Контакт

Соопштенија

(Видео) Славевски: Ја поздравуваме најавата дека власта  има намера да се сврти кон економијата во 2019 година 

Објавено пред

Како најголема опозициска партија ние секако ја поздравуваме најавата дека власта конечно има намера да се сврти кон економијата во 2019 година, но во никој случај немаме гаранции дека она што се најавува дека 2019 година ќе биде година на економијата, а најмалку година на економски бум, ќе се оствари, изјави на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски.

„Што ни дава за право да го констатираме ова? Прво, ако се направи една мала споредба со перформансите на некои изминати влади во изминатиот период дека владата предводена од СДСМ и ДУИ ја искористи шансата и покажа колку знае и умее на полето на економијата, односно може со сигурност да се каже дека ја прокоцка шансата. Имено, резултатите на економски план граѓаните ги чувствуваат и од морето на бројки коишто беа денеска изнесени ќе оставиме сами да проценат дали подобро живееја или живеат во 2018 година и какви се нивните очекувања врз основа на досега реализираното за 2019 година“, изјави Славевски.

Едно  од прашањата на ко што ние и претходно имаме укажано, вели тој,  а на кое навистина треба да му се обрне внимание е она за социјалната помош, која, како што посочија од Владата, од 1 јануари 2019 година е зголемена за 3 пати.  Знаете ова убаво звучи, но укажуваме на негативните ефекти и последици на пазарот на труд од една ваква мерка ако се реализира на начин на којшто е зацртана.

„Внимавајте, изедначување на социјалната помош со минималната плата значи декуражирање или обесхрабрување на работоспособните лица да се вклучат во пазарот на работна сила затоа што, на пример, станува збор за семејства каде што квалификациите се такви што тие на пазарот на труд  не би можеле да достигнат до просечната плата или би биле некаде под просечната плата. Па кој е сега интересот ако државата ви плаќа за седење дома 12 000 денари вие да работите за минимална плата од 1 .000 денари или за дополнителни 2 000 денари што би ги добиле или 3 илјади денари за малку повисока плата над минималната? Во услови на стеснување на пазарот на труд во Република Македонија, поради демографските трендови поради иселувањето итн. се губи, односно се пасифизира еден работоспособен дел од работната сила во Република Македонија, што секако на економски план ќе има многу негативни последици“, изјави Славевски.

Соопштенија

ВМО-ДПМНЕ:Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледна

Објавено пред

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледна.Системот во Република Македонија е нападнат од силна криминална ерозија до тој степен што не функционира. Во државата имаме згазени закони, згазено обвинителство кое што наместо да гони, го штити и прикрива криминалот. Имаме безброј конкретни примери каде владата и премиерот се ставени во функција да заштитуваат криминал, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, сомнежите дека Заев го штити овој криминал, се:Катица Јанева не е во притвор, а истата може да избега, може да влијае на сведоците и може како прв човек на СЈО да го повтори делото. Сведоци сме дека истото ова обвинителство барало притвор и за несразмерно помали случаи кои ги воделе. Се разбира Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод.

,,Зоран Заев е свесен дека „Меѓународниот сојуз“ на еден од обвинетите важи на извесен начин за чедо на СДСМ. Во тие структури се луѓе од оваа партија, а сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на криминал, уцени, изнуда и рекет.
Заев во моментите кога ќе го притисне оваа афера со евидентни докази, е во состојба да се откаже од сите, само да се спаси себе си. Сега е јасно зошто Заев инсистира на катастрофалниот предлог за реформите за обвинителство. Тој сака ова компромитирано СЈО да го преслика во новиот обвинителен сектор. Да добиеме ново СЈО но со зголемени овластувања за зголемени злоупотреби.

Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат убедливо, зошто таква победа е неопходна, за да Македонија ја обновиме од овој криминален ураган на власта. Одговорност, мора да има. Заев е на колена, а оваа влада веќе нема кредибилитет бидејќи тоне во корупција. Неговиот пад и заминувањето на оваа влада не е избор на Заев, туку одлука на народот.Октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија”, додава партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Нови четири градинки со капацитет да згрижат 552 деца

Објавено пред

Вложувањето во развојот на децата во предучилишна возраст е вложување во нашата иднина. Затоа, СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерките кои обезбедуваат поквалитетно предучилишно образование, соопшти СДСМ.

Според партијата, се потпишаа првите четири договори за општините Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци кои добија грант за изградба на нови градинки во кои ќе се згрижуваат вкупно 552 деца.Вкупниот износ е над 3,5 милиони евра и обезбеден од Светска банка.

