Контакт

СЈО

Законот за СЈО помина на Влада – Ако има 80 пратеници, може да се донесе уште месецов

Објавено пред

Законот за Јавното обвинителство, со кој се регулира статусот на специјалното јавно обвинителство, поминал на владина седница, потврдија за „Макфакс“ извори од Владата. Следува периодот на убедување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, независната пратеничка група и помалите партии на етничките Албанци.

dobivaj vesti na viber

Истиот извор посочи дека ако се обезбедат 80 пратеници во Собранието за да се донесе законот, можно е уште месецов да се донесе законот со кој се обезбедува иднина за истрагите, обвиненијата и предистражните постапки на обвинителството. ВМРО-ДПМНЕ објави дека за овој закон, бараат лидерска средба.

Новиот закон се предвидува СЈО да биде надлежно за истрагите отворени по рокот од 30 јуни 2017 година. Предлог-законот предвидува СЈО да биде автономно, но хиерархиски подредено под државното Јавно обвинителство и да се застапува самото во прв и втор степен пред судовите, а во трет степен пред Врховниот суд тоа да го прави обвинител од ЈОРМ.

Нацрт-законот предвидува предметите што се во фаза на судење, обвиненијата и истрагите отворени по 30 јуни 2017 година, да ги застапува СЈО пред судовите. Мандатот на шефот на СЈО и на обвинителите ќе биде идентичен како и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Предистражните постапки што ги почнало СЈО може да ги преземе и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во согласност со надлежноста.

Мандатот на сегашните обвинители во СЈО би бил најмалку една и најмногу до 2 години. По една третина од обвинителите ќе бидат избирани етапно на една година, на една им пол година и на две години, а изборот ќе го прави Советот на јавните обвинители.

Сите желби на СЈО во поглед на тоа што за што да биде надлежно во законот што самите го подготвија не се усвоени. Освен за бомбите, СЈО би било надлежно за кривичното дело попречување на правдата, за дела против изборите и гласањето, за кривични дела што ги сториле функционери преку злоупотреба на службената положба и овластувањето и сл.

Законот, меѓу другото, пропишува прислушуваните материјали да се користат заклучно со 15 септември 2020 година, а бомбите да се уништат една година по правосилната судска пресуда.

Македонија

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Објавено пред

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи рочиштето за случајот „Рекет“.

dobivaj vesti na viber

На денешното рочиште требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова, која се појави во судот, но не сакаше да даде изјава за медиумите пред да даде исказ пред судот.

Следното рочиште е закажано за четврток.

Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е бизнисменот Јордан Камчев, кој како оштетен го пријави случајот „Рекет“. Според обвинението во „Рекет“, Камчев наводно им дал 1,5 милион евра мито на обвинетиот Бојан Јовановски и на Зоран Милески – Кичеец со цел да запре кривичниот прогон против него.

Стефанова претходно повеќепати кажуваше дека поволностите (укинувањето на притворот и враќањето на пасошот) што ги добил осомничениот Камчев биле дадени од шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа истакна дека Јанева барала случаите „Империја“ и „Поштенска банка“ да завршат со спогодба, без затворски казни за осомничените.

Прикажи повеќе...

Македонија

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Објавено пред

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за обвинението за злоупотреба со превозот на ученици во општинските училишта во Битола во предметот на СЈО – „Транспортер“.

dobivaj vesti na viber

Талевски, одговарајќи на прашањата, рече дека тој и неговиот менаџерски тим работеле законски и не му e јасно зошто се обвинети бидејќи тие дури и се заложиле и ги намалиле цените на превозот на учениците.

„Не разбирам зошто сме обвинети, дека сме биле корумпирани и сме правеле штета во буџетот кога ја гледате нашата тенденција дека бараме начин како да го реализираме до крајот Законот за слободниот превоз на начин за да се намалат цените за превозот на учениците“, рече обвинетиот и појасни дека заедно со соработниците пронашле два за 60-ина проценти.

„Цените се понудата. Фиксните точни поединечни цени на релациите. Децата што ќе се возат и следната година со истото превозно средство ќе се возат по утврдените цени поединечно на релациите. Да, утврдена е вредноста на договорот, но не е нумерички утврдена. Утврдена е со начин и метод“, додаде тој.

