Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Бугарското МНР меѓу редови вели дека со СДСМ им оди работата, па сега подготвуваат нов документ со уцени за Македонија

Ковачевски се крие и збор не кажува за новонастаната ситуација во односите со Бугарија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, додаваат од таму, цела Влада е на одмор и нема ниту еден ресорен министер да излезе во јавноста и да каже каков е тој нов бугарски документ со нови услови за Македонија.
„Имено, Бугарија подготвува нов пишан документ, кој треба да содржи нови обврски за Македонија и по кој, веројатно, бугарската страна ќе оценува дали Македонија ќе добие ново вето во некое поглавје, односно кластер. Патем, министерот за надворешни работи, Милков, вели дека ваквиот пишан документ ќе им овозможи ‘систематски пристап и јасно запишани задачи и одговорности за да може да се очекуваат и резултати’. Ковачевски треба да излезе и да каже што значи ова за Македонија. Кои се новите понижувања што се подготвени да ги направат за нивните лични кариери“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.
Патем, Милков, напоменуваат од опозициската партија, меѓу редови вели дека СДСМ е партијата со која им оди работата, па логично се поставува прашањето дали и овој нов пишан документ Ковачевски и компанија првин ќе го негираат, па ќе го кријат, па ќе го прифатат и ќе го прикажат како историски момент, исто како што направија со сите предавства претходно.
„Ваквите понижувања мора да престанат. Македонија мора да има цврсти национални и државни позиции. За жал, со оваа Влада тоа не е можно. Затоа народот треба да одлучи“, нагласуваат во соопштението од партијата на Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
11 години „Скопје сити мол“

Скопје Сити Мол слави 11 години. По тој повод оттаму ги покануваат сите на акустичен концерт на ДНК на 07.10, сабота со почеток од 21 часот, на отворениот rooftop паркинг на Skopje City Mall.
Влезот е бесплатен
Недела е ден (08.10) кој е прилагоден за најмладите. „Светот на Биби и Боби“, каде за прв пат до сега освен Биби ќе дојде и „Боби“, потоа танцуваме со Aqua Dance Club за на крај да се дружиме со „Стела и Сани“, велат организаторите.
ПР
Соопштенија
Tigo Multi – Осигурете си финансиска сигурност со -50% попуст на каматата!

Финансиското друштво Тиго ја покажува својата посветеност кон клиентите со новата промотивна понуда – “Tigo Multi” со неверојатни до 50% попуст на каматата за целиот период на отплата. Тука сме за Вас и сакаме да помогнеме полесно да се справите со сите финансиски предизвици и трошоци.
Зошто Tigo Multi е вашиот најдобар избор?
Tigo Multi е вистинско решение за сите кои имаат потреба од финансиска помош веднаш и сакаат да ја отплатат со мали месечни рати. Еве неколку предности:
1. Достапност до средства веднаш: Ние Ви обезбедуваме можност да ја подигнете посакуваната сума, до 200.000 денари со рок на враќање до 24 месеци.
2. Намалена камата: Со нашата промотивна понуда, каматата е намалена за целиот период на отплата, што значи дека ќе заштедите до 50% на каматата.
3. Ги контролирате ратите: Вие го одбирате начинот на отплата и динамиката која ви одговара – 3, 6, 12, 18 или 24 месеци. Ова ви овозможува да ја враќате сумата на мали и удобни месечни рати.
Како да аплицирате?
Аплицирајте за вашиот Тиго кредит во најблиската Тиго филијала или онлајн на нашата веб-страница www.tigo.mk. Парите ги добивате во кеш за само 10 минути во нашите Тиго Филијали или на вашата трансакциска сметка.
Промотивната понуда важи до 31 Октомври 2023
Не ја пропуштајте можноста! Промотивната понуда е достапна за сите нови и постоечки клиенти.
Запознајте се со деталите на www.tigo.mk, посетете ја некоја од нашите Тиго филијали ширум земјата или контактирајте нѐ на телефонскиот број 13 700.
Тиго – секогаш тука за Вас, да помогне во оставрување на вашите финансиски цели со докажана доверба.
ПР
Соопштенија
Успешно академско образование со „Тиго“ – кредит за студенти!

Академските денови пристигнаа и време е да ги започнете Вашите образовни приказни. Сепак, разбираме дека финансискиот аспект може да биде голем предизвик. Честопати самите студенти и нивните семјства се соочуваат со предизвици во финансирање на образовните цели. Освен учењето и ангажманот, финансиските аспекти често можат да се појават како пречка, создавајќи главоболка и допплнителна, непотребна нервоза.
Обезбедете го успешното образование со Тиго – Студентски Кредит!
Со Тиго, вашите образовни амбиции можат да станат реалност. Независно дали сте решени да го започнете вашето образование или сте студенти, ТИГО студентскиот кредит е тука да Ви помогне. Заборавете ги финансиските пречки и отворете го патот кон најповолните услови за финансирање на вашето образование.
Брз одговор и исплата во кеш: Со Тиго, нема потреба да чекате. Добивате инстант одговор на вашата апликација, за само 30 секунди, и исплата во кеш веднаш. Ова значи дека може одеднаш да ги решите вашите финансиски потреби за студии и да се фокусирате на учењето.
Нема потреба од жиранти и дополнителна документација: Заборавете ги многуте документи и процедури. Со само вашата лична карта и контакт телефон, сте подготвени да аплицирате за кредит и да ги реализирате вашите образовни амбиции.
Поддршка за сите студенти: Тиго – Студентски Кредит е достапен за сите студенти на возраст од 18 години и нивни законски застапници. Не постои ограничување на горната старосна граница, па дури и оние кои одлучуваат да продолжат со образование по наполнувањето на 30 години, можат да аплицираат.
Флексибилна отплата: За вашата удобност, нудиме повеќе начини за отплата:
· Еднократна отплата до 30 дена:
Без камати, без трошоци и без провизија.
· Повеќекратни месечни отплати: Имате опција за одбирање на рата која одговара на вашиот буџет, во роковите од 3, 6, 12, 18 или 24 месеци.
Започнете го вашето образование и остварете ги вашите цели со Тиго – Студентски Кредит. Исполнете ја академската приказна и остварете го Вашиот потенцијал со најдобрите услови за студентско финансирање. Одберете Тиго – Кредит за студенти.
ПР