Контакт

Случај Масин

Убиство или самоубиство: Обвинителството бара нови докази за смртта на докторката Јелка Спасовска Масин

Објавено пред

Скопското обвинителство по месец и половина сè уште нема одговор што е причината за смртта на докторката Јелка Спасовска Масин од Клиниката за нефрологија. Досегашните анализи добиени од увидот во домот на лекарката, каде што нејзиниот сопруг го пронашол мртвото тело, облеано во крв, како и резултатите од обдукцискиот наод, според надлежниот обвинител не биле доволни за расветлување на случајот.

dobivaj vesti na viber

„Поради тоа, побарани се дополнителни вештачења од Институтот за судска медицина во Скопје со цел да се утврди причинско-последичната врска. Од она што е добиено досега, надлежниот обвинител цени дека не е доволно за да се утврдат сите факти околу смртта“, велат за Макфакс од Јавното обвинителство.

Истрагата е сè уште отворена. Се истражува дали станува збор за убиство или самоубиство. Институтот за судска медицина неколку недели ги изработуваше анализите од обдукцијата на телото на докторката. Педесет и тригодишната лекарка и професорка на Медицинскиот факултет беше пронајдена мртва со повреди од нож во својот дом на улицата „Елисие Поповски Марко“, спроти Клиничкиот центар во Скопје.

По наредба на дежурен јавен обвинител беше извршена ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на лице место. Исто така, по наредба на јавниот обвинител беа обезбедени и снимки од видеонадзорот на околните објекти.
Во меѓувреме во обвинителството беа сослушани и членови на семејството, но и други лица. Се бараат и други докази кои би можеле да го расветлат случајот.

Д.Т.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Случај Масин

(Видео) Случај „Јелка Масин“ – ќерката воопшто не била повикана на разговор во Обвинителството

Објавено пред

Освен сопругот, ниту еден член  од потесното семејство, во крвно сродство со починатата лекарка Јелка Спасовска-Масин не бил повикан на разговор во Обвинителството, тврди за „Макфакс“ нејзината ќерка. Револтирани се од начинот на кој е водена истрагата, како и од фактот дека никој од МВР ниту од Обвинителството не ги повикал да им соопшти дека случајот ќе го затворат како самоубиство.  Велат дека  ќе бараат и дополнителна истрага.

dobivaj vesti na viber

– Изминативе месеци се сретнавме со обвинителката Валентина Бислимовска само двапати, и тоа на наше инсистирање. Бараме повторно средба, а дополнително контактираме и форензичари од странство. Има многу недоречености. Фотографиите што ги видовме од Судска медицина не соодветствуваат со тоа што сега го изјавуваат од Обвинителството,  вели ќерката на починатата лекарка Јелка Масин.

Според информациите на „Макфакс“, на фотографиите од обдукцијата на телото недостасува дел од прстот, а за семејството сомнеж предизвикува и позицијата на телото во која била пронајдена познатата лекарка и професорка на Медицинскиот факултет. Дополнително, најблиските се сомневаат во верзијата за самоубиство и поради однесувањето на Јелка, кое со ништо не алудирало на тоа дека таа планирала да си го одземе животот.

Во оваа насока, мислењето на дел од невропсихијатрите е дека случаите за кои има сомнеж дека се работи за самоубиство треба да се анализираат подетално, или да се направи психолошка аутопсија и да се вклучат психијатри во форензичкиот тим, како што  препорачува невропсихијатарот Мице Дудучки. За случајот со смртта на лекарката Јелка Масин, кој вчера Обвинителството соопшти дека е затворен како самоубиство, д-р Дудучки вели дека треба да се направи психолошка вивисекција и да се анализираат настаните кои ѝ претходеле на смртта за да се отстранат сите сомнежи.

– Овде се поставува прашањето за извршување  психолошка аутопсија . Кои се мотивите за  една солидна личност, која пред тој настан била здрава и успешна, претстоеле убави моменти како мажење на ќерката и подготовка на стручни трудови, и зошто во таква ситуација една личност би извршила обид за самоубиство или успешен суицид?

Во земјите во кои форензичката наука е понапредната, а особено кај самоубиствата, во форензичкиот тим се вклучени форензички психијатри. Кај нас нема таква пракса, а би требало да има. Самата анализа на случајот треба да биде со научен пристап од повеќе аспекти: емоционални, психолошки, соматски, социјални, со тоа ќе се склопат сите коцки од мозаикот за да дадеме одговор кој ќе биде стручен објективен и кој нема да остави место за сомнеж кај кого било, особено кај семејството, оти  веројатно некои факти наведуваат на поинакви размислувања, вели Дудучки.

Основното јавно обвинителство вчера соопшти дека надлежниот јавен обвинител кој постапувал во предметот оценил дека нема место за јавнообвинителска интервенција во поглед на смртта на починатата лекарка од Клиниката за нефрологија и дека таа самата се лишила од живот, односно дека повредите по телото настанале од самоповредување и дека нема елементи на кривично дело. Дополнително оттаму денеска ги демантираа информациите дека недостасувал дел од прстот на телото на починатата, како и тоа дека семејството не било известено дека истрагата се затвора.

