Македонија
Камчев: Никој не ми доставил покана да сведочам за апсењето на Бошкоски
Бизнисменот Орце Камчев, во писмо до медиумите извести дека покана за сведочење во случајот „Тортура“ од судот не добил.
„Во врска со наводните тврдења пласирани денеска во медиумите, во кои се наведува дека сум бил уредно повикан, но не сум присуствувал како сведок на денешното рочиште за случајот ‘Тортура’ под полна морална и кривична одговорност ве известувам дека до мене ниту лично, ниту на кој било друг начин не е доставена покана за присуство на горенаведното рочиште“, напиша Камчев.
„Доколку бев уредно повикан и ја имав примено поканата нема причина поради која што не би се јавил во судот како сведок во случајот“, наведе тој во реакцијата.
Поради отсуство на обвинетиот Метуш Шабани, бидејќи го повредил коленото на 16 јуни, судијката Александра Ристеска го одложи денешното рочиште за предметот на СЈО, „Тортура“.
Судијката констатира дека бизнисменот Орце Камчев ја примил поканата за сведок во предметот на петти јуни, но денеска не дојде да сведочи.
Обвинителот од СЈО, Љубомир Лапе, побара Камчев да биде донесен со полиција на наредното рочиште. Ако бизнисменот го оправда отсуството, ќе биде повлечена наредбата за стражарно приведување.
За новинарката Оливера Трајковска немало уредна достава на поканата да сведочи во судот. Трајковска, како што образложи судијката, не се јавувала на вратата.
За експортпаролот на МВР, Иво Котевски, кој исто така е повикан како сведок на СЈО нема доказ за уредна достава на поканата за сведочење.
Нив повторно ќе им биде испратена покана да сведочат на следното рочиште закажано за петти јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

