Контакт

Соопштенија

Бачев од Кичево и Гостивар: На 30 септември да бојкотираме и да ја сочуваме македонска Македонија

Објавено пред

Карванот на Кризниот штаб против референдумот, синоќа во рамките на кампањата „Македонија бојкотира“, беше на средби со граѓаните на општините Гостивар и Кичево. На средбите, граѓаните, како што велат од таму, масовно се определуваат за бојкот и неизлегување на референудмот и не го прифаќаат капитулантскиот договор со Грција за промена на името, идентитетот и историјата на македоснкиот народ.

Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој е дел од Кризниот штаб против референдумот, составен од повеќе од 70 организации, побара од гостиварци и кичевци да не излегуваат на референдумот бидејќи само на тој начин на 30 септември ќе ја сочуваме македонска Македонија.

Марионетската власт е во очај и паника оти референдумот нема да успее и затоа секојдневно шират популистички лаги што личат на онаа за бесплатно здравство и образование во сите земји членки на ЕУ. Не верувајте му на триото Заев, Шекеринска и Димитров како Македонци со изгубено национално чувство, кои сакаат членство во НАТО оти знаат дека НАТО им го гарантира украденото на сите оние што извршија грабеж на народот.

НАТО не го интересира грабежот, туку само сака послушни политичари што ќе му служат верно. Сите заедно да се обединиме и сплотиме како Македонци, влогот е голем, ова е света борба на сите нас за опстанок на Македонија и Македонците и затоа мора да ја добиеме оваа битка.

Најново, и Уставниот суд на 19 септември ќе расправа за референдумот и власта веќе притиска одлуката за референдумот да се укине и на тој начин Заев да го избегне големиот срам што се обиде да го наметне бидејќи последната владина интерна анкета покажала дека 80 отсто од граѓаните го бојкотираат референдумот, рече, меѓу другото, Бачев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

Грин Машинс ќе го придружува Иџе на европските патеки – брендот станува спонзор на најтрофејниот македонски автомобилист

Објавено пред

Компанијата Грин Машинс, бренд на БРАКО и еден од водечките светски производители на возила за урбана хигиена, воспостави соработка со најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, чии тркачки автомобили отсега ќе го носат логото на македонскиот бренд на европските патеки.

„За нас претставува чест да бидеме дел од приказната на Игор Стефановски – Иџе. Станува збор за спортист кој со своите резултати, професионален однос и упорност со години е еден од најдобрите промотори на Македонија во странство. Во исто време, Грин Машинс преку своите електрични и водородни свипери е присутен на речиси сите континенти. Веруваме дека ваквите успешни македонски приказни заслужуваат меѓусебна поддршка и заедничка промоција на нашата земја на меѓународната сцена“, велат од Грин Машинс.

Свиперите, односно специјализираните возила за урбана хигиена што ги произведува БРАКО се препознатливи на светските пазар, а преку ова партнерство, брендот ќе биде присутен и на европските тркачки патеки, каде што Иџе со години успешно ги брани боите на Македонија и остварува врвни резултати во конкуренција на најдобрите европски автомобилисти.

Соработката претставува симболично поврзување на две успешни македонски приказни – едната од производствените капацитети на БРАКО, а другата од европските тркачки патеки – кои преку своите достигнувања придонесуваат за афирмација на Македонија надвор од нејзините граници.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Што покажаа сведоците, вештачењата и извештаите во случајот „Мазут“?

Објавено пред

Колку јавноста е запознаена со сите факти за случајот „Мазут“ кој е тема во медиумите во Македонија откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одлучи да ја запре истрагата поради недостаток на докази?

Да ги погледнеме работите од самиот почеток, до одлуката за запирање на истрагата хронолошки и со факти.

На 9 ноември 2021 година Владата со одлука прогласува кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, која понатаму во два наврати ќе биде продолжувана до април 2023 година. Кризната состојба е прогласена како резултат на големите нарушувања во функционирањето на пазарот на електрична енергија, што предизвика висок пораст на цените на струјата во втората половина на 2021 година. Со цел да се остварат заштеди во буџетот, а и да се одржи социјалната стабилност во земјата, Владата одлучува да се рестартира ТЕЦ „Неготино“, централа која со години била чувана како „ладна резерва“.

Регулаторната комисија за енергетика во Годишниот извештај за работа во 2022 година констатира дека пуштањето во работа на ТЕЦ Неготино било економски оправдано, затоа што во оваа електрана цената на произведената струја од мазут била пониска од берзанските цени на електричната енергија во поголемиот дел од 2022 година.