,,Покрај овие 4 договори, во периодот кој следува, договори за грантови за нови градинки ќе потпишат уште 13 општини.Со тоа се исполнува зацртаната цел, опфатот на деца во градинките за четири години да се зголеми за 50%.

Во периодот од мај 2017 до мај годинава Владата предводена од СДСМ преку Министерството за труд и социјална политика изгради и опреми вкупно 31 објект од кои 24 се градинки, а 7 Центри за ран детски развој.Дополнително во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти од кои 8 се градинки и четири центри за ран детски развој.Тоа се вкупно 43 градинки низ целата територијата на државата.

Освен во изградба на нови објекти, се зајакнува кадарот во градинките, им се враќа достоинството на воспитувачите, се зголемуваат платите и се подобруваат условите за работа.Денес, стручниот кадар или над 3.100 вработени имаат повисока плата за 16 % што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен.Развојот и унапредување на системот на детска заштита за СДСМ останува врвен приоритет, се додава во сопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Алијанса за Албанците: Без консултација на нашите експерти проектот за Клинички центар е осуден на неуспех

Објавено пред

Од партијата Алијанса за Албанците преку соопштение реагираат на тоа што министерот за здравство, Венко Филпче, денеска упатил покана, како што велат, само до експертите на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во работни групи за изградба на новиот Клинички центар.

Од партијата на Зијадин Села сметаат дека нејзините здравствени експерти се заобиколени од консултациите за капиталниот проект.

„Почитуван министер, новиот Клинички центар нема да биде сопственост само на СДСМ или ВМРО, или пак на било кој друг, туку ќе биде заеднички за секој граѓанин на Република Северна Македонија, без оглед на националноста, религијата или која било друга припадност, сакате вие или не. Вие денес изјавивте ‘заедно да бидеме дел од еден успешен проект’, но со половична покана и елиминирање и заобиколување на Албанците и нивните вистински претставници, Алијансата за Албанците како најголема албанска опозициска партија и така го осудивте на неуспех овој голем капитален проект“, се наведува во партиското соопштение.

Од Алијанса за Албанците воедно упатуваат покана за телевизиски дуел до Филипче и неговиот заменик Асим Муса, кој како што велат, е слика без тон, каде нивните партиски експерти ќе изнесат факти за грешките во чекори кои се прават во здравствениот систем.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ5 часа

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет5 часа

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет7 часа

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет7 часа

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура7 часа

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија8 часа

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија9 часа

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија23 часа

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ1 ден

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Македонија1 ден

(Видео) Рустеми: Ако чувствував влијание од Јанева за моето сведочење, ќе пријавев

Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од обвинителството поврзани со случајот „Рекет”. Тој не сакаше да каже дали...

Топ1 ден

Загина 26-годишен тетовец на патот Гостивар-Тетово

Дваесет и шестгодишен жител на селото Топлица, Врапчиште, синоќа загинал во сообраќајна несреќа, откако изгубил контрола на возилото и излетал...

Македонија1 ден

Битолчанец го враќа сонцето од Кутлеш на шахтите

Битолчанец ги враќа отстранетите ѕвезди од Кутлеш на шахтите во градот кои беа отстранети според преспанскиот договор. Тој направил шаблон...

Свет1 ден

Трамп сака да го купи Гренланд

Претседателот Доналд Трамп сака да го купи Гренланд. За ваквата намера тој во повеќе наврати контактирал со данската влада, а...

Свет1 ден

Северна Кореја повторно лансираше две ракети што паднаа во море

Северна Кореја повторно истрела две балистички ракети со краток дострел кон источниот брег на земјата, соопштија официјални лица на Сеул,...

Европа1 ден

Пронајден цртеж на Да Винчи што бил сoкриен 500 години под неговото ремек-дело

Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, сoкриен повеќе од 500 години под една од неговите најпознати слики „Богородица во...

Регион2 дена

Грција се бори со шумските пожари, гори на неколку острови

Грчките власти испратија засилувања на пожарникарите кои се борат со голем шумски пожар во природен резерват на островот Евија, додека...

Европа2 дена

Шест европски земји ќе подадат рака за спас на 147 мигранти

Премиерот на Италија Џузепе Конте изјави денеска дека шест европски земји сакаат да ги преземат 147 мигранти кои се блокирани...

Свет2 дена

Киев и ЕУ се лути, Русија им нуди државјанство на три милиони Украинци

Киев и ЕУ се лути, откако Русија им нуди државјанство на околу три милиони Украинци од регионот на границата со...

Свет2 дена

(Видео) Кремљ ќе ги одликува пилотите херои кои слетаа избегнувајќи јато птици

Кремљ ќе им додели државни одликувања на двајцата пилота кои успешно принудно слетаа со патнички авион во кој имало 233...

Досие