Соопштенија
ВМРО ДПМНЕ-Демократска Фракција: Сè е исто, само Груевски и жолтите комбиња ги нема

Изјавата на министерот за вантрешни работи, Оливер Спасовски, е јавно бламирање и доказ за недемократскиот капацитет на Владата на Зоран Заев, смета ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција.
„Со вчерашната изјава на министерот Спасовски дека зад пропагандата против ЕУ и НАТО стои мала криминална структура, уште еднаш јавно потврди дека оваа Влада по ништо не се разликува од владата на Никола Груевски. Сè е исто, само Груевски и жолтите комбиња ги нема. Но, затоа тука се персони како Спасовски, кои се спремни да продолжат онаму каде што застанаа монструозната пропагандата и дејствувањето на поранешниот премиер. По оваа изјава на Спасовски, неговиот лик и дело потсетува на времето на владеењето на најголемите диктатури. Се работи за јавно лично и партиско бламирање и тоа е јасен доказ за немањето демократски капацитет на оваа Влада чиј член е тој“, се вели во соопштението.
Според партијата, министерот Спасовски мора да разбере дека секој граѓанин има право слободно да води пропаганда и јавно да си го искаже својот став. Очигледно е дека како и неговите претходници во владите, и тој заборавил дека според Уставот се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот. Доколку се работи за криминална структура, која дејствува подолго време, а за која министерот знаел и против неа досега не презел ништо, тогаш тој сноси комплетна политичка и кривична одговорност за злоупотреба на службата и несовесно постапување во неа и потребно е итно да биде разрешен.
„Времето на лаги, манипулации и заплашување на граѓаните од позиција министер му припаѓа на минатото. Ваквите несериозни и паушални изјави, кои имаат цел да внесат страв кај секој граѓанин што е против договорот од Преспа, е невиден срам и брука за секој член на СДСМ, за државата и за ЕУ и НАТО кон кои сите се стремиме. Впрочем, оваа изјава е во потполна спротивност на изјавата на премиерот Заев и ставот на Владата за почитување на поинаквиот став на граѓаните во однос на понижувачкиот и неуставен договор од Преспа.
Министре Спасовски! Граѓаните нема да ги уплашите да го кажат својот став, кој е спротивен на ставот на Владата. Напротив, со ваквата дилетантска и заплашувачка изјава само ја зајакнувате вербата во нивниот исправен и патриотски став за штетноста на преспанскиот договор“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми

Во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари значително се зголемува, компанијата ОКТА започнува активна соработка со Јавното претпријатие Национални шуми за превенција од пожари на отворено. Во рамки на оваа соработка, ОКТА донира дрон со специјализирана технологија за рана детекција на пожари, кој ќе им биде ставен на располагање на теренските екипи на ЈП Национални шуми. Дронот ќе ја зголеми ефикасноста во мониторирањето на шумите и ќе овозможи брза реакција на надлежните институции во критичните региони. Оваа донација претставува реален придонес за поголема ефикасност во заштитата на шумските ресурси и безбедноста на теренските екипи.
Паралелно, ОКТА, во партнерство со ЈП Национални шуми, иницира превентивни едукативни активности под слоганот „Пази што правиш! За пожар малку треба!“, кои имаат за цел да ја подигнат јавната свест кај граѓаните за опасностите од невнимателно однесување – одложување отпад на отворено, палење огнови, палење стрништа и непочитување на прописите за безбедно однесување во природа.
„ОКТА е компанија која својата општествена одговорност ја практикува преку реални и одржливи активности. Со оваа донација и со кампањата, заедно со ЈП Национални шуми, вложуваме во заштитата и безбедноста на природните ресурси во земјата. Цврсто сме уверени дека преку стратешки партнерства со институциите и активно вклучување во едукацијата за превенција, можеме да постигнеме значајни резултати и да ги намалиме катастрофалните последици по природата и заедницата. Сакаме заедно да испратиме јасна порака дека: Заштитата на шумите е заедничка одговорност, а превенцијата – најмоќното средство против катастрофи“, изјави главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос.
ЈП Национални шуми, заедно со локалните противпожарни единици, Републичкиот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, се во првата линија за справување со пожарите на отворено во државата.
„Соработката со ОКТА претставува важен чекор напред во нашите напори за заштита на шумите и природата од пожари. Новата опрема, особено дронот со напредна технологија, значително ќе ни помогне во раното откривање на пожари и ќе ја зголеми ефикасноста на нашите теренски тимови. Превенцијата е од суштинско значење – затоа, паралелно со технолошкото унапредување, активно се вклучуваме и во едукативната кампања за подигнување на јавната свест. Шумите се заедничко национално богатство и нивната заштита бара заедничка акција и одговорност од сите“, потенцира проф. д-р Здравко Трајанов, в.д. директор на ЈП Национални шуми.
Минатата година ОКТА обезбеди специјализирана опрема за гаснење на пожари на непристапни терени, која ѝ беше донирана на територијалната противпожарна единица од Свети Николе, чија околина минатото лето ја зафатија големи пожари. Истата година ОКТА го отвори и првиот тренинг-центар за противпожарна заштита од нафтени деривати во земјата, наменет за обука и изведување на вежби за гасење пожари во безбедни и строго контролирани услови.
ПР
Соопштенија
Клиниката „Жан Митрев“ го промовира здравиот начин на живеење преку шутбал – Walking Football