АД ЕСМ по рестартирањето на ТЕЦ Неготино, има потреба од мазут за работа на електраната. ЕСМ не е обврзана да спроведе формална постапка согласно со Законот за јавни набавки, да објави оглас или да испрати покана за прибирање понуди, туку можело директно да стапи во деловен однос со конкретен лиценциран добавувач и да ја реализира набавката, согласно со принципите на добро управување, транспарентност, еднаков третман и рационално управување со јавните ресурси. Сепак, АД ЕСМ упатило покана до сите релевантни економски оператори кои поседуваат лиценца за трговија со нафтени деривати и така реално овозможило конкуренција помеѓу потенцијалните снабдувачи и обезбедило можност за доставување понуди под исти услови. Сослушаните претставници на економските оператори во текот на истрагата го потврдиле тоа и посочиле дека тие не одговориле на јавните повици, бидејќи динамиката на испораката во услови на енергетска криза била предизвик.

Економскиот оператор РКМ (компанијата која беше осомничена во случајот) се јави на повикот под исти услови како и сите други потенцијални добавувачи на мазут на пазарот и подоцна бил избран како најповолен понудувач. Имало и друга понуда, но била неприфатлива поради малите количини кои биле наведени во понудата. Ниту еден елемент од јавниот повик не упатува на тоа дека условите биле поставени на начин што би фаворизирал конкретен оператор или би ја ограничил конкуренцијата.

Според објави на неколку медиуми, кои имаат информации за истрагата, од исказите на сите сослушани сведоци и претставници, како и од подготвеното вештачење, произлегло дека нема повреда на динамиката на испорака на мазутот, дека се одело според договореното и дека немало прекин на производството на електрична енергија во текот на целиот период поради недостиг од мазут. Имало прекини на производството, но тоа било од технички прекини, никогаш поради недостиг од мазут. Притоа, сослушаните претставници на АД ЕСМ и на ТЕЦ „Неготино“, на записник изнеле констатации дека „добавувањето и динамиката со РКМ се одвивала подобро, отколку со претходните добавувачи“ и дека „капа им симнуваат на РКМ заради доставата на мазутот“.

Дополнително, со вештачењето се утврдило дека немало калкулирање со испораката во поглед на дневно утврдените цени на мазутот. Поради овие причини ОЈО ГОКК ја запре истрагата.

Не се докажаа сомнежите за перење на пари и загадување на животната средина.

Подобро е истрагата да запре, наместо да се поднесе обвинение кое подоцна ќе падне на суд, смета државниот јавен обвинител Ненад Савески за случајот „Мазут. Савески ја поддржа обвинителката Коларевиќ, а на брифинг со медиумите истакна дека е изненаден од реакциите на јавноста.

Она за што македонската јавност беше најмногу загрижена е прашањето дали мазутот го загадувал воздухот или не.

Во Македонија постои Правилник за квалитетот на течните горива каде се пропишуваат граничните вредности на сите горива, меѓу кои и мазутот. Согласно правилникот, за мазут се контролираат граничните вредности за сулфур, вода, пепел, седименти, точка на палење, калориска моќност, вискозитет на 100 степени, карбон. Државата има строга контрола над увезените нафтени деривати, преку Цринската управа, како и преку Државниот пазарен инспекторат, а во овој случај не е утврдено надминување на граничните вредности.

Според официјалните извештаи на ТЕЦ Неготино, од каде редовно се вршела контрола на квалитетот на воздухот, во периодот за кој се истражуваше, а во јавноста се шпекулираше со информации за „труење“ и „загадување на воздухот“, воопшто и немало загадување од ТЕЦ Неготино.

Иако во јавноста мазутот често се донесува во негативен контекст, примерите од најразвиените и најеколошките европски држави докажуваат дека овој енергенс може да се користи во процесот на производство на електрична енергија без да предизвикува загадување на воздухот.

Земји како Финска, Шведска, Германија, Данска и Франција веќе со години ефикасно го користат мазутот како сигурен и брз резервен капацитет за стабилизација на своите електроенергетски мрежи.

Во врска со економските прашања во овој случај, АД Електрани на Северна Македонија воопшто не пријавиле штета за време на процесот. Овој факт го повтори и професорот Гордан Калајџиев кој во неколку јавни настапи го постави прашањето дали воопшто ЕСМ може да вложи жалба до Вишото јавно обвинителство поради одлуката на ОЈО ГОКК за запирање на постапката, која нема пријавена штета.

