Контакт

Македонија

Стојаноска: Груби е зајдисонце, кое е во неуспешен обид заоѓањето да му трае што подолго

Објавено пред

„Ако можам да го споредам и ако премногу добра би била споредбата, Артан Груби е едно зајдисонце, кое е во неуспешен обид ова заоѓање да му трае што подолго. И оваа негова изјава е само во насока за негов личен спас, во насока да ѝ наштети на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што ги зема во прегратка пратениците на Левицата за кои тврди дека сигурно ќе гласале против уставните измени и во насока да ја покрие корупцијата во ДУИ, чиј лидер е еден од првите најкорумпирани“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ги ставовите на Артан Груби.

dobivaj vesti na viber

Стојаноска рече дека Артан Груби не може да се однесува како пророк, а ниту, пак, да говори за европски вредности.

„Не може Артан Груби да се однесува како пророк да кажува што ќе се случува со нашите пратеници и со нашите коалициски партнери затоа што тука сè уште се едни двајца пратеници кои во 2018 не попуштија, би рекла, и на човечки и нечовечки притисоци што тогаш ги имале. Така што ќе кажам дека граѓаните во Република Македонија во моментот на ваква криза најсензитивни се на зборот корупција. И лик како Артан Груби, најкорумпиран во државата, не може да се однесува ниту како пророк, а ниту да зборува за европски вредности“, нагласи пратеничката.

Македонија

Муцунски во работна посета на Австралија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 6 до 13 февруари 2025 година ќе престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на македонски министер за надворешни работи по пауза од 15 години.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на интензивната политичка агенда, планирана е средба со министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг (Penny Wong), на која ќе бидат потврдени добрите и пријателски билатерални односи, како и можностите за нивно натамошно продлабочување, особено на економски план. На средбата се очекува и размена на мислења за актуелните меѓународни прашања.

Покрај политичките средби, агендата на министерот вклучува активности за економска промоција на земјата, како и бројни средби со истакнати стопанственици и претставници на бизнис-секторот. Во рамките на посетата, министерот Муцунски ќе оствари и средби со македонски и австралиски бизнисмени, како и со членови на Групата за пријателство со нашата земја во Парламентот на Австралија.

Во фокусот на посетата ќе биде и средба со претставници на македонската дијаспора во Австралија. Министерот ќе даде и интервју за државното SBS радио на македонски јазик, во кое ќе се осврне на актуелните политики и приоритети во односите помеѓу двете земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Објавено пред

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Јануари 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

05.02.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

06.02.2025– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Прикажи повеќе...

Македонија

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Објавено пред

Скопје и Куманово по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски извести дека од денес почнува да функционира редовна железничка линија.

dobivaj vesti na viber

„Денеска тргнува првиот воз од Скопје за Куманово. Тоа го ветивме на отворањето на железничката пруга Куманово – Бељаковце и еве од денеска е вистина. Во 16.30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово. Патувањето ќе трае 41 минута. Ќе оперира двапати дневно. Наутро во 06.30 ќе тргнува од Куманово за да можат сите оние на кои им е потребно да дојдат тука во главниот град, дали е за работа, дали е за други потреби кои што ги имаат и истиот воз во 16.30 ќе се враќа назад кон Куманово и секако во обратна насока кон Скопје. Значи ќе имаме четири воза дневно коишто ќе оперираат за 41 минута, што ќе се согласите сите, е навистина брзо. Од центар на Скопје до центар на Куманово ќе се патува за 41 минута што многу ќе ја олесни комуникацијата меѓу овие два града“, рече министерот Николоски.

Возот од Куманово ќе продолжи и до Бељаковце, оти само до таму во овој момент имаме железничка линија. Министерот Николовски очекува  од октомври следната година истиот воз да оди и до Крива Паланка, кога ќе биде изградена пругата.

Во овој момент имаме пет активни воза кои оперираат по македонските железници за патнички сообраќај, пет локомотиви кои оперираат за товарен сообраќај и четири локомотиви. Министерот вели дека од нула возови и нула локомотиви минатиот јули сега имаме вкупно 14 на македонските пруги.

Следни железнички линии кои повторно ќе бидат воведени се оние до Тетово и Гостивар со амбиција да се врати и целата линија до Кичево,а понатаму и линиите до Штип и Кочани за кои министерот вели дека се градски линии оти сообраќаат на мали дестинации.

Редовната железничката линија меѓу Скопје и Куманово беше прекината во јуни 2022 година кога без најава и објаснување беа повлечени четирите воза што ја одржуваа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...

Македонија2 часа

Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова...

Македонија2 часа

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејства за обезбедување докази во предмет за кривични дела...

Македонија3 часа

Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја, кое било пронајдено под автомобилот на Васил

Здружението од Кавадарци, „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“, на социјалните мрежи објави статус во кој...

Македонија5 часа

В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на...

Македонија6 часа

„Тој сѐ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор, ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, на социјалните мрежи ја коментираш тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена...

Свет6 часа

Австралискиот премиер: Остануваме посветени на решение со две држави

Австралискиот премиер Ентони Албанез ја повтори „долгогодишната“ поддршка на неговата земја за решение за две држави на Блискиот Исток, по...

Свет6 часа

Пристигна првата реакција на Хамас откога Трамп рече дека САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, изјавите на Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа ги опиша како „смешни“...

Свет7 часа

Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

Првиот американски воен авион со приведени мигранти полета синоќа за заливот Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот...

Свет7 часа

Трамп: САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски...

Европа8 часа

(Видео) Зеленски го изнесе главниот услов за преговори за крајот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска, на редовна седница на Владата практично почнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа,...

Топ1 ден

Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140...

Македонија1 ден

Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош,...

Македонија1 ден

Момчето на Фросина: Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, не ни дозволија заедно да остариме

Момчето на Фросина Кулакова, која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, со потресна објава се огласи на социјалните...

Топ1 ден

Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на...

Македонија1 ден

Втор земјотрес во Македонија денеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Регион1 ден

Грција не престанува да се тресе: најсилниот земјотрес утрово со јачина од 4,9 степени, десетици семејства чекаат на пристаништето во Санторини

Утрово четири земјотреси се регистрирани во морското подрачје југозападно од Санторини, од кои најсилниот бил со јачина од 4,9 степени...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Ќе ги релаксираме правилата за задолжување доколку земјите членки трошат за одбрана

Европската комисија е подготвена да примени флексибилност во примената на Пактот за стабилност и раст, кој пропишува фискална дисциплина, доколку...