Клиника Жан Митрев ја презема водечката улога во унапредување на здравите навики во Македонија, преку промоција на спорт што станува се попопуларен во светот – Walking Football, кај нас познат како Шутбал.
Под покровителство на Фудбалската федерација на Хрватска, екипата на Клиниката зеде активно учество на меѓународен турнир на островот Вис, каде што ја претставуваше Македонија со спортски дух и огромна посветеност. Натпреварувајќи се со тимови од Хрватска, Австрија и Унгарија, нашиот тим остави силен впечаток со својата енергија, фер-плеј и професионалност, што резултираше со нови покани за учество на меѓународни турнири.
Шутбалот е повеќе од игра – тој е нова можност за луѓето од сите возрасти да останат физички активни, да се дружат и да се грижат за своето здравје. Се базира на правилата на традиционалниот фудбал, но со клучна разлика: нема трчање, се игра со одење, а акцентот е ставен на рекреација, тимска игра и социјализација. Ова го прави идеален спорт за повозрасни лица, пациенти во рехабилитација, хронично болни, дијабетичари, хендикепирани, постари над 80 години старост,мешани тимови мажи и жени, како и секој кој сака да води активен и здрав животен стил.
Клиника Жан Митрев е основоположник на Walking Football во Македонија и веќе ја најавува својата заложба за организирање домашни и меѓународни турнири. Целта е да се направи спортот достапен за пошироката јавност и да се поттикне изградбата на заедница која го негува здравиот начин на живот. Спортот бележи експанзија на светско ниво и е препознаен од страна на FIFA и UEFA како здравствено-корисна, инклузивна и безбедна алтернатива на традиционалниот спорт.
Клиниката ја презема одговорноста да ја води иницијативата за официјално втемелување на овој спорт во нашата земја, со јасна визија – да се создаде движење што ќе го негува спортот, здравјето и активниот животен стил, без разлика на возраста.
ПР
Соопштенија
Ден на автомобилска извонредност: „Порше центар Скопје“ домаќин на 911-заедницата

Изминатиот викенд „Порше центар Скопје“ гордо беше домаќин на извонреден настан за заедницата на сопственици на иконскиот „911“ собирајќи импресивна колекција од 42 модела во многу варијанти и разни генерации, како ултраексклузивните 911 GT3 RS, 911 GT3 и Turbo S помеѓу другите. Ова собирање ги прослави богатото наследство и трајната страст за иконската серија на „911“.
Настанот привлече многу ентузијасти на Porsche, вклучувајќи ценети клиенти, пријатели на брендот и почитуваните членови на „Порше клуб Македонија“. Присутните имаа единствена можност да бидат сведоци на еволуцијата на „911“, од класичните модели со воздушно ладење до најновите иновации, сите прикажани во живописна изложба на автомобилска извонредност.
ж
„’911′ е повеќе од само автомобил; тоа е симбол на инженерска моќ и безвременски дизајн“, изјави г. Златко Муцунски, генерален менаџер на П’орше Македонија’ во ‘Порше центар Скопје’. Успешната организација на овој настан ни овозможи да го почитуваме наследството на ‘911’ и да се поврземе со страсната заедница што го опкружува“.
„Порше куб Македонија“ одигра клучна улога во успехот на настанот, одразувајќи ја посветеноста на клубот за поттикнување силна заедница на љубители на „порше“. Нивното учество го нагласи длабоко вкоренетиот ентузијазам за брендот во регионот.
Овој настан не само што го прослави богатото минато на 911, туку ја истакна и посветеноста на „Порше центар Скопје“ за ангажирање и поддршка на локалната заедница на Porsche. Преку вакви иницијативи, центарот продолжува да ја зајакнува врската помеѓу брендот и неговите ентузијасти.
(ПР)