Македонија
Со 1.500 евра казнет вештак на СЈО кој не се појави на рочиште

Судот на денешното рочиште за предметот „Траекторија“ го казни вештакот предложен од СЈО, Страхил Глигоровски, бидејќи иако уредно повикан не дојде на денешното рочиште за да биде испрашуван.
Судијата Горан Бошевски рече дека поради неговото неприсуство на судењето за кое знаел од претходното рочиште се казнува со сума од 1.500 евра.
Глигоровски на претходното рочиште се изјаснил дека е неподготвен да одговара на прашањата.
Следното рочиште е закажано за 13 ноември.
Во „Траекторија“ обвинети се експремиерот Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и ексвицепемиерот Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски, дека ја злоупотребиле службаната должност за тендерот за избор на компанија изведувач за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.
Обвинети се земање провизии и направена штета на буџетот во вредност од 155 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 14:00 часот, дел од корисниците од населба Бардовци, (во околината на фирмата СВИСЛИОН), општина Карпош;
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Елово, Црн Врв и Малчиште, општина Студеничани;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Трајко Бошковски, општина Ѓорче Петров;
· од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Добри Дол, општина Сопиште.
Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.