Соопштенија
Бачев: Исмет, не си играј со огин
„Марионетската и длабоко корумпирана и купена власт во Скопје мора да е во очај штом заплашува со поделба и војна во Македонија доколку не успее референдумот за промена на името. Како амбасадорот Џес Бејлии, НАТО-координаторот Стево Пендаровски, така и советникот на Заев и претседател на Евроатланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани во дебатна телевизиска емисија се закани дека ако референдумот не успее Албанците ќе тргнат по друг. Јасно е дека Рамадани мисли на патот од 2001 и нова војна, меѓутоа Рамадани испушта од вид дека доколку Албанците повторно се фатат за оружје овојпат нема да си имаат работа со предавничко раководство како во 2001 кое беше залудено само за лична желба за промоција, моќ и профит, туку, овојпат ќе си имаат работа со македонскиот народ“, реагира Бачев во соопштението испратено од Единствена Македонија.
Тој се обраќа до Исмет Рамадани и вели дека Македонците никогаш нема да се согласат антимакедонските организации НАТО и ЕУ да не избришат од светската мапа на нации а уште сега е повеќе од јасно дека референдумот нема да успее.
„Жалам Исмет што не можеш да ги разбереш новите геополитички поместувања на Балканот кои се навестуваат и тие доаѓаат, со што Македонија ќе го оствари историски стратешкиот сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија. Сојузот со Русија е природна средина за македонскиот народ со што се обезбедува опстанокот и просперитетот на македонската држава, македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија. Исмет, не си играј со огин, треба да ти биде јасно дека Македонците никогаш нема да се согласат антимакедонските организации НАТО и ЕУ да не избришат од светската мапа на нации а уште сега е повеќе од јасно дека референдумот нема да успее. Затоа, сите вие што размислувате да тргнете по друг пат, најдобронамерно ви советувам да научите барем да пливате“ се вели во реакцијата на Бачев до Рамадани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
