’ кога сме вршеле испитувања, имате 240 возила поминале, од нив 120 извршиле пречерокување на дозволената брзина. И кога ќе дојде време, ќе ја донесеме опремата и ќе тестираме да видите како функционира“, додаде Рашковски.

Прашан дали имал план овој софтвер поради кој е на обвинителна клупа да го користи за казнување во сообраќајот, Рашковски одговори: „Процедурата оди на тој начин што анализата кога ќе се изработи се доставува до Владата и ние велиме нашата анализа покажа тоа. И Владата одлучува дали ќе задолжи некое министерство или не во насока на понатамошно негово користење“.

Рашковски одговори и прашање дали морало да се набави софтверот за ваква анализа, на што посочи: „Или требаше тоа или за да правите анализа, вие треба да стоите тука и да бележите во тефтерче колку луѓе не носат појас. Ова не е нешто што ние го правиме бидејќи во светот не е познато. Во Србија земете и проверете колку потрошија за ваков систем што го ставија во функција пред три месеци. Ние бевме две години пред регионот за имплементирање на најсовремено решение“.

„Денеска и самите бевте сведоци дека ја разбивме и последната теза на Обвинителството дека софтверот е набавен за потребите на МВР. Софтверот, како што кажа и министерот, е набавен за потребите на Владата во рамките на остварување на нивните активности и законски предвидени обврски за правење анализи. Процесот, односно софтверот, е набавен со цел да се интензивира процесот на инклузија на сите можни фактори, кои имаат знаење, можност и вештини, со цел да се намали бројот на жртви во сообраќајот, бројот на повредени во сообраќајот и да се намали она што е најмалку битно, но е проблем за луѓето, а тоа е помала материјална штета при сообраќајни несреќи. Тезата на Обвинителството, која досега успешно ја пласира преку вас медиумите, а ние не сакавме да ја побиваме со цел да не го попречуваме нивното излагање, сега ја побивме и докажавме преку министерот дека софтверот е законски набавен, со почитување на сите законски процедури, потврдено и преку вештите лица на Обвинителството дека не е прекршен Закон за јавните набавки, ниту кој било закон за располагање средства од буџетот. Софтверот е набавен за потребите на Владата во рамките на остварување на своите обврски“, рече Рашковски.

На реакција од новинар дека Спасовски не кажал дека софтверот е набавен за потребите на Владата, туку дека рекол оти не знаел дека се набавува софтвер, Рашковски додаде: „Министерот рече дека Владата е таа  што има право да врши вакви анализи. Министерот убаво кажа дека секоја институција во рамките на своите буџети располага и ги врши набавките во согласност со расположливите средства“.

Македонија

Утрото ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Објавено пред

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода делови од скопски Карпош и Кисела Вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (среда), поради изведување на водоводен приклучок од Ф-300 мм на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.106, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (општина Карпош)

dobivaj vesti na viber

-поради санирање на дефект на два затварачи од Ф-125 мм и Ф-100 мм на ул.Васил Чакаларов бб (Митрополит Теодосиј Гологанов), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (општина Карпош)

– поради водоводен приклучок од ф 200мм на ул Иван Козаров бр 51 без вода ке останат корисниците од следните улици Иван Козаров, Боте Ботевски, Дичо Петров, Божидар Аџија, дел од ул Георги Димитров и дел од ул Вера Јоциќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата (општина Кисела Вода).

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови од скопски општини

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром (општина Ѓорче Перов);

-Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);

-Од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од викендиците на Побожје(општина Чучер Сандево).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

Првиот американски воен авион со приведени мигранти полета синоќа за заливот Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот...

Свет27 минути

Трамп: САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски...

Европа35 минути

(Видео) Зеленски го изнесе главниот услов за преговори за крајот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска, на редовна седница на Владата практично почнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа,...

Топ19 часа

Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140...

Македонија19 часа

Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош,...

Македонија19 часа

Момчето на Фросина: Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, не ни дозволија заедно да остариме

Момчето на Фросина Кулакова, која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, со потресна објава се огласи на социјалните...

Топ19 часа

Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на...

Македонија21 час

Втор земјотрес во Македонија денеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Регион23 часа

Грција не престанува да се тресе: најсилниот земјотрес утрово со јачина од 4,9 степени, десетици семејства чекаат на пристаништето во Санторини

Утрово четири земјотреси се регистрирани во морското подрачје југозападно од Санторини, од кои најсилниот бил со јачина од 4,9 степени...

Македонија24 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа24 часа

Фон дер Лајен: Ќе ги релаксираме правилата за задолжување доколку земјите членки трошат за одбрана

Европската комисија е подготвена да примени флексибилност во примената на Пактот за стабилност и раст, кој пропишува фискална дисциплина, доколку...

Свет24 часа

(Видео) Ел Салвадор ќе ги прифати депортираните опасни криминалци од САД

Ел Салвадор вчера им понуди на Соединетите Држави да ги прифатат депортираните „опасни криминалци“ во нивните затвори, изјави американскиот државен...

Свет1 ден

Америка има нов министер за енергетика: претходно не се занимавал со политика, туку со нафта

Американскиот сенат синоќа го потврди Крис Рајт, директор на нафтена компанија без политичко искуство, за нов секретар за енергетика во...

Македонија2 дена

Обвинителството тврди дека Палевски го возeл „реното“ на денот на грабнувањето на Вања, одбраната негира

На денешното рочиште за грабнувањето и убиството на 14-годишната, Вања Ѓорчевска и убиството на велешанецот Панче Жежовски, Обвинителството прикажа снимка...

Македонија2 дена

Нема договор за минималната плата, ќе се дефинира официјална потрошувачка кошница, велат од Организацијата на работодавачите

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,...

Македонија2 дена

Филков ја разреши судијката Алексовска-Стојановска од работната група за измени на Кривичниот законик: Да се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина

Министерот за правда Игор Филков ја разреши судијката Даниела Алаксовска-Стојановска од членство во работната група за измени на Кривичниот законик,...

Македонија2 дена

Трајкоска-Стрезоски за случајот со прегазената Фросина: Одговорност на судијката не би требало да има, лично ја познавам

Претседателката на Академијата за судии и обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски, оценува дека судиите се професионалци, кои работат во согласност со законот,...

Македонија2 дена

Не би сакал во вакви моменти на чувства да се носат избрзани одлуки, вели Камбовски за случајот на смртно прегазената Фросина

Судскиот совет будно го следи случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино, уверува претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски....

Македонија2 дена

Секоја година од рак на грлото на матката заболуваат речиси 200 жени, Владата итно да ги зголеми средствата, бараат здруженијата

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), по повод Светскиот ден за борба против ракот, ги повикува Владата...