Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ го донесе македонското здравство до состојба на кома

Објавено пред

„Здравствените институции немаат капцитет да одговорат на основните потреби на граѓаните.Недозволиво е во Република Македонија во 21 век за еден месец три родилки да ги загубат своите животи во породувања. Недозволиво е за недела дена четири деца да завршат во кома поради дијабетис. Поради состојбите во нашето здравство овие деца може да имаат трајни последици“, реагира ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во здравството.

Според нив, недозволиво е хигиената во Кличникот Центар во Скопје да биде во толку катастрофална состојба претставувајќи ризик и за пациентите и за нивните семејства.

„Ова е срам кој не доликува на држава која сака да стане дел од Европската Унија. Килиничкиот Центар повеќе личи на депонијата Дрисла отколку на институција која треба да пружи највисоки стандарди на лекување. Недозволиво е во Дебар да е регистриран сериозен број на заразени од морбили, бројка која достигна 20 заболени, а постои ризик бројот на пациенти да расте. Недозволиво е за сите овие скандали да бидат виновни сите, само не и неспособното раководење на СДСМ во здравството. За жал ништо од ова не допира до министерот за здравство, кој ја ужива целосната поддршка и заштита од Зоран Заев.Единствено што го интересира министерот се матните тендери од кои корист имаат само фирмите блиски до врвот на СДСМ. СДСМ покажа дека не е кадарно да одговори на потребите на граѓаните на Република Македонија. СДСМ само ја интересираат наместените тендери. Најновиот пример во здравството и во фондот за иновации покажа дека во Македонија дојде живот само за блиските до функционерите на власта. Сите останати што чесно заработуваат и редовно плаќаат давачки кон државата всушност ги плаќаат наместените тендери преку кои СДСМ ги испумпува парите на граѓаните.“, соопштува партијата.

Поради овие причини тие повикуваат на одговорност и оставки.

Македонија

ВМРО-Народна: На попис да се утврдат етничките малцинства чиешто вработување би се субвенционирало

Објавено пред

Кога веќе ја цепкаме Македонија по етничка линија сакаме Владата да ја информира јавноста за тоа кои се сопствениците на првите 100 најпрофитабилни фирми во Македонија по национален состав, велат од ВМРО-Народна партија, реагирајќи на предлогот за субвенционирање на работни места по етничка основа.

„Ние сме длабоко уверени дека македонската нација учествува со многу мал процент во првите сто најпрофитабилни фирми, а ако се повтрди тоа ќе бараме со закон да им се овозможи на Македонците да бидат сопственици според процентуална застапеност“, велат од партијата.

Оттука порачуваат дека потребно би било да се направи и попис во кој точно ќе се утврди кои се етничките малцинства во Македонија на кои би се однесувал таквиот предлог и што ако застапеноста на Македонците е падната под 50 проценти.

 

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто

Објавено пред

Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто, велат од СДСМ преку соопштение, повикувајќи се на податоците на Државниот завод за статистика.

Од владејачката партија коментираат дека до тоа довеле политиките кои се во интерес на граѓаните и на стопанството, како и ефикасните и навремени антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ, при што и во време на пандемија дошло до раст на просечната плата во Северна Македонија.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 27.867 денари. Просечната плата во државата, и во услови на кризата предизвикана со пандемијата со коронавирусот е за 8,5 отсто повисока во однос на јули 2019 година. Од јуни 2017 година, кога на чело на Владата застана СДСМ просечната плата во државата порасна за 4.423 денари“, велат од СДСМ.

Додаваат дека нивните заложби за иновативна и конкурентна економија го поттикнале трендот на раст на платите.

Партијата најави дека во четиригодишниот мандат минималната плата ќе дистигне 20.000 денари, а просечната 34.000 денари.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Откога Мицкоски трет пат изгуби на изборите, бегалецот Никола Груевски му скрои нов Извршен комитет

Објавено пред

Оваа ВМРО-ДПМНЕ на чело со извршителот Мицкоски е столб на криминалот и режимот на Никола Груевски и Орце Камчев, реагира СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Откога Христијан Мицкоски и трет пат изгуби на изборите, бегалецот Никола Груевски му скрои нов Извршен комитет во обид да го зачува на позицијата и да му ја спаси фотелјата во белиот дворец. Секоја демократска партија е нормално да одржи конгрес по избори, само Мицкоски се плаши од сопствените членови, како и од граѓаните. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски нема капацитет да се реформира“, велат од СДСМ.

Последен доказ за тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се таканаречените големи промени во раководството на оваа партија во кое се наоѓаат стари, потрошени кадри, послушници и извршители на Никола Груевски.

„Како нови лица Мицкоски ги нуди Антонио Милошоски против кого се водат предмети и човек што се криеше од судски доставувачи; Рашела Мизрахи, која од позиција на министерка ги кршеше Уставот и законите; Гордана Димитриевска-Кочовска, која блокира средства од Светската банка за помош на здравството; Марија Андоновска за која целата јавност слушна како Гордана Јанкулоска лобирала да се вработи во Фондот за здравствено осигурување. ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски не е мрдната ниту милиметар од деструктивната, антидржавна и антинародна матрица. Граѓаните тоа го гледаат и затоа губат на три изборни циклуси и затоа уште долго ќе бидат опозиција“, велат од СДСМ.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Новиот состав ќе го сочинуваат: Александар Николовски, Владимир Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриеска-Кочовска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонио Милошоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија2 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија2 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион2 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија3 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија3 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет4 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија4 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија5 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија5 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа6 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа6 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет7 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија7 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија8 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија21 час

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија22 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија22 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет23 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија1 ден

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Досие