Македонија
(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“
Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при крај и очекува на почетокот на јануари да биде подигнато обвинение.
„Се привршува истрагата. Се надевам дека на почетокот на јануари ќе биде подигнато обвинение“, рече обвинителката.
Таа кажа дека не знае кој ја пуштил пратеничката Фросина Ременски од споредниот влез на зградата и за тоа може одговор да даде претседателката на Апелациониот суд, бидејќи зградата не е на Обвинителството.
Истрагата беше отворена за исплатата на 720 илјади евра и за парите од струшката фирма на невладината организација на Бојан Јовановски. Покрај Јовановски, осомничени се татко му Миле Јовановски, Фросина Ременски, Јасна Мандиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитриеска-Кочоска – Волерс: Македонија закрепнува и се работи на подобрување на финансиската состојба и на економска трансформација
Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ и министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска оствари средба со секретарот за меѓународна соработка на ЕПП, Патрик Волерс.
ЕПП е движечка сила во ЕУ и од нашето семејство доаѓаат голем број на партии кои се власт во ЕУ и Европа во целост.
На средбата е разговарано за приоритетите на новата влада наметнати од моменталната финансиска и економска состојба на државата.
Од страна на потпретседателката е акцентирано дека државата закрепнува и се работи за економска трансформација.
Воедно договорено е дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со интензивна комуникација со ЕПП во насока на градење на капацитети и општ развој.
Македонија
Мицкоски: Платите во основното и во средното образование ќе бидат повисоки од овој месец
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ветувањето за поголеми плати во образованието, рече:
„Да, да, па од овој месец треба да се, платата во основното и во средното образовани да биде повисока за 5 проценти, мислам сега во ноември за октомври, практично таа што е исплатена. Во април 25-та, практично од мартовската плата ќе бидат за дополнителни 7 проценти. Април 26-та, 7,5 до 10 проценти во зависност од кондицијата на Буџетот. Април за март практично 2027 повторно 7,5 до 10 проценти и веќе април 28-ма за март 28-ма од 10 до 12,5 проценти. Така што минимум во овој дијапазон временски платата ќе биде просечна, во образованието зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 проценти што мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво. Дали е доволно, не е доволно. Но, тоа е во рамките на нашите можности, бидејќи во моментот ако е просечната плата во државата повеќе од 41.000 денари, во образованието таа е 9.000 денари помалку, околу 32.000 денари“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.
Македонија
СДСМ: Тошковски да поднесе кривична и за Митревски, кој не плаќа патарини
По примерот на кривичната пријава поднесена против началник од Кочани, Тошковски и МВР треба да поднесат кривична пријава и против Миланчо Митревски, велат од СДСМ.
„Тој беше назначен за шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец а исто така СДСМ објави и докази дека не плаќа патарини.
Нека покаже Тошковски ист приницип, што чека?
Дали и раководителот Ванчо Милевски кој исто така не плаќа патарини ќе добие Кривична пријава од Тошковски?
Или законите не важат за партиските кадри на ДПМНЕ на патарините?“ – велат од СДСМ.