Претходно, адвокатот Димитар Дангов го праша Талевски за бомбата што беше објавена во јавност алудирајќи на говорот на обвинителката Фатиме Фетаи дека превозот на ученици во Битола бил поскап и од Токио.

Судијката Кацарска не го дозволи прашањето по приговорот на обвинителот Трајче Пеливанов бидејќи, како што рече, тоа како содржина го нема во доказите.

„Обвинетиот не може да одговори колку чини превозот во Токио…“, рече Кацарска.

Судењето за „Транспортер“ почна на 28 септември 2017 година, но расправата почна од почеток. Обвинети се 21 лице за злоупотреби на буџетот со превозот на ученици во Битола.

Меѓу обвинетите се ексградоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски, експретседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, директори на средни училишта, како и превозници што наплаќале двојно повисока цена за превозот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почнува судењето за „Рекет“ – Јовановски, Јанева и Кичеец ќе седнат на обвинителната клупа

Објавено пред

Денеска во 10 часот почнува судењето за случајот „Рекет“. Бојан Јовановски – Боки 13, ексшефицата на СЈО Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец ќе седнат на обвинителна клупа во скопскиот кривичен суд.

dobivaj vesti na viber

Јовановски ќе биде спроведен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, додека Јанева и Милески ќе бидат донесени од нивните живеалишта во Скопје каде што издржуваат куќен притвор.

Тројцата треба да се произнесат во однос на обвинението за „Рекет“ – неизвесно е дали тие ќе ја признаат вината или ќе го отфрлат обвинителниот акт на тимот од Обвинителството за гонење  организиран криминал и корупција, предводен од шефицата Вилма Русковска. Агендата за судскиот процес е набиена и веќе се закажани четириесетина рочишта во наредните три месеци.

Случајот „Рекет“ се отвори во јули годинава, кога Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец беа уапсени и завршија во притвор, а на Милески подоцна му беше определен куќен притвор.

Во август беше уапсена и Катица Јанева, под сомнеж дека таа прибавила значителна имотна корист за да му ја олесни состојбата на осомничениот бизнисмен Орце Камчев во случајот „Империја“. Поради влошена здравствена состојба, и Јовановски и Јанева во последниве месеци често завршуваа во болница, сè додека минатиот месец скопска Апелација не ѝ го замени притворот на Јанева со домашен, одлука која предизвика жестоки реакции во јавноста, но и отворен судир меѓу Обвинителството и судот.

Случајот „Рекет“ се отвори откако бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ на СЈО, пријавил дека Јовановски и Милески му барале рекет, а тој им дал 1,5 милиони евра – пари со кои наводно ексшефицата на СЈО Катица Јанева требало да ја олесни неговата положба за случајот за кој тој е осомничен – притворот да му го замени со домашен, да му го врати пасошот и, конечно, да му донесе слобода.

За ова, во јавноста беа прикажани видеоснимки на кои се гледа како двоецот Јовановски – Милески ги земаат парите во скапа чанта „Луј Витон“ од домот на Камчев. На снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла верита“ можеше и да се чуе и како Јанева вклучена на звучник од телефон разговара со осомничениот бизнисмен Камчев и го убедува дека „сè ќе биде во ред“.

Истрагата за случајот „Рекет“ во меѓувреме се прошири и кон невладината организација на Јовановски – „Меѓународен сојуз“ и нејзиното финансиско работење. На површина испливаа уплатите на бизнисмените Силјан Мицевски од 726 илјади евра и Ардија Амозоски од 260 илјади евра, пари кои наводно со измама биле изнудени за проект за изградба на старечки домови, кој никогаш не бил реализиран. Во оваа истрага меѓу осомничените повторно е Бојан Јовановски како претседател на сојузот, неговиот татко Миле Јовановски, заменик-претседателката на сојузот Јасна Мандиќ, но и потпретседателката на Собранието од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, на која ѝ беа изречени мерки на претпазливост, а партијата времено ја исклучи од функциите додека да заврши процесот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет57 минути

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет2 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет7 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет8 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет11 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет11 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет11 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет12 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет12 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет13 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија13 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет13 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет13 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет17 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија18 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет18 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет23 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет24 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет1 ден

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...