Доколку во целиот криитчен период кој е опфатен со истрагата, се анализираат берзите на електричната енергија, лесно може да се констатира дека доколку ТЕЦ Неготино не работело, Македонија за да купи струја ќе потрошела 880 милиони евра.

Дополнително прашање дали потребната количина воопшто можела да се обезбеди, бидејќи енергетската криза во тој период беше не само ценовен шок, туку и недостаток на гас, мазут, дизел и бензин. Споредено со денес, енергетската криза која ја предизвика војната во Иран е поради цената на нафтата и нафтените деривати. Количините на истите не се доведуваат во прашање, за разлика од тогашната енергетска криза каде државите се бореа за да ја обезбедат потребната електрична енергија.

Бројките покажуваат дека ТЕЦ Неготино секоја година како ладна резерва ја чини државата околу 5 милиони евра со самото постоење, за плати, тековни трошоци и слично. Она што е евидентно и од официјалните извештаи на ЕСМ, ТЕЦ Неготино во 2022 и 2023 година има остварено профит од 30 милиони евра.

Комерцијален текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Д-р Жан Митрев доби признание како еден од најцитираните истражувачи во областа на медицинските науки според АРБУ

Објавено пред

Д-р Жан Митрев е еден од десетте најцитирани истражувачи во областа на медицинските науки. Ова признание доаѓа од истражувањето спроведено во рамки на проектот АРБУ – Академско рангирање на балканските универзитети, а за истото му е доделен и сертификат.

На денешната манифестација на доделувањето на сертификатите присутни беа проф. д-р Милка Клинчева и д-р Емил Стоицовски, кој во име на д-р Митрев го прими признанието, односно сертификатот.

Според објавената листа на АРБУ за професори и истражувачи во категоријата Medical Sciences, д-р Жан Митрев е рангиран на 8. место во Македонија, во конкуренција на 100 истражувачи рангирани според академскиот придонес.

Покрај ова признание, д-р Митрев припаѓа и во групата од 25 најцитирани истражувачи во Македонија, што претставува значајна потврда за неговиот научно-истражувачки придонес, видливоста на неговата работа и влијанието што го има во медицинската наука.

АРБУ е проект наменет за академската заедница, истражувачите и студентите, со цел да обезбеди релевантни информации и индикатори за академските перформанси на универзитетите и истражувачите во регионот. Платформата опфаќа податоци за земји од Балканот, меѓу кои Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Албанија, и претставува дополнителен извор на информации за институции кои не се опфатени со највлијателните светски рангирања како QS, Times Higher Education и Shanghai Ranking.

Ова признание е уште една потврда за континуираната посветеност на д-р Жан Митрев кон развојот на медицината, научно-истражувачката дејност и унапредувањето на здравствените практики преку знаење, искуство и меѓународно препознатлив придонес.

Вклучувањето меѓу најцитираните истражувачи претставува важен поттик за понатамошно вложување во науката, истражувањето и публикувањето, како и за промоција на македонските истражувачи во регионален и меѓународен академски контекст.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Црна хроника2 минути

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата...

Економија3 минути

Оваа недела ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите...

Македонија6 минути

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response...

Македонија9 минути

Министерот Мисајловски на отворањето на „EUROSATORY 2026“ во Париз

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз, Република Франција, каде ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за...

Македонија11 минути

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

„Мицкоски ги излажаа земјоделците. Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп…ништо од тоа. После 2 години власт...

Спорт12 минути

Каролина го освои Стенли Купот

Каролина Хјурикенс се шампиони на НХЛ. Тимот од Северна Каролина стигна до Стенли Купот со победа во серијата против Лас...

Македонија14 минути

„СДС тоне поради слугувањето на Софија, а Филипче е најгласен промотор на бугарските барања и внесувањето на Бугарите во Устав“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту пак план за...

Економија16 минути

Тодор Анѓушев на трибината на МАКО СИГРЕ: Батериските системи се следниот голем чекор во енергетиката

Новото клучно прашање во енергетскиот сектор е каде и како ќе се складира произведената електрична енергија од обновливи извори, изјави...

Спорт25 минути

(Видео) Диало го расплака Еквадор, Шведска го декласира Тунис

Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска го победија Еквадор со 1:0 (0:0) во натпреварот од првото коло од Групата Е...