„Сите информации и шпекулации според кои недостига дел од прстот на починатата се невистинити. Имено, кај починатата не се утврдени такви повреди или недостиг на делови од телото. Вештачењето на трагите пронајдени на местото на настанот укажува дека телото на починатата не било поместувано.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ги повика и разговараше со сите членови на најблиското семејство. Веднаш по донесувањето на Резолуцијата за затворање на истрагата, на 20 декември 2017 година до членовите на семејството се испратени писмени известувања со кои се информираат за јавнообвинителската одлука“, велат од Обвиителство.

Г.Н.Р

Прикажи повеќе...

Случај Масин

Чија рака го држела ножот што ја усмрти докторката Јелка Масин?

Објавено пред

Обвинителството сè уште не излегува со детали дали докторката Јелка Спасовска-Масин е убиена или се самоубила. „Макфакс“ од свои извори во МВР дознава дека сакаат случајот да го затворат како самоубиство, иако Обвинителството сè уште истражува, а наодите од Судска медицина не наведуваат прецизно за таков исход. Ниту Обвинителството не може да одреди сè уште дали е убиство или самоубиство – досегашните докази не даваат сигурен исход ниту за една варијанта.

dobivaj vesti na viber

Деталите од истрагата до кои дојде „Макфакс“ говорат дека целата ситуација е нејасна и не е направен максимален напор да се открие како настанала смртта кај докторката. Засега е најблиску сценариото што Јавното обвинителство планира да го направи, односно дека се работи за самоубиство, при што докторката наводно трипати сама си забола нож во пределот на вратот, на задниот дел од главата. Според неофицијалните информации, докторката Спасовска-Масин првин еднаш си го забола ножот, а веднаш потоа си нанела убод од 4 сантиметри, за и покрај тоа, да си нанесе трета рана со убод од 12 сантиметри.

Студиите и анализите направени за самоубиства со самоубодни рани покажуваат дека ова го има само кај 1,6 отсто од целата популација, а тие биле последица на трауми. Но, смртноста од вакви рани е екстремно ниска и е само кај машката популација. Лицата што извршуваат самоубиства претпочитаат безболна смрт. Најчестите обиди за самоубиство се со бесење и труење. Според повеќе студии, убодувањето со нож е еден од најчестите начини за убиство. Ниту една од анализите не покажува случаи ниту можност за самоубиство со убод во пределот на вратот.

Според информации на „Макфакс“ од лица во истрагата, тенденцијата на Основното јавно обвинителство е да го затвори овој случај како „успешно решен“, односно како самоубиство, иако по шест месеци има многу нејасни моменти, кои не се поклопуваат со реалната слика што била затечена вечерта кога било пронајдено мртвото тело на докторката. Беживотното тело на докторката беше пронајдено на 9 мај, а шест месеци подоцна не се собрани и земени превид сите докази и факти, велат познавачите на оваа материја, кои додаваат дека не е направн сериозен напор да се дојде до вистината.

Никој од крвното сродство од страна на докторката Јелка Спасовска-Масин досега не бил повикан на разговор во полицијата.

К. Ландов

Прикажи повеќе...

Случај Масин

Кој и како ја запира истрагата за смртта на докторката Јелка Спасовска-Масин?

Објавено пред

По шест месеци, Јавното обвинителство сè уште не го расветли случајот за убиството на нефрологот Јелка Спасовска-Масин, која беше пронајдена мртва со убодни рани во својот дом. Од судска медицина сè уште го немаат доставено дообјаснувањето до Јавното обвинителство на кој начин ѝ се нанесени повредите на докторката Јелка Спасовска-Масин, иако во изјава за „Макфакс“ пред два месеца од таму рекоа дека тој ќе биде доставен за една недела. Ова дополнување, кое е клучно за истрагата, го запира расветлувањето на целиот случај.

dobivaj vesti na viber

„Прибрани се вербални и материјални докази. Се очекува пристигнување на побараното дополнение од Судска медицина, кое е битно за донесување јавнообвинителска одлука за натамошно постапување. Во насока на расветлување на настанот надлежниот јавен обвинител имаше средба и со блиски членови од семејството на починатото лице“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.

Обвинителството не одговори на прашањето дали се прибрани видеоматеријали од локалните надзорни камери, кои би помогнале во целата истрага. Од Институтот за судска медицина објаснуваат дека им требало време за да дообјаснат како се настанати повредите на телото на нефрологот Спасовска-Масин.

Надлежниот обвинител ја комплетира истрагата, но не кажува кога таа ќе биде завршена за да биде објавен резултатот од неа. Педесет и тригодишната докторка и професорка на Медицинскиот факултет беше пронајдена мртва со убодни рани од нож во својот дом на улицата Елисие Поповски – Марко спроти Клиничкиот центар во Скопје. Истрагата е сè уште отворена.

Кристијан Ландов

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа34 минути

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет53 минути

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија19 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија20 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија21 час

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ23 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет24 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија1 ден

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија1 ден

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ1 ден

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа1 ден

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет1 ден

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет1 ден

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет1 ден

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа1 ден

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија1 ден

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија1 ден

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија2 дена

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...